Снукер

Член од
22 јули 2011
Мислења
618
Поени од реакции
641
@Sledge Hammer истакнаа програма за утре, преноси од 12:00 и од 17:00 на СпортКлуб 3. За следните денови немаат истакнато програма, ама веројатно ќе има преноси.

Имаат за денес и утре објавено програма од Спортклуб.
До пред короната од Спортклуб имаа редовно секогаш објавуваа точна тв програма за наредни 7 денови. Откако почна короната некогаш не објавуваат тв програма ниту од денес за утре што се вели.
Спортклуб во објавување на тв распоред станаа како МРТ. :D



Инаку, по првите два дена од лигата на шампиони, победници во своите групи и пласман во втората фаза обезбедија:
светскиот број 1 Џад Трамп, Рајан Деј, Бери Хоукинс и Роберт Милкинс.
За одбележување е максимумот од 147 поени на Рајан Деј во натпреварот против Род Лоулер во 1 коло од групата број 2.
Мало изненадување е победата на Роберт Милкинс во група во која фаворит беше Гери Вилсон, но Гери Вилсон после полуфиналето од Светското првенство од Мај 2019, во сезоната 2019/2020 немаше некои посебни резултати.

Резултати 1 ден:
Група 1: 1 коло: Трамп - Фен 3-1, МкМанус - Лили 1-3,
2 коло: МкМанус Фен 2-2, Трамп - Лили 3-1,
3 коло: Трамп - МкМанус 2-2, Лили - Фен 0-3.
Табела Група 1:
1. Трамп 7 поени ( 8-3) фрејмови
2. Фен 4 поени ( 6-5) фрејмови
3. Лили 3 поени (3-7) фрејмови
4. МкМанус 2 поени ( 5-7) фрејмови

Група 2: 1 коло: Рајан Деј - Род Лоулер 3-1, Метју Стивенс - П. Дејвисон 2-2,
2 коло: Метју Стивенс - Р. Лоулер 2-2, Рајан Деј - П. Дејвисон 3-0,
3 коло: Рајан Деј - Метју Стивенс 1-3, Р. Лоулер - П. Дејвисон 3-0.
Табела Група 2:
1. Рајан Деј 6 поени ( 7 -4) фрејмови
2. Метју Стивенс 5 поени ( 7-5) фрејмови
3. Род Лоулер 4 поени ( 6-5) фрејмови
4. П. Дејвисон 1 поен ( 2-8) фрејмови


Резултати 2 ден:
Група 3: 1 коло: Роберт Милкинс - Жифан Чен 3-0, Гери Вилсон -Џејмие Џонс 3-0
2 коло: Гери Вилсон - Жифан Чен 2-2, Роберт Милкинс - Џејмие Џонс 0-3,
3 коло: Роберт Милкинс - Гери Вилсон 3-0, Жифан Чен - Џејмие Џонс 1-3.
Табела група 3:
1. Роберт Милкинс 6 поени ( 6-3) фрејмови
2. Џејмие Џонс 6 поени ( 6-4) фрејмови
3. Гери Вилсон 4 поени ( 5-5) фрејмови
4. Жифан Чен 1 поен ( 3-8) фрејмови

Група 4: 1 коло: Бери Хоукинс - Бен Ханкорн 3-0, Сам Креиги - Џексон Пејг 2-2,
2 коло: Сем Креиги - Бен Ханкор 2-2, Бери Хоукинс - Џексон Пејџ 3-1,
3 коло: Џексон Пејџ - Бен Ханкорн 2-2, Сем Креиги - Бери Хоукинс 3-0.
Табела група 4:
1. Бери Хоукинс 6 поени ( 6-4) фрејмови
2. Сем Креиги 5 поени ( 7-4) фрејмови
3. Џексон Пејџ 2 поени ( 5-7) фрејмови
4. Бен Ханкорн 2 поени ( 4-7) фрејмови


Денес на програмата се натпреварите во групите 5 и 6.
Во групата 5 се играчите: Стивен Мегвајер, Доминик Дејл, Лео Фернандез и Луис Хиткот.
Во групата 6 се играчите: Јуелонг Жу, Рики Валден, Џерард Грин и Жао Јианбо.



Преноси на Спортклуб од натпреварите од групата број 5, каде фаворит за победа во групата е Стивен Мегвајер.

Натпреварите од групата 6 кој сака да ги следи треба да се регистрира на страницата
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
618
Поени од реакции
641
Лига на шампиони, се игра во Милтон Кејнс, Англија.
Резултати од 3 и 4 натпреварувачки ден, играни на 15 и 16 Септември 2020 година

Во 3 натпреварувачки ден на 15 Септември играа групите број 5 и број 6.

Група 5:

1 коло:
Стивен Мегвајер - Лео Фернандез 1-3,
Доминик Дејл - Луис Хиткот 3-0,
2 коло:
Лео Фернандез - Луис Хиткот 3-1,
Стивен Мегјвајер - Доминик Дејл 2-2,
3 коло:
Доминик Дејл - Лео Фернанде 3-1,
Стивен Мегвајер - Луис Хиткот 2-2.

Табела група 5:
1. Доминик Дејл 7 поени ( 8-3 фрејмови)
2. Лео Фернандез 6 поени ( 7-5 фрејмови)
3. Стивен Мегвајер 2 поени ( 5-7 фрејмови)
4. Луис Хиткот 1 поен ( 3-8 фрејмови)

Група 6:
1 коло:
Рики Валден - Џерард Грин 3-1
Јуелон Жу - Жао Јианбо 2-2,

2 коло:
Јуелон Жу - Џерард Грин 3-0,
Рики Валден - Жао Јианбо 1-3,

3 коло:
Рики Валден - Јуелонг Жу 2-2,
Џерард Грин - Жао Јианбо 2-2.

Табела група 6:
1. Јуелонг Жу 5 поени ( 7-4 фрејмови)
2. Жао Јианбо 5 поени ( 7-5 фрејмови)
3. Рики Валден 4 поени ( 6-6 фрејмови)
4. Џерард Грин 1 поен ( 3-8 фрејмови)


Во 4 натпреварувачки ден на 16 Септември 2020 година играа групите број 7 и број 8.

Група 7:

1 коло:
Бен Вуластон - Јиаху Си 0-3,
Метју Селт - Јанг Гао 3-1,

2 коло:
Метју Селт - Јиаху Си 3-1,
Бен Вуластон - Јанг Гао 2-2,

3 коло:
Метју Селт - Бен Вуластон 2-2,
Јиаху Си - Јанг Гао 2-2.

Табела Група 7:
1. Метју селт 7 поени ( 8-4 фрејмови)
2. Јиаху Си 4 поени ( 6-5 фрејмови)
3. Јанг Гао 2 поени ( 5-7 фрејмови)
4. Бен Вуластон 2 поени ( 4-7 фрејмови)

Група 8:

1 коло:
Шон Марфи - Петер Девлин 3-0,
Мартин О' Доннел - Џими Вајт 3-1,

2 коло:
Шон Марфи - Џими Вајт 3-0,
Мартин О' Доннел - Петер Девлин 3-0,

3 коло:
Шон Марфи - Мартин О' Доннел 2-2,
Џими Вајт - Петер Девлин 2-2.

Табела Група 8:
1. Шон Марфи 7 поени ( 9-1 фрејмови)
2. Мартин О' Доннел 7 поени ( 7-4 фрејмови)
3. Џими Вајт 1 поен ( 3-8 фрејмови )
4. Петер Девлин 1 поен ( 2-8 фрејмови)


Ова изгледа кај сите има сецкање и на моменти кочи сликата на Спортклуб 3, штом и коментаторот во некои моменти чекаше да престане да сецка сликата кога коментаторот велеше сега останува да видиме дали е направен снукер.
 
На врв Bottom