Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Ова тема нека биде како место каде ке може да си прашате нешто што ве интересира за автомобилот, совет за нешто, па и ако ви е потребен некој дел, ако знае некој кај го има. Со еден збор - ум да побарате.

Кој знае нека одговара, кој сака нека си праша.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Ок, еве ме мене со едно повторено прашање од една друга тема до форумџииве кои ќе прочитаат.
-Барам Fiat 125, 125 р или 125 pz, да е во добра каросериска состојба. Ако некој знае каде има таков нека каже или по ПП нека ме информира. Благодарам.
Во исто време ги информирам сите кои би биле заинтересирани за делови од CITROEN GS дека имам еден за растурање, па на кого му треба нека каже, моторот е главно ок, му треба замена на гумички за масло и пали-вози е, каросеријата не чини, но сите стакла се ок, фарови...и куп други делови.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Барам 2 раткапни за Ксара, модел 2003, кој има нека кажува. Неможам да си гледам колата со црни бандаши. Раткапите се димензија 15.
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
Супер тема, прашање до струмикс или мандрак, како поискусни во врска со автомобили.
Имам застава 128 од 87 и последнава година-две имам проблем со прегревање на моторот. Летото ја возев без термостат, бидејки со него ми креваше температура, при крајот на есента ставив нов термостат и едно 3 месеца се беше ок, само што малце се стопли и пак почна да грее. Прашањето ми е дали е можно да се има заглавено термостатот, иако е нов, или пак во каналите за вода да има фатено бигор(грешка е што ставав вода од чешма) па да нема доволен проток?
Инаку моторот си работи фантастично и освен овие проблеми со температурата немам никакви други.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.033
Поени од реакции
11.046
neo-geo, ти го имаш потполно истиот проблем како мене. Мојата 128 е од 85, и пред 3 години и правев потполн ремонт, нова фарба, нов мотор од 101 од 97 и останати работи. Се си беше прва лига, ама моторот ми прегреваше на смешни растојанија, и водата зовриваше. Кога ја однесов на мајстор, ми кажа дека жицата која носи струја до перката се скинала, па ај ја заменил. После тоа истото. Па после ај термостатот бил. Ги отерав сите знаеш каде, си извадив две жици до волан, ставив еден прекидач и самиот сега одредувам кога да ја пуштам или исклучам перката, така имам најдобра контрола и најдобро е за моторот. Пример знам дека одам на долг пат па го уклучувам уште одма, во зависност од температурата надвор, можам да си дозволам да имам перфектна температура за работа на моторот и слично.

Моја препорака, или направи на контакт да се вклучува перката (за летово исклучиво) или направи со прекидач да биде во твоја контрола. Познавам уште еден кој го има направено истово.

Поздрав.
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
Го пробав и тоа, не ке да е до перката, како да нема доволно количество вода низ моторот, незнам стварно што да кажам, ептен фрустрира проблемов. На три различни мајстори три различни работи ми кажаа, еден капачето на хладњакот ја затнувало дупката за резервната вода, друг термостат, трет термопрекидач.
Не ја знам точно конфигурацијата на каналите за вода инаку ке го извадам термостатот и со сајла ке поминам да не се има случајно собрано нешто па да запушило. А за прекидачот за перката дефинитивно е корисна работа :)

Поздрав
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Нео-гео, многу е веројатно дека на ладилникот му треба чистење. Без оглед каква вода си користел, 9 години...па уште и обична вода...-таман за чистење! Ако можеш да си дозволиш да го однесеш во сервис за хладњаци стори го тоа, ако не тогаш кажи да ти дадам упатство како тоа да го сториш сам на поедноставен начин.
За секој случај, биди прво сигурен дека е моторот ок и дека нема некој клип во цилиндрите што останал речиси без карики, или некој издувен вентил што не отвора доволно.Не е лошо и авто-електричар со инструмент да ти го провери аголот на предпалење зашто многу пати знае да се случи прегревање баш поради урането палење.:)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.033
Поени од реакции
11.046
Според мене некоја клопка не ти се отвара/затвора која дозволува циркулирање на водата низ моторот.
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
Mandrak напиша:
Нео-гео, многу е веројатно дека на ладилникот му треба чистење. Без оглед каква вода си користел, 9 години...па уште и обична вода...-таман за чистење! Ако можеш да си дозволиш да го однесеш во сервис за хладњаци стори го тоа, ако не тогаш кажи да ти дадам упатство како тоа да го сториш сам на поедноставен начин.
За секој случај, биди прво сигурен дека е моторот ок и дека нема некој клип во цилиндрите што останал речиси без карики, или некој издувен вентил што не отвора доволно.Не е лошо и авто-електричар со инструмент да ти го провери аголот на предпалење зашто многу пати знае да се случи прегревање баш поради урането палење.:)
Проверив компресија на моторот, имам по 10,2-3 на сите четири цилиндри, па би требало карики да се во ред?
Ако можеш пиши постапка за чистење на ладилникот, би можел и на мајстор да ја однесам, ама сепак би сакал сам да го направам :)
Фала момци ептен, закон е темава. :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Чисто како совет:

НИКОГАШ не ставајте вода во ладникот од чешма. Ставајте антифриз и менувајте го на 2 години. Ако треба да се дотури, дотурете дестилирана вода. И лето и зима само антифриз.
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
strumics напиша:
Чисто како совет:

НИКОГАШ не ставајте вода во ладникот од чешма. Ставајте антифриз и менувајте го на 2 години. Ако треба да се дотури, дотурете дестилирана вода. И лето и зима само антифриз.
малку касно за мене :icon_lol:
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Потребен прибор, алат и материјал како и просторни услови за чистење на хладњакот се следни:
1 пар гумени ракавици
3 литри HCL раствор(солна киселина за домаќинства)
клуч за одштрафување на шрафовите што го држат хлањакот
две парчиња жица или конопчиња со должина околу 30 цм
Чешма со текушта вода со добар притисок(градски водовод)
Одводна шахта
1 Гумено црево долго од чешмата до шахтата

-Го вадиш надвор хладњакот одкако предходно ке ја испуштиш течноста од системот за ладење заедно со цревата за довод и одвод. Ако е 128 тоа малку ќе те измачи можеби, можеби ќе има и лежење под аутото ама не е страшно:) Ако неможеш да го извлечеш заедно со цревата тгаш одкачи ги но извади ги и нив па одкако ќе го ивадиш хладњакот намести ги пак цревата на него и убаво стегни ги со стегите. Истури го остатокот течност која се наоѓа во него. Со конопчињата или жицата стегни ги(подврзи ги) цревата за довод и одвод кои предходно ке ги превиткаш(прекршиш) за да не се исправат. Ова е потребно за да спречиш истекување од него. Не е лошо ако во на крајот од секое црево ставиш парче најлон кој ќе го зацврстиш со гумичка за тегли:). Одкако ова си го направил, стави во хладњакот од солната киселина до самиот врв и НИКАКО НЕМОЈ ДА ГО ЗАТВАРАШ СО КАПАЧЕТО!!! Ако го затвориш ќе се створи притисок од рекцијата на киселината со наталожените минерали кој може да ти направи беља! Остави го така наполнет, со отворено капаче, исправен и подпран на нешто за да не се истури. После 20-30 минути земи го цревото в рака и донеси го заедно со хладњакот до шахтата за одвод се разбира на рацете имај ги цело време гумените ракавици. Внимателно отвори го долното црево за одвод, горното не го пипкај сеуште и нека истече содржината целосно во шахтата. За тоа време нека тече и вода од цревото со поголем млаз кој ке се влева во хладњакот истовремено. Многу е битно да не останат ѕидовите внатре без течност непосредно после празнењето на киселината зашто така ќе остане и дел од талогот залепен па ќе биде како да не си го чистел воопшто. Штом по твоја проценка киселината ќе истече цела(обично има зеленкаста боја од реакцијата), затвори го повторно долното црево и наполни го со вода хладњакот, истреси го малку така наполнет и пак истури ја водата. Повтори го плакнењето неколку пати, па потоа отвори ги двете црева и со најсилен млаз на вода од цревото плакни низ отворот кај капачето и низ отворите за цревата кои ќе ги тргнеш предходно. Одкако со ова ќе завршиш, хладњакот од внатре ќе биде како солза чист, остави го да се изцеди и врати го на свое несто од каде што го извади, намести ги цревата, ако мислиш дека се стари набави нови и замени ги, стегни ги убаво со стегите и стави течност за ладење во системот. Аирлија чистење!
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
:cuc: фала друже ептен, еве со што ке се занимавам следниот викенд
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Не е касно! Одкако ќе го изчистиш ладилникот како што објаснив во постот за чистење ладилник, не ставај повеќе вода од чешма ако не сакаш за скоро време пак да го вадиш и чистиш. Употреби деминерализирана вода или течност за ладилници (антифриз).
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
Го извадив ладилникот денес, и сеа чистам уље од под нокти :icon_lol:
Го исправ, киселина не му турив пошо според татко ми ѕидовите на каналите биле тенки и поради тоа што бил многу стар(скоро 20год) па можело киселината да ги пробие, бла бла. Сакав и киселина да стаам али неможеш против твдоглави старци :star: , јебига. Имало добар проток и вака :mist:
Утре ке го монтирам па ке видам резултати, иако пак се сумњам у термостатот дека е заглавен, го извадив и него и незнам на кој начин функционира па ке го ставам пак него. Ако не чини го мењам, барем вадењето не е тешко :)
Апдејт за конечни резултати, утре вечер, се надевам :kajg:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom