Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
19 јуни 2018
Мислења
47
Поени од реакции
3
Земај 1.9 со 150 коњи, нема проблем со клапните а ако сакаш се средува и тоа.

Тој со 120 коњи е преслаб, а и овој со 150 не е кизнај шо, брза е колата ама за да качи брзина и треба време, сепак голема тежина е.

Немој да гледаш германско, голф 5 или ауди а3 од таа генерација нема добра во МК во моментов, сите се шинати од возење, пасатите се по 500 000 км сите, алфа ќе најдеш со помала километража дури да е и 2.4 јтд
Автоматски споено мислење:

Друже исто е...мултиџет е common rail, исто ко што е HDi, и DCI кај рено.
Ви благодарам за советите останува да ги убедам татко ми и другарите поради тоа што освен голф и пасат боља кола не постои за нив, мене ми се досадни секојдневни коли, и тие се расипуваат колку и алфата имам еден другар со пасат му гаси сред вожња турбото и не влече како што треба го изедов со цитроен 1.4 бензин , 159ка ако е од човек што ја одржувал редовно треба да биде добро количе
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
730
Поени од реакции
924
Кола за почетник 2500-4000 евра?
Клучно ми е да е ефтина за одржување и мала потрошувачка
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Кола за почетник 2500-4000 евра?
Клучно ми е да е ефтина за одржување и мала потрошувачка

Широк ти е ценовниот ранг, ако ти треба ефтино одржување и мала потрошувачка гледај мала градска кола со мал дизел мотор, како пежо 207 1.4 хди или некој фиат со 1.3 мултиџет.

Со бензин нема како да бидеш испод 9 - 10 л, на сто бензин во град, а тоа не е мала потрошувачка особено ако возиш многу.
Автоматски споено мислење:

Ви благодарам за советите останува да ги убедам татко ми и другарите поради тоа што освен голф и пасат боља кола не постои за нив, мене ми се досадни секојдневни коли, и тие се расипуваат колку и алфата имам еден другар со пасат му гаси сред вожња турбото и не влече како што треба го изедов со цитроен 1.4 бензин , 159ка ако е од човек што ја одржувал редовно треба да биде добро количе

Нема што да ги убедуваш другарите...татко ти ај убеди го ако тој ги дава парите за колата. :D
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
854
Поени од реакции
405

А мора да биде седан ??? 159-ката ми е и на мене у срце од како излезе , а јас тогаш бев средно школо , ама не најдов ниедна 150 кс да ми ја фати око ... Но во тој ценовен ранг топло препорачувам Хонда Сивик или Акорд ако веќе сакаш лимузина ... Го имам сивикот и единствена замерка имам на крутата амортизација , друго ништооо ...
 
Член од
19 јуни 2018
Мислења
47
Поени од реакции
3
Широк ти е ценовниот ранг, ако ти треба ефтино одржување и мала потрошувачка гледај мала градска кола со мал дизел мотор, како пежо 207 1.4 хди или некој фиат со 1.3 мултиџет.

Со бензин нема како да бидеш испод 9 - 10 л, на сто бензин во град, а тоа не е мала потрошувачка особено ако возиш многу.
Автоматски споено мислење:

Нема што да ги убедуваш другарите...татко ти ај убеди го ако тој ги дава парите за колата. :D
Се плаши поради скапите делови и лошиот глас што ги бие, за пари јас сакам сам да си платам ама ми е страв да не стои у двор покварена да не викаат не слушаш ништо
Автоматски споено мислење:

А мора да биде седан ??? 159-ката ми е и на мене у срце од како излезе , а јас тогаш бев средно школо , ама не најдов ниедна 150 кс да ми ја фати око ... Но во тој ценовен ранг топло препорачувам Хонда Сивик или Акорд ако веќе сакаш лимузина ... Го имам сивикот и единствена замерка имам на крутата амортизација , друго ништооо ...
Барам исклучиво седан брат, а хонда знам дека нудат квалитет ама изгледот не ме привлекува за ценовен ранг алфата е доста поевтина за 3-4к ќе најдам некоја ама оджувањето е доста скапо
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Се плаши поради скапите делови и лошиот глас што ги бие, за пари јас сакам сам да си платам ама ми е страв да не стои у двор покварена да не викаат не слушаш ништо

Друже јас возам ксара и ако споредуваш со нејзе одржавањето ќе ти биде поскапо со алфата, сепак една класа погоре е колата, дали пасат или алфа тука е негде со одржување. Е сеа алфа ќе најдеш позачувана него пасат. Кој зема пасат дизел за уживање во возење или затоа што дизајнот го бендисал?

VW и дизајн, небо и земја.

Појди со некој што се разбира или со механичар, види основните работи,турбо, замаец, предница, ако е горе долу ОК земај и не се мисли. Нема теорија дека ќе нема ништо за менување сепак е половна кола, ама барем да нема очевидни, скапи дефекти.
 
И јас исто ја возам ксарата од татко ми во 10 години 200 евра не сме вложиле во неа по погодено количе здравје, е сеа алфа дизел си има повеќе вложување ама пасатот има повеќе простор и е фамилијарна кола и 159 е класа голема фамилијарна ама повеќе личи на момачки ауто, како што гледам по огласи ретко ги има а поради короната не ми се оди до Германија да си донесам некоја, затоа и ми е страв ретки коли се затоа имаат скапи делови, фолксваген ги има во преку една куќа затоа имаат поевтини делови, а и сите се утепани од возење на еден пријател тетин му зема пасат 6ка после 2 недели го скрши мењачот па го смени моторот така да за мене лично фолксваген не е ништо подобар од алфата а на изглед е лепотица за пасатот
 
Последно уредено:

pacienat

Лабав надуен
Член од
7 септември 2010
Мислења
524
Поени од реакции
718
Волво ц30 2007-2011 , немам начекано кај нас да се продава ни приватно ни на плац...
Го гледам на мобиле.де и таму можи да се кажи дека поретко го има. Доминиараат дизел моторите со 1.6 и 110кс , бензин мн ретко да се начека.
Дилемата ми е еднистевно цената, која ми е чудно висока за годината на производство (2011та е редизјан и скоро иста цена има со тој од 2007ма)
Со ок километража од 100-160 000км почетната цена се движи од 4000е па нагоре + да ја донесиш МК и сите пропратни документи доаѓа 6000+ евра,
Дали вреди со оглед на тоа дека во таа цена тука се најдува голф 6, ауди а3 и слични коли во таа класа и година 2010+
Секој совет е добродојден :)
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Друже теоретска шанса нема дизел кола од 2007 или 2010 да има 160 000 км...не знам кај гледаш ама колите од 2017 имаат по 150 000 км. Никој горе не ти купува дизел за да се фали пред комшии...купуваат за да ги шинат од возење.

Дури и за бензинец од 2007, 160 000 км е многу мала бројка.

Најмалку по 300 000 км имаат.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.904
Поени од реакции
1.365

Има коли со реални км. Мојата шо ја зедов има точни км пошто го извадивме компјутерот и преку шал табла ја проверивме на оп ком. ниту еден параметар небеше сменат и кажа точно 169,000. Зеде колега мој бмв 318д 2005 увоз германиа точно месец пред јас да земам кола и кјанего беа променети параметрите на компјутерот и покажа 70,000 км вратени. Толку успеале.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Аха сигурно толку има. Нема чепкано во параметри во таблата ама затоа епромот е прелемен од друга табла со помала километража...

Може само да се тешиме дека увезена 15 годишна кола има 160 000 км.
 
Има друже се наоѓа , поготово ако е мала кола и им била втора кола за носење деца у школо и тркалање локално до супермаркети ... Но за тоа треба да одиш да ја најдеш и да му ја земеш на некој буквално од дома од пред врата , но за тоа нема поврат на ддв и затоа нашиве “прекупци” не купуваат такви коли , туку само од фирми / плацеви , а по плацеви тешко се наоѓа таква ...
 
Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
745
Поени од реакции
1.026

ако е бензин да, дизел точно 0% шанси да најдеш.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
ако е бензин да, дизел точно 0% шанси да најдеш.
зашто шансите се 0% ме заинтригира и побарав да видам што има на продажба во моментов критериуми ми беа:
Дизел, 2003 до 2008 и максимум 150000км, вика 245 возила ама сосе пикап, комбенца камиончиња и слично (значи барем 100 коли има). Цени од 2000 до 15000 евра нели зависи и што кола е. Така што сигурно се наоѓа кола, ама не по плацевите на препродавачи што ги намениле возилата исклучиво за извоз.
Барем овдека во Шведска секој знае колку ми има потрошено мојата кола, ако ја имаш регистрацијата тие основни податоци се проверуваат (и не може да ја врати зашто ако ја врати како ќе апдејтира базата на полиција од каде што читаат осигурителните компании а се прават записи секогаш кога одиш на технички)
Да нема таму да ми пишува колку е удирана и што треба да и се смени ама барем основните податоци кога била на технички, до кога и е валиден, на кој технички колку км имала, колку данок треба да платам годишно за неа и слични податоци се јавни
 
pacienat

Лабав надуен
Член од
7 септември 2010
Мислења
524
Поени од реакции
718
Покрај километрите некоја друга забелешка или искуство дали имате со овај модел на автомобил?

Sent from my Pixel 3a using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom