- Член од
- 16 јули 2014
- Мислења
- 842
- Поени од реакции
- 573
Слична работа и кај мене. Само што кај мене е дизел. Првиот пат после нова година, денес втор пат. Исто ставам нафта на Лукоил. На температура како ноќешниве во минус, насабајле никако не сака да запали, вергла но не пали. Покажува грешка како наводно е сензор на радилица ама не е, проверив и грејачите нити тие не се. Сменив и тогаш и сега филтер за гориво и на двапати е со вода внатре, и после нема гајле. Инаку само што го посипав филтерот со вруќа вода колата си запали од прва.Утрово ми се случи една работа која ја има само во теорија. Ја запалив колата(никогаш сум немал проблеми на палење) и после неколку секунди моторот угасна. Пробувам пак да запалам...се мачи моторот. 10-20 пати....пак се мачи. Си реков смрзнала капка вода во цревото од бензинот. Верглам не бива. Гаси моторот одма. Но се слушаше шиштење од 3-4 секунди после гасењето. кога се созедов сватив дека шишти издувот од едно мало дупче на граната, а назад на ауспухот ништо не излегува. Ја извадив колата на сонце и заминав на работа. Се вратив порано околу 2,30 и повторно истото. Сватив дека кондензираната вода во ауспухот смрзнала и нема проток. Све пробав-со плинско го топлев задниот и средниот лонец, отворив дополнителна дупка со бормашина(таа на видеото)...но никако да протечи смрзнатата вода. на крај направив 3-4 дупчина по целата грана, зедов една канта со врела вода и со црево и инка турав од водата долж целата грана. за минута две мразот отпушти и истече еден тон вода од внатре. Гледам во ладњакот, вода нефали,значи све е од бензинот. Ја запалив колата и да ја продувам заминав кај еден механичар кој го ценам многу, и само ме прша -``дали тураш бензин на Лук оил``? рече дека сличен проблем имал во многу коли, и секогаш во резервоарите наоѓал многу вода. рече оди на Макпетрол со нив има помалку проблеми.
А кога го ставав новиот заден лонец, мајсторот ми препорачуваше да отворам мало дупче со бургија за да течи кондензатот. Ама ај, да не бушам нов лонец.
Малку пробемот кај мене е што немам спојки на граната-кај мене е све заварено и нема шанси од каде да истечи кондензатот.
Ова што излегува е мешавина на чад и пареа и вода од граната. на моменти имаше и експлозии
FORZA ROMA
FORZA SPALETI