Partizanen banditen
Психијатриски случај
- Член од
- 24 август 2016
- Мислења
- 5.453
- Поени од реакции
- 15.992
Рони сега игра од осум.
Автоматски споено мислење:
Не, јас сум фан на Рони од пред 15-16 години. Инаку чекав да видам дали он ке се падне со Рони или Селби.За одбележување на Северна Ирска опен е 5 максимум од 147 поени во кариерата на Џад Трамп, но мислам дека Трамп нема да ги достигне оние 15 максимуми од 147 поени на Рони О' Саливен тоа е тешко достижно.
Трамп ќе биде рекордер по бројот на троцифрени брејкови, моментално Рони О' Саливен синоќа го направи 1066 троцифрен брејк, Трамп и Робертсон имаат по 743 троцифрени брејкови но младоста е предноста на Трамп кој е 6 години помлад од Робертсон и Робертсон порано ќе ја заврши кариерата од Трамп еден ден. Самиот Трамп своевремено даде изјава во која истакна дека смета дека ќе стигне до 1500 троцифрени брејкови во кариера. Со оглед дека е на 31 година и е на пола кариера со 743 троцифрени брејкови има шанси да стигне до 1500.
Рони О' Саливен беше во одредени моменти во кариерата несериозен, прескокнуваше многу турнири и со тоа е краток сигурно за најмалку 200 троцифрени брејкови, за време на корона лок-даунот О' Саливен рече дека во оваа 2020/2021 сезона ќе има сериозен пристап и дека ќе игра на секој можен турнир но пак е несериозен, не учествуваше на квалификациите за Германскиот мастерс.
Трамп е инспириран на овој турнир, му се допаѓа трофејот кој го носи името на Алекс Хигинс легендата.
Мене лично меѓу поомилените турнири ми се Шампион на шампионите ( турнирот кој пред две недели се одржа и кој го освои Марк Ален), УК шампионатот ( почнува на 23 Ноември и ќе трае до 6 Декември) и Шкотска Опен - трофеј кој го носи името на легендата Стивен Хендри. Овие 3 турнири баш ги сакам кога се одржуваат.
Автоматски споено мислење:
Да не ти е Динг меѓу поомилените играчи?
Симпа играч е Динг за мене, се надевам еден ден ќе успее да го освои Светското и да комплетира ''Трипл круната''.
Автоматски споено мислење:
Па таков е дрескодот. Како во фудбал што мора да има штуцни, костобрани, дрес.Уште не знам зошто се облекуваат ко конобари.
Кај гледате? На СК вчера немаше (имам СК1-6). Колку ми беше досадно што земав голф да гледам. Тоа е кулминација на досадата. Ако има снукер на СК може ќе има некаков спас.