Кој ми курац 10 годишни, зимски гуми но нејм да ставам немам појма.. изгубен случај сум... момци може ли малку помош , се наоѓам надвор далеку од МК , имав летни Мишелин 2-3 годишни гуми, зимска сезона фати, морав да ги менувам, нови се изгор тука, ги заменив мојте летни за стари но наизглед зачувани зимски гуми, сервисот што ми ги монтираше ми гарантираше дека зимово ќе го истераат без проблем, таман до на пролет кога се враќам во МК да си ставам нови. Месец ипол беше се ок, бар на вожња до 120км/ч , после тоа тресеше... но ете се помирив нема да возам побрзо... но ете сега проблем пред некој ден, одеднаш почуствував како да ме љулја , како санка , дрифт.. незнам како да го наречам при вртење на волан колата се понаша како пијана, како по мраз да се движи, се санка.. и тоа на мали брзини, на поголема нејкам ни да помислам.... на мајстор ја носев да менува улје и филтри, му реков за проблемот, провери одоздола , вели као се изгледа супер, ги погледна гумите, дека се стари , внатрешната страна као изедена... вели веројатно е тоа... го прашав дали може да е Серво/Хидраулика курац палац, вели не.... бидејќи колава не покажува никаков ерор , ниту тропа нешто ниту тече, ништо буквално.... има некој искуство со постари гуми дали може да е до тоа, иако шарите на гумите изгледаат добро вака од око... можно е од што се стари и стоеле на отворено во сервис со години , да се деформирале? И дали е можно месец ипол да бидат ок, одеднаш да се почуствува нагло ефектот... благодарам унапред.