The Coral Tour Championship gets underway this afternoon from Milton Keynes, with not only the top prize of £150,000 to be won, but also the [...]
wpbsa.com
Кој со кого може да се сретне на Светското првенство во Шефилд.
Пример актуелниот светски шампион Трамп во 1/16 финале ( прво коло) игра со квалификант, потоа проекција е потенцијално 1/8 финале со Јан Бинтао, 1/4 финале со Карен Вилсон/ Шон Марфи, 1/2 полуфинале со Џон Хигинс/ Мегвајер/ Марк Ален или Џек Лисовски.
Во другата половина на ждрепката се Рони О' Саливен, Нил Робертсон, Марк Селби, Марк Вилијамс, Динг, Стујарт Бингам, Дејвид Гилберт и со овие Трамп само во финале може да се сретне.
Тоа ако е во прво квалификант, ќе има врвни играчи во квалификациите, лани во прво коло Трамп едвај победи со 10-9 во прва рунда против оној играчот од Тајланд Тепчаја Уну некако се изговара тоа име.
Не може постојано да се победува, а и не би било интересно постојано во снукерот еден ист играч да победува секогаш.
Трамп ми е меѓу омилените играчи, но воопшто не му требаше после поразот да се жали на условите во салата и дека му било многу жешко да игра. Сигурно има клима уреди во салата, не му требаат ефтини изговори на Трамп туку и да биде голем во поразите и да им честита на противниците.