Снукер

Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Голема Снукер Награда (Гран При) 2023
од 16 јануари 2023 до 22 јануари 2023
во англиската Кентаур Арена во Челтам

22 јануари 2023
Седми ден - Финале:

Марк Ален 10:9 Џад Трамп;

На 36 годишна возраст, Ирецот од Северна Ирска ја освои 9-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на турнирот за Големата Снукер Награда (Гран При) 2023 извојува победа над 33 годишниот Англичанец Џад Трамп со резултат 10:9 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2022/2023 е Снукер Престрелката 2023, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 25 јануари 2023 до 28 јануари 2023 во англиската Морнингсајд Арена во Лестер.

Џад Трамп и да не го освоеше мастерсот минатата Недела на 15 Јануари, тој ќе освојува титули од т.н Тројната круна и понатаму во иднината.
Веќе е влезен во топ 10 играчи на сите времиња. И да се случи чудо и тој повеќе и да не освои ниту една титула од т.н Тројна круна, пак ќе биде сметан за дел од топ 10 историјата на снукерот, тоа е реалноста.

Трамп на крајот од неговата кариера ќе има минимум 10 титули од т.н Тројна круна ( СП, Мастерс и УК шампионат). Веќе ги има 4 титули, а сигурно ќе има најмалку двоцифрена бројка од минимум 10 трофеи.
Многу рекорди ќе бидат во негова сопственост кога ќе се повлече од снукерот. Ќе има најмногу троцифрени брејкови, најмногу рангирни титули освоено, ќе има и најмногу брејкови со максимум од 147 поени и тука ќе го престигне О' Саливен со максимум брејкови.
Да, поради тоа што сега има огромен број турнири секоја сезона, тоа ќе влијае да има најмногу рангирни титули. Да имаше толку многу турнири кога Хендри доминираше, Хендри ќе имаше можеби 60 титули, наместо 36 рангирни титули освоено.

О' Саливен и Стивен Хендри ќе имаат повеќе титули од т.н Тројна круна, тука Трамп ќе заостанува зад нив двајцата, Трамп и Селби ќе бидат на 3 и 4 место на таа листа од Тројната круна.

Ќе му оди на рака на Џад Трамп и веќе извесната суспензија која ги очекува Кинезите Јан Бингтао и Жао Сингтонг, овие двајца Кинези се врвни таленти и ќе освојуваа уште титули од т.н Тројна круна, но поради местење натпревари ги очекува суспензија. Ќе беа сериозна и жестока конкуренција на Трамп.

Кариерата на Нил Робертсон ќе стагнира, Робертсон го достигна т.н пик односно врвот на неговата кариера. Да, повремено ќе блеснува и ќе освојува титули, ќе биде опасен и незгоден ривал за Трамп и останатите играчи од светскиот врв, но веќе и Робертсон почна да прескокнува одредени турнири, и тој е заситен од снукерот, и сака и повеќе време да посвети на семејството и животот надвор од снукерот.

Главни ривали за Трамп во иднина ќе бидат Кајрен Вилсон ( кој нема добра сезона), Марк Ален, и доколку се опорави од депресијата Марк Селби. Секако О' Саливен е уште тука опасен, и повремено ќе блеска Нил Робертсон. Од Кинезите многу се очекуваше/ очекува.
Секој со свое мислење, во ред е ти да веруваш дека Џад Трамп е еден од најдобрите играчи на сите времиња, исто како што е во ред и јас да верувам дека е еден од најдобрите играчи на денешницата, но не и на сите времиња.

На Нил Робертсон му заврши стагнацијата во кариерата, пресвртницата му беше во 2019 година од кога ги има освоено последните 9 рангирачки титули од досегашните 23 рангирачки титули кои ги има освоено досега, го освои Британскиот Шампионат во Снукер 2020, Британскиот Мастерс 2022, уште да го освои и Светскиот Шампионат во Снукер 2023 и слободно ќе може да се каже дека дефинитивно е вратен во одлична форма.

Марк Селби потсетува по малку на Рони О'Саливен со неговите испади, или ќе одигра одлично, или ќе ја оплеска на дебело, но не би се согласил дека е во депресија.

Џон Хигинс се резили себеси оваа сезона 2022/2023, треба да го следи примерот на О'Саливен и да си земе одмор на неколку месеци како што направи О'Саливен во снукер сезоната 2015/2016. Не ќе биде лошо да поднаучи по нешто и од искуствата на Марк Вилијамс, кој исто така имаше катастрофални години од сезоната 2011/2012 до сезоната 2016/2017, а од сезоната 2017/2018 па наваму игра во одлична форма.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2013
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.467
Трамп со моменталната бројка на Triple Crown титули е светлосни години далеку од големите Стив Дејвис , Хендри , а да не збориме за Рони.
Тој впрочем сеуште треба да дојде до успесите на Селби и Робертсон кои може да напредуваат на таа табела.
Да не беа двата тесни порази на UK Championship од Нил и Рони и лани на светското, дискусијата ќе беше малце поинаква. Вака со неполни 34 и хибернирање на големите турнири од 2014 до 2019 , треба до 50 години да игра врвен снукер и да доминира со барем 2 големи титули во некои од сезоните за да биде GOAT , што е научна фантастика...
 
Член од
6 септември 2021
Мислења
206
Поени од реакции
302
Џад Трамп и да не го освоеше мастерсот минатата Недела на 15 Јануари, тој ќе освојува титули од т.н Тројната круна и понатаму во иднината.
Веќе е влезен во топ 10 играчи на сите времиња. И да се случи чудо и тој повеќе и да не освои ниту една титула од т.н Тројна круна, пак ќе биде сметан за дел од топ 10 историјата на снукерот, тоа е реалноста.

Трамп на крајот од неговата кариера ќе има минимум 10 титули од т.н Тројна круна ( СП, Мастерс и УК шампионат). Веќе ги има 4 титули, а сигурно ќе има најмалку двоцифрена бројка од минимум 10 трофеи.
Многу рекорди ќе бидат во негова сопственост кога ќе се повлече од снукерот. Ќе има најмногу троцифрени брејкови, најмногу рангирни титули освоено, ќе има и најмногу брејкови со максимум од 147 поени и тука ќе го престигне О' Саливен со максимум брејкови.
Да, поради тоа што сега има огромен број турнири секоја сезона, тоа ќе влијае да има најмногу рангирни титули. Да имаше толку многу турнири кога Хендри доминираше, Хендри ќе имаше можеби 60 титули, наместо 36 рангирни титули освоено.

О' Саливен и Стивен Хендри ќе имаат повеќе титули од т.н Тројна круна, тука Трамп ќе заостанува зад нив двајцата, Трамп и Селби ќе бидат на 3 и 4 место на таа листа од Тројната круна.

Ќе му оди на рака на Џад Трамп и веќе извесната суспензија која ги очекува Кинезите Јан Бингтао и Жао Сингтонг, овие двајца Кинези се врвни таленти и ќе освојуваа уште титули од т.н Тројна круна, но поради местење натпревари ги очекува суспензија. Ќе беа сериозна и жестока конкуренција на Трамп.

Кариерата на Нил Робертсон ќе стагнира, Робертсон го достигна т.н пик односно врвот на неговата кариера. Да, повремено ќе блеснува и ќе освојува титули, ќе биде опасен и незгоден ривал за Трамп и останатите играчи од светскиот врв, но веќе и Робертсон почна да прескокнува одредени турнири, и тој е заситен од снукерот, и сака и повеќе време да посвети на семејството и животот надвор од снукерот.

Главни ривали за Трамп во иднина ќе бидат Кајрен Вилсон ( кој нема добра сезона), Марк Ален, и доколку се опорави од депресијата Марк Селби. Секако О' Саливен е уште тука опасен, и повремено ќе блеска Нил Робертсон. Од Кинезите многу се очекуваше/ очекува.
Tochno od zbor do zbor :aplauz::aplauz:
Inache shto se sluchuva so Selby zoshto e vo depresija ne sum vo tek?
 

Rolling Paper

Џокер Ноле
Член од
21 јануари 2023
Мислења
252
Поени од реакции
518
какви живци треба да имаш за снукеров да го играш.... челични.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.077
Поени од реакции
21.963
Вчера почна првиот ден од Shoot Out 2023.
Имаше доста интересни потези а и пресврти со оглед на тоа дека секоја партија се играше 10 мин и секој дуел беше само со по една партија што значеше дека нема поправен.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Снукер Престрелка 2023
на 28 јануари 2023
во англиската Морнингсајд Арена во Лестер

28 јануари 2023
16-на финале:

Чао Јупенг 0:1 Али Картер;
Фергал О'Брајан 0:1 Џулиен Леклерк;
Том Форд 1:0 Владислав Градинари;
Доминик Дејл 1:0 Асџад Икбал;
Фан Женгји 0:1 Мајкл Холт;
Дејвид Грејс 1:0 Дејвид Лили;
Даниел Велс 1:0 Бен Вуластон;
Мајкл Вајт 1:0 Александер Урсенбахер;
Џо Пери 0:1 Крис Вејклин;
Џек Џоунс 1:0 Ксу Си;
Лукас Клекерс 0:1 Јуан СиЏун;
Жоу Јуелонг 1:0 Гери Вилсон;
Дилан Емери 0:1 Нопон Саенгкам;
Лиам Хајфилд 1:0 Мартин Гоулд;
Марк Дејвис 0:1 Џек Лисовски;
Марк Вилијамс 0:1 Дечават Помџаенг;

28 јануари 2023
Осмина финале:

Том Форд 1:0 Али Картер;
Јуан СиЏун 0:1 Џулиен Леклерк;
Доминик Дејл 1:0 Жоу Јуелонг;
Мајкл Вајт 1:0 Дејвид Грејс;
Крис Вејклин 1:0 Џек Џоунс;
Нопон Саенгкам 0:1 Даниел Велс;
Мајкл Холт 1:0 Џек Лисовски;
Лиам Хајфилд 1:0 Дечават Помџаенг;

28 јануари 2023
Четвртина финале:

Даниел Велс 1:0 Том Форд;
Лиам Хајфилд 0:1 Доминик Дејл;
Мајкл Холт 0:1 Џулиен Леклерк;
Крис Вејклин 1:0 Мајкл Вајт;

28 јануари 2023
Полуфинале:

Даниел Велс 0:1 Крис Вејклин;
Доминик Дејл 0:1 Џулиен Леклерк;

28 јануари 2023
Финале:

Крис Вејклин 1:0 Џулиен Леклерк;

На 30 годишна возраст, Англичанецот Крис Вејклин ја освои првата рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на Снукер Престрелката 2023 извојува победа над 19 годишниот Белгиец Џулиен Леклерк со резултат 1:0 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2022/2023 е Германскиот Мастерс 2023, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 1 февруари 2023 до 5 февруари 2023 во германската Темподром Арена во Берлин.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Германски Мастерс 2023
од 1 февруари 2023 до 5 февруари 2023
во германската Темподром Арена во Берлин

1 февруари 2023
Прв ден - 16-на финале:

Жао Ксинтонг-се повлекол (суспендиран) : Том Форд-продолжува во осмина финале;
Тиан Пенгфеи 5:1 Антони МекГил;
Џими Робертсон-продолжува во осмина финале : Жао Џианбо-се повлекол (суспендиран);
Сем Крејги 2:5 Кајрен Вилсон;
Пенг Јисонг 1:5 Џими Вајт;
Џек Лисовски 5:0 Жанг Анда;
Елиот Слесор 5:2 Џо О'Конор;
Ксиао Гуодонг 5:4 Фан Женгји;

Денес, четврток, 2 февруари 2023, треба да се одиграат останатите 6 мечови од 16-на финалето на Германскиот Мастерс 2023, во кои силите ќе си ги измерат:

Крис Вејклин - Си Џиахуи;
Метју Стивенс - Лука Бресел;
Луис Хиткоут - Чао Јупенг;
Нил Робертсон - Џо Пери;
Роберт Милкинс - Даниел Велс;
Панг Џунксу - Рос Мјур;
Ли Ханг-се повлекол (суспендиран) - Али Картер-продолжува во осмина финале;
Рики Волден-продолжува во осмина финале - Јан Бингтао-се повлекол (суспендиран);

Исто така денес, четврток, 2 февруари 2023, треба да се одиграат и првите 4 мечови од осмина финалето на Германскиот Мастерс 2023, во кои силите ќе си ги измерат:

Том Форд - Тиан Пенгфеи;
Џими Робертсон - Кајрен Вилсон;
Џими Вајт - Џек Лисовски;
Ксиао Гуодонг - Елиот Слесор.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Tochno od zbor do zbor :aplauz::aplauz:
Inache shto se sluchuva so Selby zoshto e vo depresija ne sum vo tek?
Selby samiot kaza deka poslednive 2- 3 godini e vo depresija, koristel i lekovi no poveke nemale dejstvo lekovite. Zosto e vo depresija ne mi e poznato, no fakt e deka nema samodoverba kako porano, i toa e problem.
Otkako vo 2021 godina po 4 pat ja osvoi titulata na SP Selby ima slabi rezultati na turnirite.

Veruvam deka pak ke bide eden den povtorno Svetski sampion Selby.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Германски Мастерс 2023
од 1 февруари 2023 до 5 февруари 2023
во германската Темподром Арена во Берлин

2 февруари 2023
Втор ден - 16-на финале:

Крис Вејклин 5:4 Си Џиахуи;
Метју Стивенс 2:5 Лука Бресел;
Луис Хиткоут 5:4 Чао Јупенг;
Нил Робертсон 5:3 Џо Пери;
Роберт Милкинс 5:3 Даниел Велс;
Панг Џунксу 5:3 Рос Мјур;
Ли Ханг-се повлекол (суспендиран) - Али Картер-продолжува во осмина финале;
Рики Волден-продолжува во осмина финале - Јан Бингтао-се повлекол (суспендиран);

2 февруари 2023
Втор ден - Осмина финале:

Ксиао Гуодонг 5:1 Елиот Слесор;
Џими Вајт 2:5 Џек Лисовски;
Том Форд 5:3 Тиан Пенгфеи;
Џими Робертсон 2:5 Кајрен Вилсон;

Утре, петок, 3 февруари 2023, треба да се одиграат останатите 4 мечови од осмина финалето на Германскиот Мастерс 2023, во кои силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Крис Вејклин;
Лука Бресел - Роберт Милкинс;
Луис Хиткоут - Али Картер;
Рики Волден - Панг Џунксу;

Исто така утре, петок, 3 февруари 2023, треба да се одиграат и првите 2 меча од четвртина финалето на Германскиот Мастерс 2023, во кои силите ќе си ги измерат:

Том Форд - Кајрен Вилсон;
Ксиао Гуодонг - Џек Лисовски.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Германски Мастерс 2023
од 1 февруари 2023 до 5 февруари 2023
во германската Темподром Арена во Берлин

3 февруари 2023
Трет ден - Осмина финале:

Нил Робертсон 4:5 Крис Вејклин;
Лука Бресел 3:5 Роберт Милкинс;
Луис Хиткоут 1:5 Али Картер;
Рики Волден 1:5 Панг Џунксу;

3 февруари 2023
Трет ден - Четвртина финале:

Том Форд 5:2 Кајрен Вилсон;
Ксиао Гуодонг 3:5 Џек Лисовски;
Крис Вејклин 2:5 Роберт Милкинс;
Али Картер 5:3 Панг Џунксу;

Утре, сабота, 4 февруари 2023, во полуфиналето на Германскиот Мастерс 2023 силите ќе си ги измерат:

Роберт Милкинс - Али Картер;
Том Форд - Џек Лисовски.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.467
Страшен играч е Лисовски , ама каков баксуз е невидена работа... заслужува една голема титула во скоро време , мора да се свртат работите на негова страна некогаш.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Германски Мастерс 2023
од 1 февруари 2023 до 5 февруари 2023
во германската Темподром Арена во Берлин

4 февруари 2023
Четврт ден - Полуфинале:

Роберт Милкинс 5:6 Али Картер;
Том Форд 6:5 Џек Лисовски;

Утре, недела, 5 февруари 2023, во финалето на Германскиот Мастерс 2023 силите ќе си ги измерат:

Али Картер - Том Форд.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Германски Мастерс 2023
од 1 февруари 2023 до 5 февруари 2023
во германската Темподром Арена во Берлин

5 февруари 2023
Петти ден - Финале:

Али Картер 10:3 Том Форд;

На 43 годишна возраст, Англичанецот Али Картер ја освои 5-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на Германскиот Мастерс 2023 извојува победа над својот 39 годишен сонародник Том Форд со резултат 10:3 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2022/2023 е Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2023, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 13 февруари 2023 до 19 февруари 2023 во велшкиот културно-уметнички и спортски центар Камри во Ладундо.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Велшко Отворено Првенство во Снукер 2023
од 15 февруари 2023 до 19 февруари 2023
во велшкиот културно-уметнички и спортски центар Камри во Ладундо

15 февруари 2023
Прв ден - 16-на финале:

Џо Пери 1:4 Роби Вилијамс;
Стјуарт Карингтон 0:4 Џо О'Конор;
Дејвид Гилберт 3:4 Бен Мертенс;
Род Лоулер 0:4 Рони О'Саливен;
Арон Хил 1:4 Панг Џунксу;
Џулиен Леклерк 2:4 Џек Џоунс;
Марк Селби 2:4 Роберт Милкинс;
Јуан СиЏун 4:1 Доминик Дејл;

Денес, четврток, 16 февруари 2023, треба да се одиграат останатите 8 мечови од 16-на финалето на Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2023, во кои силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Даниел Велс;
Шон Марфи - Антони МекГил;
Дејвид Лили - Џек Лисовски;
Бери Хокинс - Хосеин Вафеи;
Чао Јупенг - Лука Бресел;
Енди Хикс - Марк Ален;
Џон Хигинс - Сандерсон Лам;
Тиан Пенгфеи - Али Картер.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.077
Поени од реакции
21.963
^те прочитав велЕшко и се израдував да идам во живо да гледам кој игра кај нас :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom