Точно! Типични камикази на пат. Култура нула. Жмигавец, предност, престројување и да не набројувам.....тоа е непознато кај нас. Пред некој ден возам по Јане Сандански кај скопјанка во гужва (3те ленти полни) со вклучен жмигавец за да се престројам од средната во десната лента. Никој не ме пропушта како по обичај а еден фраер ми отвара прозор и ми вика замоли ме и ќе те пуштам....Останав без зборови, почнав да вријам. Ееее Македонијо земјо наша мила. Во ЕУ да ти е милина да возиш па колкава сака нека е гужвата, нема ни свирка а камоли непочитување на правила (кој возел таму знае).
Така...
Со татко ми бев во Скопје еднаш, чим видат таблички од Струга или Охрид, на семафор, црвено, ние бевме први, тие одма почнаа свират заднас... Исто така, Од Охрид или Струга ако е некој, и не застанеш во лента, навреме, го обра бостанот... Го вртиш цел град повторно...
Нити жмигавци, нити застануваат на црвено...
За на автопат, повеќето кои имаат појаки коли, возат повеќе од дозволеното, секој кој ќе купи брз автомобил, неможе да не го згази на автопат... Е сега да забрането е ама ретко кој води евиденција, со камери подруго ќе е... Ама далеку сме од тоа...
Така да, поентава ми е Скопјаниве мислат дека се кралеви на патот чим видат таблици од друг град особено Струга и Охрид..
ПС:
Исто така, за во ЕУ, нема ништо ама баш ништо да помогне во доведување ред во сообраќајот, можеби за некои 20ина години, има една поговорка, "Неможеш да го промениш светот ако прво не се промениш самиот себе"...