Снукер

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129

Ќе има промени во формат на отвореното првенство на Обединетото Кралство, отсега 16 најдобро рангирани играчи автоматски ќе имаат загарантиран пласман во главната фаза од вкупно 32 играчи, а 128 играчи ќе играат квалификации за преостанатите 16 места од главната рунда на првенството.

Со ова, УК шампионатот станува копија на Светското првенство.
Штета, мене повеќе ми се допаѓаше овој стариот формат со 128 играчи во главната фаза од првенството и каде беа потребни 7 натпревари да се добијат за освојување на титулата.

Комерцијализацијата во снукерот веројатно беше причина за оваа промена во форматот, имаше играчи како Рони О' Саливен, Шон Марфи, Марк Селби..... кои притискаа за промени во турнирите.
 
Член од
6 септември 2021
Мислења
221
Поени од реакции
333
Јас останувам на моето мислење дека му е потребен одмор на Марк Селби.
Селби беше тактички надигран од Кинезот Јан Бингтао. Едноставно беше убиен во поим во тактичко надмудрување, нешто по кое е Селби препознатлив. Во првата сесија Бингтао со никаква игра имаше 4-4 и тоа Селби едвај избори 4-4, а беше евидентно дека Кинезот нема толку слабо да игра во следните 2 сесии.
Селби се мачи и себеси а и публиката некое време наназад.

Инаку пред 1 месец на интернет страницата на Британскиот Еуроспорт, Џад Трамп имаше дадено изјава во која Трамп спомена дека размислува да направи пауза во следната сезона 2020/2023, имал во план да одмори, и во следната сезона размислува голем број на турнири да ги пропушти.

Трамп во изјавата кажа дека моментално не ужива во играњето снукер како во претходните сезони кога доминираше, и дека едвај чека да заврши Светското првенство, и дека оди на Светсково првенство со никакви очекувања.

Стар е Хигинс да направи толкава пауза од снукерот, ако направи долга пауза тоа е знак дека е за пензија.

Еве линк и информации кој може да заврши на 1 место на рејтинг листата после завршување на сезоната.

Зошто би земал Селби одмор? Едноставно се случуваат порази,иако овој беше така малку болен пораз со оглед на тоа што го имаше добиен маратонскиот фрејм за 11-11 и промаши тренинг розева за фрејм.Прилично бев изненаден од тоа како Бингтао играше дефанзива.Дечкото ќе гази во наредни години,а може и комотно до финале да иде на турниров.Еве му се врати на Вилијамс од 2-6 на 8-8 и му давам шанси дека ќе го добие.
Што се однесува до Селби,овој пораз не го гледам како некој огромен неуспех,со оглед на тоа што изгуби од играч кој е во страшен подем и кој што има предиспозиции да стане број 1 за неколку години.Дефанзивата му е страшна,а тоа го имаат многу малку играчи денес.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Добар е Селби.. Не го гледав Лисовски со Хигинс ама беше одличен против Робертсон. Дечково има голем напредок, убава, брза игра. Одличен состав е останат во четврт финале, ќе гледаме убави мечеви..
 
Добар е тој Лисовски.На инста го следам,најдобари другари се со Трамп и заедно тренираат.Напреднат е многу.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

27 април 2022
Дванаесетти ден - Четвртина финале:

Стифен Мегваер 5:13 Рони О'Саливен;
Марк Вилијамс 13:11 Јан Бингтао;
Стјуарт Бингам 8:13 Џад Трамп;
Џон Хигинс 13:12 Џек Лисовски;

Утре, четврток, 28 април 2022, во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022 силите ќе си ги измерат:

14:00. Марк Вилијамс - Џад Трамп;
20:00. Рони О'Саливен - Џон Хигинс;

Во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022 се игра до максимални 33 фрејмови, односно во финалето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 17 фрејмови.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Зошто би земал Селби одмор? Едноставно се случуваат порази,иако овој беше така малку болен пораз со оглед на тоа што го имаше добиен маратонскиот фрејм за 11-11 и промаши тренинг розева за фрејм.Прилично бев изненаден од тоа како Бингтао играше дефанзива.Дечкото ќе гази во наредни години,а може и комотно до финале да иде на турниров.Еве му се врати на Вилијамс од 2-6 на 8-8 и му давам шанси дека ќе го добие.
Што се однесува до Селби,овој пораз не го гледам како некој огромен неуспех,со оглед на тоа што изгуби од играч кој е во страшен подем и кој што има предиспозиции да стане број 1 за неколку години.Дефанзивата му е страшна,а тоа го имаат многу малку играчи денес.

Затоа што едноставно не игра добро сезонава.
На што личи да актуелниот светски шампион не може во сезоната во која го носи тој епитет да освои ниту еден турнир? Макар и да е тоа мал нерангирачки турнир, ете ништо не направи Селби сезонава.
Не е во прашање поразот од Бингтао на Светското, во прашање е ужасната форма на Селби цела сезона.

Како и што во претходна страница напиша форумџијата Декстер, О' Саливен во сезоната во 2012/2013 цела сезона ја пропушти и само играше во таа сезона на Светското и тоа во тој момент и тој беше актуелен светски шампион од претходната сезона, но ете тој знаел дека му требало пауза од снукер и одлучил паметно да одмора, но затоа успешно ја одбранил титулата.

Кој го следеше Селби на турнирите сезонава знае за што пишувам, воглавно во фрејмовите се измачуваше и себеси и публиката. Отприлика е моментално Селби во слични години како О' Саливен кога ја пропушти цела 2012/2013 сезона, така да сметам дека му треба пауза на Селби во претстојната 2022/2023 сезона.

Замисли еден Џад Трамп оваа сезона со просечна форма и резултати за негови стандарди ( а ликот освои титула и е во игра да ја заврши сезоната на 1 место) Трамп пред месец дена имаше доблест и во интервју за Еуроспорт кажа дека сезонава не ужива во снукерот и дека нема очекувања од СП и дека едвај чека крај на сезоната, и дека размислува во следната сезона голем број на турнири да пропушти. А Трамп има пак каде подобри резултати од Селби сезонава.
 
Секој има индивидуален пристап, добри и лоши сезони..Рони мислам минатата година играше и по изгубени фрејмови за да се разигра дека едноставно не му одеше. Многу играчи и покрај лоши сезони едноставно играат да не излезат сосема од форма. Пауза е меч со две оштрици..
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

28 април 2022
Тринаесетти ден - Полуфинале:

Нема завршени мечови;

Утре, петок, 29 април 2022, треба да продолжат мечовите од полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022:

11:00; 20:00. Марк Вилијамс 1:7 Џад Трамп;
15:30. Рони О'Саливен 4:4 Џон Хигинс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

29 април 2022
Четиринаесетти ден - Полуфинале:

Нема завршени мечови;

Утре, сабота, 30 април 2022, треба да продолжат и да завршат мечовите од полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022:

11:00; 20:00. Рони О'Саливен 10:6 Џон Хигинс;
15:30. Марк Вилијамс 11:13 Џад Трамп.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

30 април 2022
Петнаесетти ден - Полуфинале:

Марк Вилијамс 16:17 Џад Трамп;
Рони О'Саливен 17:11 Џон Хигинс;

Утре, недела, 1 мај 2022, започнува финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, каде што силите ќе си ги измерат:

14:00; 20:00. Џад Трамп - Рони О'Саливен;

Судијата кој ќе го води мечот е 52 годишниот Белгиец Оливиер Мартел, на кого ова му е второ финале на Светскиот Шампионат во Снукер кое го води.

Во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022 се игра до максимални 35 фрејмови, односно шампионскиот трофеј, титулата Светски Шампион во Снукер 2022 и паричната награда во износ од 500.000 (ПЕТСТОТИНИ ИЛЈАДИ) британски фунти, ќе ги освои играчот кој прв ќе освои 18 фрејмови, додека на вториот финалист му следуваат вице-шампионскиот медал и парична награда во износ од 200.000 (ДВЕСТОТИНИ ИЛЈАДИ) британски фунти.
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.399
Какви полуфиналиња беа ова :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: TOT
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

1 мај 2022
Шеснаесетти ден - Финале:

Утре, понеделник, 2 мај 2022, треба да продолжи и да заврши финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022:

14:00; 20:00. Џад Трамп 5:12 Рони О'Саливен.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

2 мај 2022
Седумнаесетти ден - Финале:

Џад Трамп 13:18 Рони О'Саливен;

На 46 годишна возраст, Англичанецот Рони О'Саливен ја освои 39-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера и по 7-ми пат ја освои титулата Светски Шампион во Снукер, откако во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022 извојува победа над својот 32 годишен сонародник Џад Трамп со резултат 18:13 .

Освојувајќи го Светскиот Шампионат во Снукер по седми пат во својата професионална снукер кариера, О'Саливен се израмни со Шкотланѓанецот Стифен Хендри - единствениот друг професионален снукер играч кој седум пати го има освоено Светскиот Шампионат во Снукер.

Со завршувањето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022 официјално завршува и снукер сезоната 2021/2022.

Првиот професионален турнир во снукер од сезоната 2022/2023 е Европскиот Мастерс 2022 - сезона 2022/2023, рангирачки турнир во снукер кој ќе се одржи по втор пат оваа 2022 година, но овој пат како дел од новата снукер сезона 2022/2023, од 16 август 2022 до 21 август 2022 во градската концертна сала во Фирт, Германија.
 
Последно уредено:
Член од
11 април 2012
Мислења
4.281
Поени од реакции
4.689
Штета што не го израмни/надмина рекордот за број на 100ки за време на турнирот. Кога дојде до бројка од 15 на првиот ден од финалето искрено очекував да го израмни па зашто да не и надмине знаејќи дека е моменталниот е 16

не дека 100ка е лесно да направиш ама гледајќи го како игра Трамп мислев дека лесно ќе направи барем уште една стотка (очигледно на Рони не му било дојдено до тој рекорд :) )
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Штета што не го израмни/надмина рекордот за број на 100ки за време на турнирот. Кога дојде до бројка од 15 на првиот ден од финалето искрено очекував да го израмни па зашто да не и надмине знаејќи дека е моменталниот е 16

не дека 100ка е лесно да направиш ама гледајќи го како игра Трамп мислев дека лесно ќе направи барем уште една стотка (очигледно на Рони не му било дојдено до тој рекорд :) )
Јас па чекав Саливен да го скрши рекордот на најмногу 100 од еден играч и реално после првиот ден и со таква игра очекував да го скрши и тој рекорд со оглед дека му фалеа само уште два.(Рекордот е 16 а вчера Саливен уште на крај на првиот ден имаше 15)Али па вториот ден особено во попладневната сесија Саливен играше доста полошо од првиот ден и остана да виси и тој рекорд.Ама после на интервјуто самиот кажа дека не му е до такви рекорди така да ке остане за друг пат :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom