Совети околу мотоцикли

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Абе заеби автоматик. Имам кола со автоматски менувач кој рикна и никој жив не може да го попраи. Се најде еден божем сервис за автоматски менувачи, ама аздис цена...600 јура. Ни за коли не чини автоматик, не па за мотор. И дефинитивно, мотор со таков менувач не е мотор. Тоа е компромис помеѓу скутер и мотор.

I helikopterot leta, ama ne e avion. Tuku letalo. Ima razlika, megju motor saglam i motor za femkanje :D
 
Како и да е, џандарите се често неписмени а и поприлично расипани. Еве што мене ми се случи:
Ми доаѓа покана за судија за прекршоци како обвинет за сторен прекршок на 13.07. годинава. Очекував дека ќе стои дата за направениот прекршок (не застанување на даден сигнал од полицаец) барем околу 10 месеци порано, односно лани во Октомври или Септември, сеедно без пријава и записник. Одам кај судијата и таму ми ја даваат пријавата на увид. Побарав записник со мој подпис, ама немаше. На таа дата на која е наведено дека е сторн прекршокот на некоја си улица во која никогаш во животот не сум поминал, јас за среќа воопшто и не бев во државава. На 13-ти месецов имам ново рочиште и глатко ќе го однесам пасошот на увид, а башка како тоа нема подпишан записник од мене? Врз основа на што ќе се темели обвинението?
-Имено, кај Мавровка на Бит Пазар џандари сопираа возила. Јас одев на работа и секојдневно рутата ми е да завртам преку тротоар десно и да си го паркирам моторот во „Мавровка“. Пред џандарите имаше паркирано некое комбе кое го сопрале. Воопшто и не забележав дека џандар се обидува да ме сопре. Одкако се паркирав дојде по мене трчајки. Вика „Бегаш!“. Викам „Не бегам. Ако бегав нема да можеше сега да ме стасаш пешки. Се паркирам овде секој ден, овде работам како што можеш да видиш и најпосле немам никаква причина да бегам зашто имам комплетно исправни документи за се што ќе ти текне да побараш.“ и му ги дадов документите. Фати да прави записник дека не сум застанал. Ај, нејсе, да не се расправам со глуп џандар, го потпишав записникот. Ми напиша и уплатница некаква казна да платам, односно поени во книшка да ми стават...дрн-дрн...

Поентата е во тоа што во обвинението стои и дека не сум ја платил казната. А најинтересно етоа што во прекршочната постапка предметот ЗАСТАРУВА ПОСЛЕ 1 ГОДИНА ОД НАСТАНУВАЊЕ НА ПРЕКРШОКОТ доколку во тој период не падне ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА. Бидејки не стасале да го пуштат обвинението кај судијата на време, ја смениле датата на настанување на прекршокот во надеж дека сум доболно глуп. Е арно ама се сопнале малку. Ќе можат да ме казнат задутре :drk:. Ем нема записник, ем имам доказ дека на та дата не бев во Македонија. А записникот ако го пуштат, ќе се види датата од лани на есен и пак папала маца :D
И ова бидна. Пашапортот и печатот за излез и влез во државава судијата ги прифати како валиден доказ и рече дека најверојатно постапката ќе ја запре заради немање валиден доказ за настанат прекршок, односно неосновано обвинение. Ај да почекам додека стаса пресудата ;)
 
Дечки едно прашање, сакам да земам појас нешто во овој стил
BUESE-144300-XX-02.jpg

е сега ми требаат 2 парчиња за мене и за девојчето па си викам сега на зима е право време. има нешто попусти кај нас по продавнициве или се лажам? Бидејќи овој конкретниов можам да го земам од германија да ми го донесат за 11 евра по парче што мислам дека е добра цена
 
Дечки едно прашање, сакам да земам појас нешто во овој стил
BUESE-144300-XX-02.jpg

е сега ми требаат 2 парчиња за мене и за девојчето па си викам сега на зима е право време. има нешто попусти кај нас по продавнициве или се лажам? Бидејќи овој конкретниов можам да го земам од германија да ми го донесат за 11 евра по парче што мислам дека е добра цена
Ако можеш земи ... Јас за тие пари ова време на попуст од динамикс земав IXS појас ... Не е лош мада овој на сликава изгледа подобар
 
Ќе прошетам ако не и до динамикс да видам што имаат да понудат
 
Има и други околу таа цена мене ми е страв да не утнам да земам нешто што би било многу дебело за на лето, или нема врска тоа?. Го гледави ова
$(KGrHqFHJF!E+(hRZ+uVBQgRGSD(QQ~~60_12.JPG

$(KGrHqZHJCoFCm7uc,G2BQ)4Skrbr!~~60_12.JPG
 
Има и други околу таа цена мене ми е страв да не утнам да земам нешто што би било многу дебело за на лето, или нема врска тоа?. Го гледави ова
$(KGrHqFHJF!E+(hRZ+uVBQgRGSD(QQ~~60_12.JPG

Како овој на слика и како мојот се таман, језда ја летоска скоро никогаш не го ни ставам освен ако не ми застуди навечер

вториот на сликата изгледа подебело и ко за поголем мотор не за скутер
 
Јбг ја цел сум фаличен и синуси и кичма така да морам да носам и затворена кацига и појас
 
Дечки едно прашање, сакам да земам појас нешто во овој стил
BUESE-144300-XX-02.jpg

е сега ми требаат 2 парчиња за мене и за девојчето па си викам сега на зима е право време. има нешто попусти кај нас по продавнициве или се лажам? Бидејќи овој конкретниов можам да го земам од германија да ми го донесат за 11 евра по парче што мислам дека е добра цена
-Ако го купуваш заради заштита од студ, не го купувај зашто улогата на појасот во основа не е таа да те штити од студ. Улогата на појасот е да ти го спречи скокањето на бубрезите при потерси и доближувањето на пршлените во 'рбетот по труцкање на нерамнини со поголема брзина. Инаку токму ние машките треба да носиме појаси зашто во делот кој тие го штитат 'рбетниот мозок од доближување на пршлените се наоѓа центарот за ерекција!

-Зимај и не мисли, цената е супер ;)
 
Кајганџии - моторџии!

Ајде, барем оние од Скопје што ќе останат за пречекот на 2013 во Скопје, бујрум на 01,01,2013 точно на пладне на полштад кај споменикот на дедо Ацо да си ја честитаме Новата Година како што доликува и како што е веќе низа години наназад традиција. Јас секако ќе бидам таму, предпоставувам дека како и да е и Divider ќе се довлечка да си честитаме.
 
Кајганџии - моторџии!

предпоставувам дека како и да е и Divider ќе се довлечка да си честитаме.

Tocno pretpostavuvas !!!

Srekjna nova godina brate i ovaa 2013 se da bide ramno, bezbedno i so polni rezervoari!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom