Не знам колку е постов од Миленко за верување, но не би ме чудело да е вистина, со оглед на тоа што уште пред да излезе аферата Рекет, козаров кажуваше дека постојат снимки со куферчиња и торби пари, за што подоцна се испостави дека е вистина (hint: коледарите кај Камчев).
Од тоа досега што слушнавме:
Првата бомба - Заев знаел за рекетирањето на Сиљан Мицевски и парите за фиктивниот проект на Боки 13, за старечките домови. Плус, вмешаност на Заев и СДС во финасирањето на 1ТВ.
Втората бомба - Заев договарал пресуди и обвиненија преку Врховен суд и имал директно влијание за одредени судски одлуки, со цел да паѓаат предмети во кои се обвинети луѓе инволвирани во Рекет, како и пратениците кои гласаа за промена на името. Се потврдува и соработката и координацијата на Заев со Катица Јанева, и нејзината инволвираност во целава оваа ситуација.
Полека се расплеткува Рекет. Ако овие две снимки се само почеток, допрва ќе станува интересно, ќе има добар сеир до избори, а и потоа најверојатно. Педесетина снимки не се малку, ќе ги крчкаат на тивко до избори.