Совети од постарите за помладите

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Најбрз пат до промена и совршенство е да be yourself.Голем дел од луѓето мислат обратно.Јас сепак , сум мал дел од луѓето.
Неможеш да бидеш и јебач и љубовник во исто време.Сепак , можеш да бидеш динамичен :smir:
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Поставувајте прашања, бидете радознали, не се задоволувајте со малку, не бидете скромни, обожавајте ја вистината иако понекогаш знае и да боли, таа болка ќе ве направи посилни, за да можете да поднесете повеќе радост.
Не се поклонувајте на авторитети против вистината и праведноста.
Не бидете робови на лоши навики и материјални придобивки.
Бидете уникатни, не копирајте, копијата е секогаш грозна.
Кога се запрашувате и никој не може да ви го даде вистинскиот одговор, одговорот ќе го барате во вашето срце и не се плашете да го слушнете, стравот ќе ви го одвлече вниманието од вистинскиот одговор и со тоа од вистинскиот пат.
Стремете се кон височините, од таму појасно се гледа дека сите таги се како сенки, тие доаѓаат и заминуваат, останува само магичниот радосен танц наречен Живот.
после ваков пост сите коментари би биле излишни
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Совети од Алберт Ајнштајн:

1. Следи ја својата љубопитност

"Јас немам посебен талент. Само сум страсно љубопитен." Што ја буди вашата љубопитност? Заинтересиран сум, што е тоа што прави еден човек да успее, а другиот не? Токму затоа сиве овие години го проучувам успехот. Што најмногу ве интересира? "Потерата" по вашата љубопитност е тајната успехот.

2. Упорноста нема цена

"Не дека сум многу паметен, туку останувам на проблемот подолго."

Желката стигнала до арката со упорност. Дали сте подготвени да бидете истрајни сè додека не стигнете до саканата дестинација? Велат дека сета вредност на поштенската марка е во нејзината способност да се залепи на нешто сè додека не стаса до одреденото место. Бидете како поштенската марка, завршете ја трката што сте ја започнале.

3. Фокусирајте се на сегашноста

"Секој човек кој може да вози безбедно додека бакнува убава девојка едноставно не му го обрнува потребното внимание на бакнежот."

Мојот татко секогаш велеше дека не можеш да јаваш два коња во исто време. Јас љубам да кажам: прави што било, ама не сè. Научете се да бидете присутни каде што сте, дадете му сè од себе на тоа што го правите во моментот. Фокусираната енергија е сила и тоа е разликата меѓу успехот и неуспехот.

4. Фантазијата е моќ

"Фантазијата е сè. Тоа е преглед на атракциите кои доаѓаат во животот. Фантазијата е поважна од знаењето."

Дали ја користите фантазијата на дневна основа? Ајнштајн рекол дека фантазијата е поважна од знаењето! Вашата имагинација е предигра на вашата иднина. "Вистинскиот знак за интелигенција не е знаењето, туку фантазијата." Дали секојдневно ги вежбате вашите "мускули на фантазијата?" Не дозволувајте вашата имагинација да "дреме."

5. Правете грешки

"Личноста што никогаш не направила грешка, никогаш не ни пробала нешто ново."

Никогаш не плашете се да направите грешка. Грешката не е неуспех. Ако ги искористите соодветно, грешките можат да ве направат подобри, попаметни и побрзи. Откријте ја моќта на правењето грешки. Ќе повторам: ако сакате да успеете, зголемете ја количината на грешките што ги правите за три пати.

6. Живејте во моментот

"Никогаш не мислам на иднината. Таа доаѓа доволно наскоро."

Единствениот начин за соодветно да ја адресирате својата иднина е што е можно повеќе да бидете присутни во сегашноста. Не можете веднаш да го промените утре или вчера. Од огромна важност е да се посветите на напорите во моментов. Тоа е единственото време кое е важно, единственото време кое постои.

7. Создавајте вредности

"Не настојувајте да бидете успешни, туку да бидете вредни."

Не губете време на обиди за успех, трошете го времето на создавање на вредности. Успехот ќе го привлечете само доколку сте вредни. Откријте ги талентите и дарбите кои ги поседувате. Научете како да ги понудите талентот и дарбата на начин кој најмногу ќе им користи на другите. Работете на вашите вредности и успехот сам ќе ве прогонува.

8. Не очекувајте различни резултати

"Лудило: постојано правење на истите нешта, чекајќи различни резултати."

Не можете да ги правите истите работи секој ден и да очекувате поинаков резултат. Со други зборови, не можете постојано да ја имате истата рутина на вежбање и да очекувате да изгледате поинаку. За да го промените животот, треба да се промените самите себе до тој степен да ги промените вашите постапки и начинот на размислување. Така ќе стигнете до степен кога сте го промениле својот живот.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
1. Ние носиме сто процентна одговорност за сите наши постапки
2.Секоја наша мисла ја создава нашата иднина
3.Излезна сила ,секогаш во вистинскиот момнент
4.Сите без исклучок страдаат од чувство на вина и омраза кон себе
5.Сите мислат за себе ,јас не сум доволно добар
6.Се завршува со мислата ,а неа можеме да ја измениме
7.Скриена навреденост,злоба,чувство на вина, се најштетните емоции за нашето здравје
8.Потполна ослободеност од насобраната навреденост,или злоба лечи рак
9.Кога ние навистина се сакаме самите себе нашиот живот е прекрасен
10.Должни сме да се ослободиме од минатото и да им простиме на сите без исклучок вклучувајќи се и себе
11.Треба да научиме да живееме во сегашниот момент
12.Да се прифатиме такви какви што сме и одобрување на сопствените постапки,клуч кон продолжителни промени
13.Ние и само ние ја создаваме така наречената ,болест, во нашето тело
Ти простувам за тоа што не си таков каков јас сакав да те видам,Ти простувам и потполно те ослободувам

 

Kajgana Shop

На врв Bottom