Снукер

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Добро играше Вилсон.Немаше шанси Трамп со послабата игра покажана уште од почетокот на турнирот.
Знам, ги гледав :) Според мене Трамп е еден од постабилните играчи и ме чудеше какви топки промашува како да не е воопшто концентриран. Вилсон си го искористи убаво..
Селби е во добра форма, не очекував ни Робертсон да изгуби од него ама по се изгледа дека пандемијата си го направи своето.
Рони го имаше неговиот убав стар шмек, не се замараше дали белата точно ќе ја врати, сечеше чудесни топки. Задоволство е да го гледаш кога е во форма.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622

Селби е најзаебан од сите.Те убива ментално а и физички со неговата одбрамбена игра.Алал да му е за живците кој ги има а и на играчот кој игра против.А бе Робертсон умираше полека вчера.За жал ждребката излезе денес да гледаме финале пред финале Селби со Саливен.Предност давам на Селби само ради менталниот склоп и бавната игра и на таа карта ке чека Саливен да греши.А иначе најрадосен ке бидам Саливен да освои али ке видиме :)
 
Интересен лик е Селби, како да е излезен од Алан Форд...Има чудна смиреност како да е high :)
Очекувам добра игра:)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

12 август 2020
Тринаесетти ден - Полуфинале:

Утре, четврток, 13 август 2020, треба да продолжат мечовите од полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020:

11:00; 20:00. Кајрен Вилсон 2:6 Антони МекГил;
15:30. Марк Селби 3:5 Рони О'Саливен.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

13 август 2020
Четиринаесетти ден - Полуфинале:

Утре, петок, 14 август 2020, треба да продолжат и да завршат мечовите од полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020:

11:00; 20:00. Марк Селби 9:7 Рони О'Саливен;
15:30. Кајрен Вилсон 13:11 Антони МекГил.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Лелелеле газиии Ронии..
Колку луд човек, на 16-16 од снукер позиција со цела сила опали :pos::pos::pos:
Инфаркт човек да го фати.Му пцуев се најмило додека губеше 2 фрејма он рока по розевата како да игра во маало.Тотално несериозно од него,чак и коментаторот на Еуроспорт срам го фати.Среќа што се извади во 3 последни фрејма со МАЕСТРАЛНИ долги удари кој ретко кој ке погодеше да беше во негови чевли.Опасно ке биде со Вилсон :)
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
:popce:Селби во интервјуто после мечот беше попарен,кој не гледал нека погледне.Почна да плаче дека Рони со ударите бил без респект спрема играта.:pos::pos:Мерак ми е што го плесна анти снукер играчов.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

14 август 2020
Петнаесетти ден - Полуфинале:

Кајрен Вилсон 17:16 Антони МекГил;
Марк Селби 16:17 Рони О'Саливен;

Со одобрение од владата на Велика Британија на чело со Борис Џонсон, финалето во Светскиот Шампионат во Снукер 2020 ќе се одржи во сабота, 15 август 2020, и во недела, 16 август 2020, со дозволена публика од максимум 30% од максималниот капацитет на просторијата во која се одржува настанот. Со оглед на фактот дека максималниот капацитет на англискиот театар Крусибл во Шефилд е 980 посетители, публиката во салата во која ќе се одржува финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020 ќе биде ограничена на максимум 300 посетители.

Утре, сабота, 15 август 2020, треба да започне финалето во Светскиот Шампионат во Снукер 2020, каде што силите ќе си ги измерат:

14:30; 20:30. Кајрен Вилсон - Рони О'Саливен;

Судијата кој ќе го води мечот е 30 годишниот Германец Марсел Екард, кој ќе биде најмладиот судија во досегашната историја на одржани финални мечови на Светскиот Шампионат во Снукер.

Во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020 се игра до максимални 35 фрејмови, односно победата во финалето и титулата Светски Шампион во Снукер 2020 ќе ги освои играчот кој прв ќе освои 18 фрејмови.
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
:popce:Селби во интервјуто после мечот беше попарен,кој не гледал нека погледне.Почна да плаче дека Рони со ударите бил без респект спрема играта.:pos::pos:Мерак ми е што го плесна анти снукер играчов.
Дај линк, му ебам шуглето ич не го можам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom