Снукер

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Два интересни натпревари од четвртфиналињата денеска.
Марк Селби - Нил Робертсон, 17-16 во меѓусебни води Селби, но од последните 9 натпревари дури 8 ги доби Нил Робертсон, ова е од средина на 2018 година до денешно време и е периодот кога Марк Селби е во променлива форма и не е оној стариот Марк Селби. Во последните 9 меѓусебни дуели, единствената победа на Селби е на Светското оваа година над Робертсон.

Вечер од 20:00 Џад Трамп - Кајрен Вилсон, ова е шлаг на тортата, ништо чудно кој победи да го освои турнирот.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Селби игра многу постабилно последниот период. Гледав неколку мечеви со него, има напредок. Солиден беше и со Хокинс мада на моменти му пречеше неговиот стил на игра и се дефокусираше.
Мислам дека има солидни шанси со Робертсон...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Британски Шампионат во Снукер 2020
од 30 ноември 2020 до 6 декември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

4 декември 2020
Петти ден - Четвртина финале:

Џек Лисовски 4:6 Жоу Јуелонг;
Марк Селби 2:6 Нил Робертсон;
Џад Трамп 6:4 Кајрен Вилсон;
Лу Нинг 6:4 Џо Пери;

Денес, сабота, 5 декември 2020, во полуфиналето на Британскиот Шампионат во Снукер 2020 силите ќе си ги измерат:

Жоу Јуелонг - Нил Робертсон;
Џад Трамп - Лу Нинг.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Британски Шампионат во Снукер 2020
од 30 ноември 2020 до 6 декември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

5 декември 2020
Шести ден - Полуфинале:

Жоу Јуелонг 2:6 Нил Робертсон;
Џад Трамп 6:2 Лу Нинг;

Утре, недела, 6 декември 2020, во финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2020 силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Џад Трамп.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Селби игра многу постабилно последниот период. Гледав неколку мечеви со него, има напредок. Солиден беше и со Хокинс мада на моменти му пречеше неговиот стил на игра и се дефокусираше.
Мислам дека има солидни шанси со Робертсон...

Игра постабилно последно време, но оваа 2020 испадна во 1 ( квалификациско коло) за Германски мастерс и пак е уште присутно сивилото кај Селби.

Има ангажирано тренер кој порано работеше со Рони О'Саливен, знак дека се труди Селби, даваше изјава дека има за цел да се врати на прво место на рејтинг листата, но едно е давање изјави а друго е реалноста која кажува дека од 4 место падна на 5 место Селби, сега на 4 место е Кајрен Вилсон. Веројатно нема подолу од 5 место да падне Селби, само затоа што Хигинс, Марфи и Марк Ален исто играат променливо и немаат постојаност во форма и резултати.

Долго време Трамп ќе остане број 1 на рејтинг листата. Оваа трета деценија на 21 век е деценија која ќе ја одбележи Трамп со врвни резултати и рекорди.

Денес за финалето, јас како навивач на Трамп и Марфи, Трамп е благ фаворит, би било убаво да ја освои титулата Робертсон, не за друго туку да е интересно, не е интересно ако еден играч ги освојува титулите. Пропушти Нил Робертсон титула на Англискиот опен пред месец денови во финалето против Трамп испушти предност, сега е ред да го врати пропуштеното.
Од 14:00 до 15:20 пренос на Еуроспорт 2 и потоа прекин на пренос поради Бундеслига.
Вечер од 20:00 втора сесија на Еуроспорт 1.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Британски Шампионат во Снукер 2020
од 30 ноември 2020 до 6 декември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

6 декември 2020
Седми ден - Финале:

Нил Робертсон 10:9 Џад Трамп;

На 38 годишна возраст, Австралиецот Нил Робертсон ја освои 19-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2020 извојува победа над 31 годишниот Англичанец Џад Трамп со резултат 10:9 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2020/2021 е Шкотското Отворено Првенство во Снукер 2020, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 7 декември 2020 до 13 декември 2020 во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс.
 
И ти си го гледал мечот до 2 сабајле :)
Чудесна утакмица, со многу пресврти, грешки од двете страни и прилично изедначена...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Шкотско Отворено Првенство во Снукер 2020
од 10 декември 2020 до 13 декември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

10 декември 2020
Прв ден - 16-на финале:

Акани Сонгсермсавад 3:4 Лиу Хаотиан;
Рики Волден 4:0 Зак Шурти;
Жоу Јуелонг 3:4 Марк Ален;
Кајрен Вилсон 4:2 Мајкл Холт;
Лиам Хајфилд 3:4 Бери Хокинс;
Сем Креиги 3:4 Џејми Џоунс;
Жао Џианбо 1:4 Еден Шарав;
Роберт Милкинс 3:4 Стјуарт Бингам;
Марк Селби 4:2 Марк Џојс;
Џад Трамп 4:2 Лианг Венбо;
Марк Вилијамс 4:1 Џексон Пејџ;
Ли Ханг 4:1 Нопон Саенгкам;
Динг Џунхуи 4:0 Мартин О'Донел;
Роби Вилијамс 4:3 Лу Нинг;
Шон Марфи 2:4 Џејми О'Нил;
Тиан Пенгфеи 3:4 Рони О'Саливен;

10 декември 2020
Прв ден - Осмина финале;

Рики Волден 4:3 Марк Ален;
Кајрен Вилсон 4:3 Бери Хокинс;
Џејми Џоунс 4:3 Еден Шарав;
Стјуарт Бингам 3:4 Ли Ханг;
Роби Вилијамс 1:4 Рони О'Саливен;
Марк Селби 4:1 Лиу Хаотиан;
Џад Трамп 4:1 Марк Вилијамс;
Џејми О'Нил 3:4 Динг Џунхуи;

Денес, петок, 11 декември 2020, во четвртина финалето на Шкотското Отворено Првенство во Снукер 2020 силите ќе си ги измерат:

Марк Селби - Рики Волден;
Џад Трамп - Ли Ханг;
Кајрен Вилсон - Џејми Џоунс;
Динг Џунхуи - Рони О'Саливен.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Шкотско Отворено Првенство во Снукер 2020
од 10 декември 2020 до 13 декември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

11 декември 2020
Втор ден - Четвртина финале:

Марк Селби 5:4 Рики Волден;
Џад Трамп 4:5 Ли Ханг;
Кајрен Вилсон 1:5 Џејми Џоунс;
Динг Џунхуи 4:5 Рони О'Саливен;

Утре, сабота, 12 декември 2020, во полуфиналето на Шкотското Отворено Првенство во Снукер 2020 силите ќе си ги измерат:

Ли Ханг - Рони О'Саливен;
Марк Селби - Џејми Џоунс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Шкотско Отворено Првенство во Снукер 2020
од 10 декември 2020 до 13 декември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

12 декември 2020
Трет ден - Полуфинале:

Ли Ханг 4:6 Рони О'Саливен;
Марк Селби 6:1 Џејми Џоунс;

Утре, недела, 13 декември 2020, во финалето на Шкотското Отворено Првенство во Снукер 2020 силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Марк Селби.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Шкотско Отворено Првенство во Снукер 2020
од 10 декември 2020 до 13 декември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

13 декември 2020
Четврт ден - Финале:

Рони О'Саливен 3:9 Марк Селби;

На 37 годишна возраст, Англичанецот Марк Селби ја освои 19-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако трета година по ред во финалето на Шкотското Отворено Првенство во Снукер, овој пат во финалето на Шкотското Отворено Првенство во Снукер 2020, извојува победа над својот 45 годишен сонародник Рони О'Саливен со резултат 9:3 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2020/2021 е Големата Снукер Награда (Гран При) на светот 2020, рангирачки турнир во снукер кој по втор пат ќе се одржи оваа 2020 година, но овој пат како дел од сезоната 2020/2021, од 14 декември 2020 до 20 декември 2020, во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Голема Снукер Награда (Гран При) на светот 2020 - сезона 2020/2021
од 14 декември 2020 до 20 декември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

14 декември 2020
Прв ден - 16-на финале:

Бери Хокинс 4:1 Рики Волден;
Нил Робертсон 2:4 Роберт Милкинс;
Џо Пери 2:4 Антони МекГил;
Џон Хигинс 4:2 Ксиао Гуодонг;

Денес, вторник, 15 декември 2020, треба да се одиграат уште 8 меча од 16-на финалето на турнирот за Големата Снукер Награда (Гран При) на светот 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Мајкл Холт;
Ли Ханг - Стјуарт Бингам;
Лу Нинг - Роби Вилијамс;
Динг Џунхуи - Џек Џоунс;
Рони О'Саливен - Али Картер;
Дејвид Грејс - Јан Бингтао;
Мартин Гоулд - Марк Ален;
Кајрен Вилсон - Курт Мафлин.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Голема Снукер Награда (Гран При) на светот 2020 - сезона 2020/2021
од 14 декември 2020 до 20 декември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

15 декември 2020
Втор ден - 16-на финале:

Џад Трамп 4:3 Мајкл Холт;
Ли Ханг 2:4 Стјуарт Бингам;
Лу Нинг 4:3 Роби Вилијамс;
Динг Џунхуи 4:0 Џек Џоунс;
Рони О'Саливен 4:1 Али Картер;
Дејвид Грејс 3:4 Јан Бингтао;
Мартин Гоулд 4:3 Марк Ален;
Кајрен Вилсон 4:2 Курт Мафлин;

Денес, среда, 16 декември 2020, треба да се одиграат останатите 4 меча од 16-на финалето на турнирот за Големата Снукер Награда (Гран При) на светот 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Марк Селби - Лианг Венбо;
Жоу Јуелонг - Хосеин Вафеи;
Џејми Џоунс - Жао Ксинтонг;
Шон Марфи - Џек Лисовски;

Исто така, денес, среда, 16 декември 2020, треба да се одиграат и првите 4 меча од осмина финалето на турнирот за Големата Снукер Награда (Гран При) на светот 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Стјуарт Бингам;
Мартин Гоулд - Лу Нинг;
Рони О'Саливен - Бери Хокинс;
Јан Бингтао - Кајрен Вилсон.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Почнаа изненадувања, Милкинс го победи Робертсон со одлична и прецизна игра.
Мартин Гоулд го победи Ален покрај тоа што Ален имаше добар почеток и водеше со 3-0.
Интересен натпревар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom