Снукер

Член од
11 април 2012
Мислења
4.286
Поени од реакции
4.689
искрено не го гледав мечот некако у лош термин ми се погоди, ама според резултатот и брзината за колку завршил изгледа изиграл маестрално пун самодоверба и мотивираност
Ама проблемот е што утре може да стане од спиење и да не знае зашто игра па да промаши се што и јас би погодил и да потоне
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Страшен Рони првово коло..

Кого го гледаш во финалето? И кој мислиш дека ја освојува титулата?

Иако тебе ти реплицирав, но прашањево е општо за сите кои ја следат оваа тема на форумов.

Форумџии што мислите кој ќе ја освои титулата? Кој ќе биде парот во финалето?

Јас мислев дека Шон Марфи може далеку да догура, посебно што имаше солидна сезона, но ете моментално Шон Марфи губи 3-7 од тој Сенгкам од Тајланд. Штета.

Џад Трамп и Шон Марфи ми се омилените снукер играчи лично на мене. И потајно се надевав на финале помеѓу нив двајцата, посебно што и двајцата се во спротивните половини на ждрепката.

Како што напиша члент Викса, Рони О" Саливен може лесно да падне во лош ден и да киксне.

Финале Марк Ален - Нил Робертсон очекувам.

Мислам дека прекинот на сезоната му го наруши ритамот на Џад Трамп.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461

Трамп сигурно финалист е, многу лесни противници има. Освен од Хигинс нема од кој да изгуби.
Другава половина тешка е.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.568
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

4 август 2020
Петти ден - 16-на финале:

Шон Марфи 4:10 Нопон Саенгкам;
Стифен Мегваер 2:7 Мартин Гоулд;
Марк Селби 10:6 Џордан Браун;
Марк Ален 8:10 Џејми Кларк;
Бери Хокинс 7:2 Александер Урсенбахер;

Познати се учесниците и во уште 4 мечови од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Динг Џунхуи - Рони О'Саливен;
Џад Трамп - Јан Бингтао;
Нопон Саенгкам - Марк Селби;
Антони МекГил - Џејми Кларк;

Утре, среда, 5 август 2020, покрај продолжувањето и завршувањето на последните 2 меча од 16-на финалето, треба да започнат и првите 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

14:00. Џон Хигинс - Курт Мафлин;
20:00. Стјуарт Бингам - Марк Вилијамс.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Трамп сигурно финалист е, многу лесни противници има. Освен од Хигинс нема од кој да изгуби.
Другава половина тешка е.
Со сета должна почит кон кариерата на Хигинс, но човекот во последните дуели со Трамп е бледа сенка.
Веќе видено сценарио е, Хигинс во првите фрејмови против Трамп има ситуации каде може да има предност пример со 4-1 или 5-2, но е спротивното: Хигинс губи со 1-3 или 1-4 и после како да се предава самиот Хигинс и прави се повеќе тактички грешки и влегува во комплетно резултатско сивило.

Дури и во последните 5-6 дуели Хигинс - Трамп, Трамп е тој кој има подобри и поквалитетни дефанзивни потези, Хигинс со такви бледи дефанзивни потези има мали шанси против Трамп.

Реално, Трамп во потенцијално четвртфинале против Вилсон може да има повеќе тешкотии отколку против Хигинс.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Гледам Марфи и Мегваер изгубиле... Не им беше денот или се гледа дека изгубиле форма периодов?
Вчера ги гледав двата дуела, има меѓу дебитантиве прилично прецизни деца ама се гледа дека се исплашени, уште се спори..
Во право си дека Хигинс има големи промени... Мене ми изгледа како да не е фокусиран на играта или со годините му паѓа концентрацијата.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.568
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

5 август 2020
Шести ден - 16-на финале:

Бери Хокинс 10:2 Александер Урсенбахер;
Стифен Мегваер 3:10 Мартин Гоулд;

5 август 2020
Шести ден - Осмина финале:

Џон Хигинс 3:5 Курт Мафлин;
Стјуарт Бингам 3:5 Марк Вилијамс;

Познати се учесниците и во последните 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Бери Хокинс;
Кајрен Вилсон - Мартин Гоулд;

Утре, четврток, 6 август 2020, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Нопон Саенгкам - Марк Селби;
15:30. Џад Трамп - Јан Бингтао.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.568
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

6 август 2020
Седми ден - Осмина финале:

Стјуарт Бингам 8:8 Марк Вилијамс;
Џад Трамп 3:5 Јан Бингтао;
Нопон Саенгкам 8:8 Марк Селби;
Џон Хигинс 11:13 Курт Мафлин;

7 август 2020
Осми ден - Осмина финале:

Стјуарт Бингам 11:13 Марк Вилијамс;
Антони МекГил 2:6 Џејми Кларк;
Нопон Саенгкам 12:13 Марк Селби;
Динг Џунхуи 4:4 Рони О'Саливен;
Џад Трамп 13:11 Јан Бингтао;

8 август 2020
Деветти ден - Осмина финале:

Утре, недела, 9 август 2020, треба да продолжат и да завршат вторите 4 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020:

14:00. Кајрен Вилсон 11:5 Мартин Гоулд;
14:00. Нил Робертсон 8:8 Бери Хокинс;
20:00. Антони МекГил 7:8 Џејми Кларк;
20:00. Динг Џунхуи 8:8 Рони О'Саливен.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Гледам Марфи и Мегваер изгубиле... Не им беше денот или се гледа дека изгубиле форма периодов?
Вчера ги гледав двата дуела, има меѓу дебитантиве прилично прецизни деца ама се гледа дека се исплашени, уште се спори..
Во право си дека Хигинс има големи промени... Мене ми изгледа како да не е фокусиран на играта или со годините му паѓа концентрацијата.
Ме разочара Шон Марфи, тој со Трамп ми се омилените играчи.

Годините си го прават своето очигледно кај Хигинс.

Претходните 2-3 години Хигинс се одржуваше на врвот со тоа што потешко беше против него да се добијат долги натпревари каде се играат 10 и повеќе фрејмови.
И така Хигинс 3 години за ред стигнуваше до финалето во Крусибл.

Следуваат оваа есен турнири во Европа, сега за сега ги нема во распоред турнирите кои вообичаено во Август и Септември се играа во Кина, можно е тие турнири во Кина да се играат во пролет 2021.

World Snooker Tour dates for remainder of 2020

September 13-20
Championship League

September 21-27
European Masters

September 28 to October 5
Championship League

October 12-18
English Open

October 23-27
Championship League

October 29 to November 1
Shoot Out

November 2-8
Champion of Champions

November 10-14
German Masters qualifiers

November 16-22
Northern Ireland Open

November 24 to December 6
UK Championship

December 7-13
Scottish Open

December 14-20
World Grand Prix
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.568
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

9 август 2020
Десетти ден - Осмина финале:

Кајрен Вилсон 13:9 Мартин Гоулд;
Нил Робертсон 13:9 Бери Хокинс;
Динг Џунхуи 10:13 Рони О'Саливен;
Антони МекГил 13:12 Џејми Кларк;

Денес, понеделник, 10 август 2020, во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020 силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Џад Трамп - Кајрен Вилсон;
11:00; 20:00. Марк Селби - Нил Робертсон;
15:30. Марк Вилијамс - Рони О'Саливен;
15:30. Курт Мафлин - Антони МекГил;

Во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020, исто како и во осмина финалето, се игра до максимални 25 фрејмови, односно во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020 ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 13 фрејмови.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.568
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

10 август 2020
Единаесетти ден - Четвртина финале:

Денес, вторник, 11 август 2020, треба да продолжат и да завршат мечовите од четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020:

11:00. Марк Селби 11:5 Нил Робертсон;
11:00; 20:00. Курт Мафлин 1:7 Антони МекГил;
15:30. Џад Трамп 6:10 Кајрен Вилсон;
15:30; 20:00. Марк Вилијамс 6:2 Рони О'Саливен.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.568
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

11 август 2020
Дванаесетти ден - Четвртина финале:

Марк Селби 13:7 Нил Робертсон;
Џад Трамп 9:13 Кајрен Вилсон;
Марк Вилијамс 10:13 Рони О'Саливен;
Курт Мафлин 10:13 Антони МекГил;

Утре, среда, 12 август 2020, треба да започнат мечовите од полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

14:00. Кајрен Вилсон - Антони МекГил;
20:00. Марк Селби - Рони О'Саливен;

Во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020 се игра до максимални 33 фрејмови, односно во финалето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 17 фрејмови.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Рони од 4-8, 13-10.
9-2 му напраи на играч ко Вилијамс. Идемо по титула стари.
Ова и не ме зачуди толку ама дефинитивно не помислував дека Трамп може да изгуби.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Ова и не ме зачуди толку ама дефинитивно не помислував дека Трамп може да изгуби.
Добро играше Вилсон.Немаше шанси Трамп со послабата игра покажана уште од почетокот на турнирот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom