Снукер

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Прогноза за финалето: Вилсон - О' Саливен 15-18.
Мислам дека сепак О' Саливен ќе успее да ја освои титулата.

Како и да е, само да не се повтори резултатот од ланското финале кое не беше резултатски неизвесно, сакам од потенцијални 35 фрејмови најмалку 31 фрејм да се одиграат.

Ако О' Саливен ја освои титулата ќе биде на 2 место на рејкинг листата, Вилсон ако ја освои титулата ќе биде на 6 место на рејкинг листата.

ПС: неспортски потег од Селби е после поразот да во неговата изјава се жали на играта на О' Саливен, немаше ништо против правилата на играта.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.369

Селби треба да се скрие у шифоњер 10 дена да не излегува.. 3 меч фрејма имаше.. Рони со некој удари при снукер позиции одигра со сета сила.. тотално несериозно како да не му е гајле... и при ваков несериозен Рони да не искористиш прилика, од друга страна пичкарски да играш ( поготово во последните 3 фрејма , еднаш не нападна ) ..единствено сам на себе треба да е лут.
 
На резултат 15-14, после фаулите на О'Саливен на пинк куглата дојде до 16-14, О'Саливен веројатно одлучи во следниот фрејм да ризикува со долгите кугли и ако биде прецизен добро, ако не ќе се помири со пораз.
Впрочем самиот О'Саливен еднаш пред некое си време даде изјава: Ако во иднина играм против Селби и ако бидам доведен во ситуација да сум пред пораз тогаш ќе играм жестоко на мој начин и со моја типична игра, и кога веќе морам да губам од Селби нека биде поразот во мој стил.
И ете во 31 и 32 фрејм ризикуваше и ризикот се исплатеше.
Во 33 фрејм еден несовршен дефанзивен потег на Селби и О' Саливен нападна успешно.

Не се согласувам околу тоа дека Селби не нападнал во последните 3 фрејма, во 31 и 32 фрејм О'Саливен не пружи никаква шанса на Селби во тие големи троцифрени брејкови.

Селби погреши што имаше водство 15-13 и имаше можност да поведе со 16-13 и промаши црвена и потоа беше 15-14, наместо да биде 16-13.Тука му е грешката.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Прогноза за финалето: Вилсон - О' Саливен 15-18.
Мислам дека сепак О' Саливен ќе успее да ја освои титулата.

Како и да е, само да не се повтори резултатот од ланското финале кое не беше резултатски неизвесно, сакам од потенцијални 35 фрејмови најмалку 31 фрејм да се одиграат.

Ако О' Саливен ја освои титулата ќе биде на 2 место на рејкинг листата, Вилсон ако ја освои титулата ќе биде на 6 место на рејкинг листата.

ПС: неспортски потег од Селби е после поразот да во неговата изјава се жали на играта на О' Саливен, немаше ништо против правилата на играта.
Нека учи каков пристап треба да има посебно во решавачки фрејмови.
Рони на 14-16 кај што виси да испадне направи преку 120 брејк, на 15-16 исто на нула го остави, ни кугла не убаци Селби.
На 16-16 секоја дури и не изгледна шанса ја напаѓаше, Селби имаше шанса во последниот ама сам си е крив.
И добар коментар му даде Рони, не гледа ништо понижувачки во тоа со цела сила да лупа во снукер позиции, зошто едноставно не го тренирал тоа. Додека други трошеле саати на тренинг за извлекување од снукер позиции, он трошел време на градење брејк. Го скина.
 
Никаде јас не го оправдувам Селби.
Напротив, мислам дека не требаше Селби после поразот да коментира на кој начин играл противникот. Затоа што О' Саливен играше според правилата, кои јасно кажуваат што е фаул а што не е фаул. Е дека имаше среќа О' Саливен да не остава чисти зицери за Селби во одредени моменти тоа е факт.

Тоа што Селби негува дефанзивна игра е негово право, исто како што е право на О' Саливен да игра со сета сила на некои кугли. И да не освои повеќе светска титула Селби, сепак 3 титули не е мала работа, кога ќе се пензионира Селби ќе биде во топ 10 играчи на сите времиња, плус беше на врвот на рејтинг листата од 2011 до Април 2019 скоро цело време со исклучок на неколку седмици.

Ви се допаѓало или не, Селби е еден од играчите кои ја одбележаа таа втора деценија од 21 век на снукерот.
Исто како што и Трамп ќе ја одбележи оваа трета деценија од 21 век на снукерот.
Исто како што и О' Саливен ја одбележа таа прва деценија од 21 век на снукерот.

На нас фановите ни останува да уживаме во овој спорт, деновите како вчерашниот се уникат за снукерот, вчерашниот ден е еден од оние најнеизвесните во снукерот.

Едно е фановите да коментираат начин и стил на игра на играчите, а друго е после поразот играчите да се жалат на стилот на игра на противниците. Тоа воопшто не го оправдувам кај Селби.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

15 август 2020
Шеснаесетти ден - Финале:

Утре, недела, 16 август 2020, треба да продолжи и да заврши финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020:

14:30; 20:30. Кајрен Вилсон 7:10 Рони О'Саливен.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Дефинитивно Саливен има некој факд уп ментален склоп чим после 8 - 2 за него доага во ситуација да греши како обичен руки и одвај да добива фрејмови и тоа по грешка на противникот.Денски изигра перфект и нормално Саливен не би бил тој ако не ја заебе работата како сега вечерва.Катастрофална игра.Среќа за него што Вилсон гарант хајпнат ради прво битно финале и тоа против Саливен не изигра ни он нешто подобро али сепак вечерва за разлика од сабајле многу посамоуверено и постабилно играше.

Треба да се осериози малце стариот и да му биде јасно дека ова може да кажам дека му е последна шанса да дојде до финале и нека даде максимум и тоа од психички аспект и нека му биде ова шлаг во кариерата.Можеше утре уште од попладне да ја заврши работата со оглед дека лесно ке беше 12 - 5 и скоро ке беше крај.Овака само 3 фрејма бега.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398
Овака како што пишуваш, а забораваш дека губеше од Селби (кој важи за cool as cucumber) 5-6 фрејма, па се врати.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Овака како што пишуваш, а забораваш дека губеше од Селби (кој важи за cool as cucumber) 5-6 фрејма, па се врати.
Нормално како фан на Саливен не сакам сега овде Вилсон да се врати па да се чудиме што го најде :D
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398
Некогаш мислам дека намерно се исклучува во некои сесии или кога премногу мисли. Кога се препушта чисто на талентот ќе те прегази како шлепер.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Дефинитивно Саливен има некој факд уп ментален склоп чим после 8 - 2 за него доага во ситуација да греши како обичен руки и одвај да добива фрејмови и тоа по грешка на противникот.Денски изигра перфект и нормално Саливен не би бил тој ако не ја заебе работата како сега вечерва.Катастрофална игра.Среќа за него што Вилсон гарант хајпнат ради прво битно финале и тоа против Саливен не изигра ни он нешто подобро али сепак вечерва за разлика од сабајле многу посамоуверено и постабилно играше.

Треба да се осериози малце стариот и да му биде јасно дека ова може да кажам дека му е последна шанса да дојде до финале и нека даде максимум и тоа од психички аспект и нека му биде ова шлаг во кариерата.Можеше утре уште од попладне да ја заврши работата со оглед дека лесно ке беше 12 - 5 и скоро ке беше крај.Овака само 3 фрејма бега.

Во право си за напишаното.
Но од друга страна, доколку дојдеше Рони О' Саливен до убедлива предност од 12-5 како што си напишал, остатокот од ова финале немаше да биде интересно и резултатски неизвесно.

Во ланското финале после први две сесии Трамп - Хигинс 12-5 беше резултатот и после немаше неизвесност околу победникот, 18-9 на крај за Трамп, дури и остатокот од финалето Трамп го доби со 6-4, бидејќи немаше мотивација кај Хигинс, истото би било и со Кајрен Вилсон да беше убедливо водството на О' Саливен.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Во право си за напишаното.
Но од друга страна, доколку дојдеше Рони О' Саливен до убедлива предност од 12-5 како што си напишал, остатокот од ова финале немаше да биде интересно и резултатски неизвесно.

Во ланското финале после први две сесии Трамп - Хигинс 12-5 беше резултатот и после немаше неизвесност околу победникот, 18-9 на крај за Трамп, дури и остатокот од финалето Трамп го доби со 6-4, бидејќи немаше мотивација кај Хигинс, истото би било и со Кајрен Вилсон да беше убедливо водството на О' Саливен.
Од навивачки аспект сакам што побрзо да тепа Саливен.А најубаво би било за нас гледачите на решавачка да го земе 18 тиот фрејм со што повеќе пресврти :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

16 август 2020
Седумнаесетти ден - Финале:

Кајрен Вилсон 8:18 Рони О'Саливен;

На 44 годишна возраст, Англичанецот Рони "Ракетата" О'Саливен ја освои 37-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020 извојува победа над својот 28 годишен сонародник Кајрен Вилсон со резултат 18:8 .

Освојувајќи ја титулата Светски Шампион во Снукер по 6-ти пат во својата професионална снукер кариера, О'Саливен се изедначи со Англичанецот Стив Дејвис и Велшанецот Реј Риердон, кои исто така ја имаат освоено 6 пати титулата Светски Шампион во Снукер во своите професионални снукер кариери.

Со завршувањето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020 официјално завршува и снукер сезоната 2019/2020.

Првиот професионален турнир во снукер од сезоната 2020/2021 е Европскиот Мастерс 2020, рангирачки турнир во снукер кој по втор пат ќе се одржи оваа 2020 година, но овој пат како дел од сезоната 2020/2021, од 21 септември 2020 до 27 септември 2020.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom