Снукер

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Што му фали на Лисовски?
Ок, дечкото не е ниво на О"Саливен, Трамп, Селби, Хигинс но сепак е млад и има простор за напредок во кариерата. Впрочем и не е мала работа да биде во топ 16 со 27 години. Кога тогаш ќе почне да освојува титули Лисовски.

О" Саливен има недостаток на мотивација и игра без желба често. Имам впечаток дека на некои натпревари сезонава тој физички иако беше присутен на турнирите не беше и психички присутен.
Како да не се замара со турнирите, неговата одбранбена игра е на ниско ниво сезонава.
Ќе дојде кога и да е до 37 рангирна титула.
Тоа е ствар на вкус :) Рони не си дозволува да поттурне топче за да игра на сигурно. Лисовски е надежен играч ама игра на сигурно. Сите што се фанови на Рони го сакаат заради неговата неспецифична, многу често и импулсивна игра. Он ја почитува играта и не ја става во втор план заради поените.
Он има проблем со концентрација и нерви и често губи заради темпераментот, ама е друго ниво во игра.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Тоа е ствар на вкус :) Рони не си дозволува да поттурне топче за да игра на сигурно. Лисовски е надежен играч ама игра на сигурно. Сите што се фанови на Рони го сакаат заради неговата неспецифична, многу често и импулсивна игра. Он ја почитува играта и не ја става во втор план заради поените.
Он има проблем со концентрација и нерви и често губи заради темпераментот, ама е друго ниво во игра.

Болдираното го чинеше и пораз во финалето во Северна Ирска од Џад Трамп. Против супер талентиран Трамп е потребна и одлична дефанзивна игра за победа, и самиот Трамп како созреан играч во денешно време користи дефанзивна игра и помалку форсира удари кои се ризични и како резултат на таа рационална игра има резултати, титули и прво место на рејкинг листата. Во минатото и Трамп играше нерезонски удари но тоа го промени.

О"Саливен може да продолжи и понатаму со таа импулсивна игра како што ја имаш напишано но и ќе има отприлика резултати какви што има сега. Секоја чест за се што има постигнато во кариерата и покрај тие негови приватни проблеми со неговото семејство, ама во 2019 на светското првенство во Шефилд кога играше со Џејмс Кејхил дојде на натпреварот ненаспиен и постојано се прозеваше и му се спиеше, е тоа баш беше неодговорно од О"Саливен на најголемиот и најпрестижен снукер турнир така да се појави. Тој натпревар се играше во два дена и после првиот ден имаше поголема коса а во вториот ден се појави потшишан, е замисли после резултатска негатива од првиот ден тој се потшишал а тоа што имал негатива испаѓа дека му било во втор план и си испадна од Џејмс Кејхил, чиј што е чичко легендата Стивен Хендри.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Британски Мастерс 2020
од 12 јануари 2020 до 19 јануари 2020
во англиската Александра Палата во Лондон

12 јануари 2020
Прв ден - Осмина финале:

Динг Џунхуи 3:6 Џо Пери;
Марк Селби 4:6 Али Картер;

Денес, понеделник, 13 јануари 2020, треба да се одиграат уште 2 меча од осмина финалето на Британскиот Мастерс 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Стифен Мегваер;
Марк Ален - Дејвид Гилберт.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Британски Мастерс 2020
од 12 јануари 2020 до 19 јануари 2020
во англиската Александра Палата во Лондон

13 јануари 2020
Втор ден - Осмина финале:

Нил Робертсон 5:6 Стифен Мегваер;
Марк Ален 1:6 Дејвид Гилберт;

Во меч со неверојатен пресврт, од резултат 1:5 во корист на Нил Робертсон, Стифен Мегваер успеа да израмни на 5:5 и на крајот да го освои мечот во последниот одлучувачки 11-ти фрејм и да се пласира во четвртина финалето на Британскиот Мастерс 2020 со резултат 6:5 .

Во 7-от фрејм, кој го означи пресвртот во мечот во корист на Мегваер, Мегваер го изведе - според Стив Дејвис - најневеројатниот потег во историјата на снукерот, кој заврши со непосакуван и неочекуван влез на белата топка во горната десна дупка. Дури и самиот Робертсон беше изненаден од потегот на Мегваер и од крајниот исход на истиот, па може да се каже дека до некаде и неволно се врати на масата откако белата топка влезе во дупката.



Утре, вторник, 14 јануари 2020, треба да се одиграат уште 2 меча од осмина финалето на Британскиот Мастерс 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Шон Марфи;
Џон Хигинс - Бери Хокинс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Британски Мастерс 2020
од 12 јануари 2020 до 19 јануари 2020
во англиската Александра Палата во Лондон

14 јануари 2020
Трет ден - Осмина финале:

Џад Трамп 3:6 Шон Марфи;
Џон Хигинс 6:1 Бери Хокинс;

Утре, среда, 15 јануари 2020, треба да се одиграат последните 2 меча од осмина финалето на Британскиот Мастерс 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Кајрен Вилсон - Џек Лисовски;
Марк Вилијамс - Стјуарт Бингам.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Британски Мастерс 2020
од 12 јануари 2020 до 19 јануари 2020
во англиската Александра Палата во Лондон

15 јануари 2020
Четврт ден - Осмина финале:

Кајрен Вилсон 6:2 Џек Лисовски;
Марк Вилијамс 2:6 Стјуарт Бингам;

Утре, четврток, 16 јануари 2020, треба да се одиграат првите 2 меча од четвртина финалето на Британскиот Мастерс 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Џо Пери - Шон Марфи;
Али Картер - Џон Хигинс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Британски Мастерс 2020
од 12 јануари 2020 до 19 јануари 2020
во англиската Александра Палата во Лондон

16 јануари 2020
Петти ден - Четвртина финале:

Џо Пери 3:6 Шон Марфи;
Али Картер 6:3 Џон Хигинс;

Денес, петок, 17 јануари 2020, треба да се одиграат останатите 2 меча од четвртина финалето на Британскиот Мастерс 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Стифен Мегваер - Дејвид Гилберт;
Кајрен Вилсон - Стјуарт Бингам.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Џо Пери 3:6 Шон Марфи;
Али Картер 6:3 Џон Хигинс;
Незнам дали ги гледаше... Картер и Хигинс играа со саати. Чудесен меч, на моменти те фаќа очај, па Хигинс чудесно се разбуди едно време и имаше неколку фантастични удари. Картер ретко ризикуваше, почесто одеше на сејфти удари...
Долг и неповрзан меч.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Британски Мастерс 2020
од 12 јануари 2020 до 19 јануари 2020
во англиската Александра Палата во Лондон

17 јануари 2020
Шести ден - Четвртина финале:

Стифен Мегваер 2:6 Дејвид Гилберт;
Кајрен Вилсон 4:6 Стјуарт Бингам;

Денес, сабота, 18 јануари 2020, во полуфиналето на Британскиот Мастерс 2020 силите ќе си ги измерат:

Шон Марфи - Али Картер;
Дејвид Гилберт - Стјуарт Бингам;

Незнам дали ги гледаше... Картер и Хигинс играа со саати. Чудесен меч, на моменти те фаќа очај, па Хигинс чудесно се разбуди едно време и имаше неколку фантастични удари. Картер ретко ризикуваше, почесто одеше на сејфти удари...
Долг и неповрзан меч.
Го гледав мечот, но како што можеш да видиш, малку доцна ги објавив резултатите, па немав време за коментар. :)

Еве Стјуарт Бингам направи пресвртница во четвртфиналниот меч против Кајрен Вилсон, губеше со 1:4 во корист на Вилсон, и на крајот победи со 6:4.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Британски Мастерс 2020
од 12 јануари 2020 до 19 јануари 2020
во англиската Александра Палата во Лондон

18 јануари 2020
Седми ден - Полуфинале:

Шон Марфи 3:6 Али Картер;
Дејвид Гилберт 2:6 Стјуарт Бингам;

Утре, недела, 19 јануари 2020, во финалето на Британскиот Мастерс 2020 силите ќе си ги измерат:

Али Картер - Стјуарт Бингам.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Британски Мастерс 2020
од 12 јануари 2020 до 19 јануари 2020
во англиската Александра Палата во Лондон

19 јануари 2020
Осми ден - Финале:

Али Картер 8:10 Стјуарт Бингам;

На 43 годишна возраст, Англичанецот Стјуарт Бингам за прв пат во својата професионална снукер кариера го освои Британскиот Мастерс, откако во финалето на Британскиот Мастерс 2020 извојува победа над својот 40 годишен сонародник Али Картер со резултат 10:8 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2019/2020 е Европскиот Мастерс 2020, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 22 јануари 2020 до 26 јануари 2020 во австрискиот саемски центар во Дорнбирн.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Европски Мастерс 2020
од 22 јануари 2020 до 26 јануари 2020
во австрискиот саемски центар во Дорнбирн

22 јануари 2020
Прв ден - 16-на финале:

Даниел Велс 0:5 Мајкл Холт;
Роби Вилијамс 2:5 Тепчаја Ан-Нух;
Граем Дот 5:3 Лианг Венбо;
Лиу Хаотиан 2:5 Нил Робертсон;
Тиан Пенгфеи 3:5 Али Картер;
Роберт Милкинс 0:5 Динг Џунхуи;
Џон Хигинс 5:2 Фергал О'Брајан;
Лу Нинг 3:5 Марко Фу;
Скот Доналдсон 5:2 Кајрен Вилсон;
Дејвид Лили 2:5 Бери Хокинс;
Џек Џоунс 2:5 Марк Селби;
Алфи Барден 3:5 Ксиао Гуодонг;

Утре, четврток, 23 јануари 2020, треба да се одиграат останатите 3 меча од 16-на финалето на Европскиот Мастерс 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Марк Вилијамс - Жоу Јуелонг;
Џексон Пејџ-продолжува во осмина финале - Јан Бингтао-се повлекол;
Гери Вилсон - Лука Бресел;
Мајкл Вајт - Жао Ксинтонг;

Исто така, утре, четврток, 23 јануари 2020, во осмина финалето на Европскиот Мастерс 2020 силите ќе си ги измерат:

Мајкл Холт - Али Картер;
Динг Џунхуи - Скот Доналдсон;
Џон Хигинс - Тепчаја Ан-Нух;
Граем Дот - Нил Робертсон;
Бери Хокинс - Марк Селби;
Марко Фу - Ксиао Гуодонг.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Европски Мастерс 2020
од 22 јануари 2020 до 26 јануари 2020
во австрискиот саемски центар во Дорнбирн

23 јануари 2020
Втор ден - 16-на финале:

Марк Вилијамс 4:5 Жоу Јуелонг;
Гери Вилсон 5:1 Лука Бресел;
Мајкл Вајт 2:5 Жао Ксинтонг;

23 јануари 2020
Втор ден - Осмина финале:

Мајкл Холт 4:5 Али Картер;
Динг Џунхуи 2:5 Скот Доналдсон;
Џон Хигинс 4:5 Тепчаја Ан-Нух;
Граем Дот 2:5 Нил Робертсон;
Жоу Јуелонг 5:3 Џексон Пејџ;
Бери Хокинс 5:4 Марк Селби;
Марко Фу 5:2 Ксиао Гуодонг;
Гери Вилсон 5:1 Жао Ксинтонг;

Утре, петок, 24 јануари 2020, во четвртина финалето на Европскиот Мастерс 2020 силите ќе си ги измерат:

Али Картер - Скот Доналдсон;
Тепчаја Ан-Нух - Нил Робертсон;
Жоу Јуелонг - Бери Хокинс;
Марко Фу - Гери Вилсон.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Европски Мастерс 2020
од 22 јануари 2020 до 26 јануари 2020
во австрискиот саемски центар во Дорнбирн

24 јануари 2020
Четврт ден - Четвртина финале:

Али Картер 5:1 Скот Доналдсон;
Тепчаја Ан-Нух 1:5 Нил Робертсон;
Жоу Јуелонг 5:2 Бери Хокинс;
Марко Фу 3:5 Гери Вилсон;

Утре, сабота, 25 јануари 2020, во полуфиналето на Европскиот Мастерс 2020 силите ќе си ги измерат:

Али Картер - Нил Робертсон;
Жоу Јуелонг - Гери Вилсон.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Европски Мастерс 2020
од 22 јануари 2020 до 26 јануари 2020
во австрискиот саемски центар во Дорнбирн

25 јануари 2020
Петти ден - Полуфинале:

Али Картер 1:6 Нил Робертсон;
Жоу Јуелонг 6:5 Гери Вилсон;

Денес, недела, 26 јануари 2020, во финалето на Европскиот Мастерс 2020 силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Жоу Јуелонг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom