Совети за избор на прв автомобил

Дискусија во форумот 'Автомобилизам и мотоциклизам' започната од Skylake, 20 февруари 2019.

  1. Skylake

    Skylake

    Член од:
    7 јули 2016
    Мислења:
    193
    Допаѓања:
    145
    Како што кажува и насловот, неодамна ја земав возачката па сега сакам и да си купам кола ама не се разбирам премногу и незнам што од прилика е како за мене. Меркам по огласи на интернет нешто од следново :

    - Opel Corsa C, D
    - Peugeot 207
    - Renault Clio
    - VW Polo
    - Ford Focus

    Или некој ваш совет, што да се купи, до колку пари да се даде, зошто да се купи а зошто не. Ако сакате постирајте и линкови од огласи. Буџетот ми е околу 3к евра, па ми треба нешто стабилно што не е склоно на расипување и често сервисирање и е економично, пожелно дизел.
     
  2. Skorp

    Skorp That guy....

    Член од:
    30 јуни 2010
    Мислења:
    865
    Допаѓања:
    935
    Најубаво точак да си купиш :angel:
     
    На Наќо Скопски, Darko23 и kicodarker им се допаѓа ова.
  3. Ron0n

    Ron0n The Mercedes Guy

    Член од:
    16 август 2009
    Мислења:
    330
    Допаѓања:
    171
    За да биде евтино за одржување би те советувал да бараш бензинец и одма да инвестираш едно 400 евра во убав модерен секвентен плински уред. Ем ќе возиш поевтино и од дизел (гарантирано!), ем нема толку механички делови што можат да се расипат. Кај дизел имаш: турбина, дизни, грани, лептири, вентили, моторчиња, rail и уште триста курови карики и тоа е бесконечен циклус на поправки: напрај едно, расипи друго. На пример Корса на плин е супер комбинација, веројатно ќе потврди и некој на форумов што се занимава со вакви возила. Исто така и Поло, Пежо.

    Среќно во изборот! Само не брзај да ја купиш првата кола што ќе ја видиш на оглас, нема да се потрошат колите и сигурно ќе најдеш и поубава :)
     
  4. kicodarker

    kicodarker Гостин



    Типичен избор за македонче. Корса поло пежо 207 и дизел да е. Фиат го скока а најефтини делови има од сите овие. Ако имаш 3000 евра за кола, тогаш купувај кола до 2000 евра. Имај си вџеб 1000 евра да и ги удриш првите основни сервиси масло,филтри каиши па и амортизери, гуми, а кој ќе завлечиш нога на механичар пак ќе го посетиш, како еден вид казино се, нон стоп кај нив врти парата. Земај бензинец,погоре убаво ти кажа и по можност стискај заби на бензин возија. Од финансиски аспект бензинецот е едноставен и поефтин за одржавање, на сметка на тоа горивото е нешто поскапо од дизелот ама ако си се расправал со дизел кола, ќе знаеш дека и 100тка литар бензин е ефтино ако колата ти е исправна. И кога заминуваш од механичар, никогаш ама никогаш не вели му “позз,се гледаме, догледање, и сл“. Се нешто ќе испадни дека пак ќе се видите. Кажи му отсечно ЗБОГУМ како да е последно видување и дај боже да е.
    И за колава, кажи што те влечи па ние вака што ни е досадно на форум и листаме реклама5 успат да ти предложиме некое количе.

    За дизелот во право си, а плинот е слично на ова што го кажа. И плинот си бара мапирање од време навреме, ќе се изремети нешто па ќе почни сама колата да крева обртаи да гасни да работи нерамномерно или најрелано кажано да го силува моторот. Краен проблем ја оптеретува електрониката,бобини поскапи свеќици, па некогаш да чепка по клапна степ моторче (ако е променливо) изгорени вентили...
     
  5. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    7.760
    Допаѓања:
    2.188
    На плин ако стави ќе треба секој втор ден на бензинска да дреме, но помалце пари ќе дава за гориво.
    И дизелите не се лоши. И со бензин и со дизел ќе дреме кај механичари.
     
  6. Darko23

    Darko23

    Член од:
    25 февруари 2018
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    26
    Еми вака...
    Мора да имаш вишак пари, едно 800-1000 евра настрана, особено за дизел, пошто е половен автомобил...
    Прво што треба да приметиш кај автомобило, ентериерот, да не е излитен, да ја носиш на различни мајстори за мислење, да се провери подвозјето...
    Јас би одел на Голф 4 1.4 или 1.6 бензин, одат накај 1500-1800 евра, ќе се изнавозиш... Исто така, ќе си провериш километражата на клучевите... :d :)
     
  7. Паланчански

    Паланчански ГРЕбач

    Член од:
    12 јануари 2008
    Мислења:
    424
    Допаѓања:
    87
    Да беше пред 20 години (не, не се шегувам) ќе Ви препорачав ФИЌО. Мало е, ефтино е...
    Почетникот нема искуство, па затоа препорачував ваков автомобил. Ако го слупа, малку го платил. Не мора да го слупа, доволно е што почетникот нема доволно искуство, грубо поаѓа, грубо менува брзини, не го „осеќа“ моторот, па не префрла навремено во пониска или повисока брзина. Со еден збор, ги малтретира моторот, менувачот, ламелата.
    Кога ќе помине неколку илјади километри фиќото е прилично оштетено, ама возачот има прилично искуство па може да помине на поскап автомобил.
    Ако има сега пандан на фиќо, јас го препорачувам него.
     
    На Sega Dreamcast и мкд владе им се допаѓа ова.
  8. мкд владе

    мкд владе Гостин

    Член од:
    21 ноември 2009
    Мислења:
    10.527
    Допаѓања:
    6.505
    Nekoja kanta i toa po moznost eftina kanta. Taka ke naucis osnovni raboti od mehanika, elektrika, sam svoj majstor. Normalno i ke steknis nekoe prakticno iskustvo za vozenje vo realni uslovi i taka.
     
    На Sega Dreamcast му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mafo1

    Mafo1

    Член од:
    3 март 2013
    Мислења:
    2.639
    Допаѓања:
    1.316
    Најдобро ти е на бензин да бараш, и да си вложиш за плин, на плин да си ја тераш.
     
  10. Sega Dreamcast

    Sega Dreamcast

    Член од:
    8 јули 2017
    Мислења:
    21
    Допаѓања:
    18
    Кажи колку километри планираш да возиш годишно и дали ќе возиш повеќе во град или на отворено

    Не знам баш дали може да се вгради убав секвентен плински уред кај нас за 400 евра со сите давачки, можеби може да се вгради некој бугарски или турски уред кој можеби нема да работи како што треба на возилото за кое би се одлучил креаторот на темава. Најефтиниот секвентен уред Lovato Smart кој е наведен на веб страната на Плимонт чини 423 евра и на тоа додај плус пари за торусен резервоар и за атест и ќе добиеш сума од околу 500 евра, а поквалитетните уреди на AC Stag и Landi Renzo ќе те чинат околу 600 евра, ако не и повеќе. Тоа баш и не е мала сума на пари да се одвои за возило со вредност од 2-3 илјади евра, а со тие пари би можело да се поправи било каков поголем квар на некој просечен дизел мотор кој може а може и нема да настане. Возењето на плин е поефтино од дизел за некои 10-15% ако споредиме две возила од иста класа со слична снага и тежина, но не значи дека ако колата е на бензин или плин дека нема никад ништо да се расипе (свеќици, кабли, бобини, потопна пумпа, катализатор, бензински/плински дизни, плински компјутер, кај некои модели страдаат вентили и лежишта, кај други гори дихтунг на глава итн.) а исто така не значи дека ако е колата дизел дека цело време мора да се расипува све и свашта, најбитен фактор кај купувањето на половен автомобил е едноставно да се има среќа при изборот.

    Ако е канта колата не прави разлика на кое гориво оди, секако ќе биде бунар без дно. Имав и бензин и дизел кола, бензинецот ем не беше на плин ем све што можеше да се расипе на него се израсипа, едно ќе направиш друго одма се расипува, еден куп пари фрливме и никад не го оправивме целосно. Дизелчево што го имам сега, да не го урочам, мака нема, скоро 50 илјади км за нецели 3 години, доказ дека секогаш има отстапки од секое правило. Башка оди вози 20 и кусур илјади км годишно на чист бензин да те видам дали ќе можеш, па макар била и скрос исправна колата без ниедна мана.

    За тие пари тикви варени шо ќе се изнавозиш со Голф 4. Башка тој 1.4 16v мотор троши уље колку и гориво. Од друга страна 1.6 8v е добар мотор и многу погоден за на плин, само тешко да има асален таков испод 2000-2500 евра.

    Помодерни варијанти на фиќо се тико, твинго, чинквеченто, сеиченто итн. Такво возило можеби е и најдобро за почеток дури не стекнеш некое искуство, под услов да се најде некое што не е ептен утепано. Дрндај го дури е во возна состојба па после него ќе си купиш поубава кола.
     
    На Ron0n му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Darko23

    Darko23

    Член од:
    25 февруари 2018
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    26
    Ако е за мала километража, нема потреба од плин, а и плинот го суши на моторот, а и тоа со Голф 4, продаваше еден VW 4 1.6 за 1800 евра, стакло сочуван, му се брзаше... Така да за почетник има некои спуштаат на цена...
    И да троши улје, нема да троши литар на сто... Се дотура по потреба... 20 години се... -.-'
     
  12. Albertos

    Albertos

    Член од:
    29 септември 2015
    Мислења:
    95
    Допаѓања:
    105
    Убаво рече членот @Sega Dreamcast . Голф 4 1.4 не се купува. Троши уље како и гориво.

    Пежо 307 1.4 е убаво ауто или 1.6 хди дизел.
    Опел Мерива 1.6 бензин или 1.7 ЦДТИ ( идеална кола за почетник) Слично на корса ама многу покомфорно.
    Фиат Гранде Пунто ти е исто добра варијанта за тие пари и релативно евтини делови и покажани коли.
     
    На kicodarker му/ѝ се допаѓа ова.
  13. brnjomkd

    brnjomkd kobra

    Член од:
    23 ноември 2017
    Мислења:
    78
    Допаѓања:
    23
    renault clio ја би одбрал
     

Сподели преку: