Совети околу мотоцикли

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Мистичен, стави повеќе слики од моторот, сакам да го видам однапред и седиштето.
А Џиш, што 50 кубици имаш сега?

А ова за собиранка со мотори, можеме да направиме една напролет. На пример да се договориме да се најдеме во Крушево и да одиме до до некое друго место, пример до Стоби. Од тука сите дома. Од не многу рано сабајле до приквечерина. Што мислите за идејава? Ќе се собериме повеќе луѓе?
Идејата е одлична, а ако сакате масовност може и банер да се направи - Кајгана моторџиска собиранка! : )

Aндроник, идам да го збрчам малку сега, па ќе му направам и една фотосесија.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.545
Поени од реакции
7.251
Ех, колку ми направивте кеф. Ми стана многу криво што сега не можам и јас да го збрчам. Да бев таму ќе го свртев по автопат. Зимава планирам да го фарбам, средам некои работи, и да го расклопам и исчистам карбураторот и сите делови. Имам некои мали проблеми со алтернаторот веројатно, само тоа уште остана да се среди. Нема ништо поубаво него брчење насабајле.

Идејава се повеќе и повеќе ме бендисува. Крушево и Стоби би биле одлични места да се посетат за ваква средба. Дајте предлози, можеме и да ја направиме од поголем обем, да објавиме на насловна, па сите кои се заинтересирани да дојдат.

Мистичен, го возиш со опрема, кацига јакна или?
 

viktordojran

пссwd
Член од
11 септември 2007
Мислења
351
Поени од реакции
30
vaka sega imam kawasaki zxr 400 nindja ima problem oklu amortizacijata mnogu e kruta voznjata.koga sedes od pozadi.dali treba novi amortizeri ili treba so vozduxot nesto da se ispusta (dodava).
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Идејава се повеќе и повеќе ме бендисува. Крушево и Стоби би биле одлични места да се посетат за ваква средба. Дајте предлози, можеме и да ја направиме од поголем обем, да објавиме на насловна, па сите кои се заинтересирани да дојдат.

Мистичен, го возиш со опрема, кацига јакна или?
Да, да, одлични дестинации, ќе ни одговара на сите со оглед дека сме од различни краеви на државава. Се наоѓаме таму и правиме тура. Штета што мора да чекаме до пролет. Кацига имам, ама спортска е, не одговара на овој мотор, здравје на пролет ќе почека за нова. Вчера го полирав, еве уште некоја фотка:













 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.545
Поени од реакции
7.251
Супер е моторов. Иако јас воопшто не бендисува чопери, нема една работа која не е прикладна, од рачките до фаровите. Многу се интересни.

Мораш да го возиш со опрема, поготово ваков звер. Кожа, јакна, кацига. Без зафркавање.

Имаше дозвола или сега среди? Имаше претходно возено голем мотор и како се навикнуваш на ова?
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Абе тоа што спомнувате Стоби, Крушево јас сум со веспа ебаго вие на пат 100 ќе шибате ја ќе треба да ве барам :D
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Не се секирај, ќе возиме полека, лезетски, ќе правиме и паузи по пат, зезање, фотки...тебе само да ти издржи толкава релација :)

Инаку Андроник, претходно немам некое којзнае какво искуство со големи мотори, знаеш дека имав Априлиа скутер, голем мотор сум возел неколку пати (го имав пробано и овој пред 2 години), меѓутоа лесно се навикнав. Малку е тежок за маневрирање (пошто има богзнае колку кила), мораш полека да влегуваш во кривини, ама на улица е ко брод кој плови.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Малку е тежок за маневрирање (пошто има богзнае колку кила), мораш полека да влегуваш во кривини, ама на улица е ко брод кој плови.
Брзина треба за да маневрираш со него. Сега не знам што подразбираш под “полека“ и за кои кривини кажуваш... али ако е на пат ... не се плаши, дај гас и навали се..
Мојот беше 220 кила тежок (без мене на него) и што побрзо го возев беше полесен за управување. Обликот му е чоперски но тоа во принцип не е чопер, пошто машината му е типично “брзинска“ многу коња, многу обртаи.... така да и не е најсреќно решение таков облик и таква рамка (за градска вожња).. а за надвор... ихаааааа

ПС
ОБАВЕЗНО
Кацига, кожна јакна (не некоја обична туку баш кожа дебеле најдобро од биволска кожа) чизма со можност со појачан врв (метална облога), Ова е совет од човек кој имаше 2 озбилни падови. Еднаш тој метален врв на чизмата ми ги спаси прстите на нозете, кацигата удар во ивичњак а кожното... издржа долго лизгање по асфалт
 
Член од
20 ноември 2005
Мислења
614
Поени од реакции
64
Што кроите плаови за догодина идете сеа :) до средина на ноември се вози без никаков проблем
 
Член од
20 ноември 2005
Мислења
614
Поени од реакции
64

Еве ви една влаевска фамилијарна фотка на козјак :)
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
А може деновиве да се собереме и до Козјак да отидеме, не е далеку
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Брзина треба за да маневрираш со него. Сега не знам што подразбираш под “полека“ и за кои кривини кажуваш... али ако е на пат ... не се плаши, дај гас и навали се..
Не зборам за кривини на пат во вожња, на пример да го смоташ полукружно на семафор, општо за градски маневри под прва бара ептен полека и балансирање, гломазен е :)
Мојот беше 220 кила тежок (без мене на него) и што побрзо го возев беше полесен за управување. Обликот му е чоперски но тоа во принцип не е чопер, пошто машината му е типично “брзинска“ многу коња, многу обртаи.... така да и не е најсреќно решение таков облик и таква рамка (за градска вожња).. а за надвор... ихаааааа
Да, да, па затоа викам дека е малку тежок за управување со новиот облик, пошто и на овој машината е типично брзинска, во претходниот живот бил Yamaha FJR 1200, 136 коња, машината сега е истата, па малку е луда. Нема заебанции и глупирање, посебно не со овој облик кој го има сега.

ПС
ОБАВЕЗНО
Кацига, кожна јакна (не некоја обична туку баш кожа дебеле најдобро од биволска кожа) чизма со можност со појачан врв (метална облога), Ова е совет од човек кој имаше 2 озбилни падови. Еднаш тој метален врв на чизмата ми ги спаси прстите на нозете, кацигата удар во ивичњак а кожното... издржа долго лизгање по асфалт
Обавезно друже, ваков мотор си бара и соодветна опрема, нормално.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Е сега, како почетник ме интересира и нешто во врска со ланецот, па некој поискусен да ми даде совет.

Овој го гледам прилично сув е, еден другар ми рече имало некое спрејче за подмачкување ланец, со него да го прскам. Брат ми го купил денес, утре ќе го шприцнам. Вие што користите?

Исто во врска со ланецот, се рачуна како потрошен материјал, односно кога треба да се замени, има одредена километража или...?
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.545
Поени од реакции
7.251
Нема да има потреба да се грижите за кубикажата, доволно е да бидете сигурни дека моторот ви е спремен за пат. Би се возело полека, како што рече Мистичен, ќе се прават доста паузи на интересни места по пат (полјани, значајни места, клисури, природа, кафанчиња и слично), лезетски, без брзање.

Ако има интерес, може да се групираат 2 екипи, едни од западниот други од источниот дел, и да се сретнеме кај Стоби. Или како и да е, ќе искомбинираме.

Пролет би било добар период за ваков зафат. Ќе треба малку организација, да се види бројот на заинтересирани, да се договорат одредени безбедносни мерки и слично.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom