Снукер

Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Британски Шампионат во Снукер 2017
од 4 декември 2017 до 10 декември 2017
во англискиот центар Барбикан во Јорк

6 декември 2017
Трет ден - Осмина финале:

Марк Кинг 6:5 Џон Хигинс;
Граем Дот 2:6 Стифен Мегваер;
Ли Ханг 5:6 Рајан Деј;
Џо Пери 6:4 Марк Ален;

Денес, четврток, 7 декември 2017, треба да се одржат останатите 4 меча од осмина финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2017, во кои силите ќе си ги измерат:

Шон Марфи - Рики Волден;
Мартин Гоулд - Ксиао Гуодонг;
Марк Џојс - Лиу Хаотиан;
Рони О'Саливен - Акани Сонгсермсавад.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Британски Шампионат во Снукер 2017
од 4 декември 2017 до 10 декември 2017
во англискиот центар Барбикан во Јорк

7 декември 2017
Четврт ден - Осмина финале:

Шон Марфи 6:1 Рики Волден;
Мартин Гоулд 6:4 Ксиао Гуодонг;
Марк Џојс 6:4 Лиу Хаотиан;
Рони О'Саливен 6:5 Акани Сонгсермсавад;

Денес, петок, 8 декември 2017, во четвртина финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2017 силите ќе си ги измерат:

Стифен Мегваер - Џо Пери;
Рони О'Саливен - Мартин Гоулд;
Рајан Деј - Марк Џојс;
Шон Марфи - Марк Кинг.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Немаше среќа Акани, штета
Потегот кој требаше да му биде победнички на 22 годишниот Тајланѓанец кога водеше со 5:4, но заврши фатално по него и му овозможи на Рони О'Саливен да израмни на 5:5 .

Дури и самиот О'Саливен изјави дека Акани Сонгсермсавад заслужи да победи и дека, иако му е мило за својата победа, сепак чувствува жал бидејќи му ја украде победата со освојувањето на 10-от фрејм и израмнувањето на 5:5 .

 
Последно уредено:
Член од
22 октомври 2011
Мислења
1.281
Поени од реакции
798
Добар меч синока,Рони беше печен да изгубе али ете се извлече на крај некако,ништо не му идеше али ја имаше среката на негова страна....
Денес од 14 со Мартин Гулд,ако игра како синока со толку грешки ке си попие пораз али јас мислам дека добива денеска!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Британски Шампионат во Снукер 2017
од 4 декември 2017 до 10 декември 2017
во англискиот центар Барбикан во Јорк

8 декември 2017
Петти ден - Четвртина финале:

Стифен Мегваер 6:3 Џо Пери;
Рони О'Саливен 6:3 Мартин Гоулд;
Рајан Деј 6:5 Марк Џојс;
Шон Марфи 6:1 Марк Кинг;

Денес, сабота, 9 декември 2017, во полуфиналето на Британскиот Шампионат во Снукер 2017 силите ќе си ги измерат:

Стифен Мегваер - Рони О'Саливен;
Рајан Деј - Шон Марфи.
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
1.281
Поени од реакции
798
Шон Марфи после подолг период игра добар снукер па можно е негова победа на турниров,секако доколку Рони го дозволи тоа :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Британски Шампионат во Снукер 2017
од 4 декември 2017 до 10 декември 2017
во англискиот центар Барбикан во Јорк

9 декември 2017
Шести ден - Полуфинале:

Стифен Мегваер 4:6 Рони О'Саливен;
Рајан Деј 3:6 Шон Марфи;

Утре, недела, 10 декември 2017, во финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2017 силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Шон Марфи;

Кога се преместува снукер маса на професионален турнир во снукер, истата мора целосно да се расклопи и повторно да се склопи на новата локација каде што се преместува. После склопувањето на масата на новата локација, следуваат одредени тестирања за рамнотежата и израмнетоста на површината на масата.

Еве како холанѓанскиот судија Јан Верхаас ја тестира израмнетоста на површината на масата додека ја мести плавата топка на снукер масата. Снукер ветераните Нил Фоулдс и Џими Вајт претпоставуваат дека можеби Јан Верхаас позира за Плејбој. :D

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Британски Шампионат во Снукер 2017
од 4 декември 2017 до 10 декември 2017
во англискиот центар Барбикан во Јорк

10 декември 2017
Седми ден - Финале:

Рони О'Саливен 10:5 Шон Марфи;

На 5-от ден после неговиот 42-ри роденден, Англичанецот Рони О'Саливен по 6-ти пат во својата професионална снукер кариера ја освои титулата Британски Шампион во Снукер, откако во финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2017 извојува победа над својот 35 годишен сонародник Шон Марфи со резултат 10:5 .

Освојувајќи ја титулата Британски Шампион во Снукер по 6-ти пат, О'Саливен се изедначи со својот 60 годишен сонародник Стив Дејвис - единствениот друг професионален играч на снукер кој ја има освоено титулата Британски Шампион во Снукер 6 пати во својата професионална снукер кариера.





Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2017/2018 е Шкотското Отворено Првенство во Снукер 2017, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 11 декември 2017 до 17 декември 2017 во шкотската Емирати Арена во Глазгов.

 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Џон Хигинс за 6-та титула Британски Шампион во Снукер на Рони О'Саливен:

" Знаев дека ќе биде најголем уште на 15 годишна возраст, имаше сјај како Реди Брек (познат британски бренд на житарки) " ;

" Ја видов последната сесија на Рони со Шон и тоа ме натера повторно да го земам стапот и да почнам одново со тренинг " .




 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Шкотско Отворено Првенство во Снукер 2017
од 14 декември 2017 до 17 декември 2017
во шкотската Емирати Арена во Глазгов

14 декември 2017
Прв ден - 16-на финале:

Марко Фу 4:3 Жоу Јуелонг;
Нопон Саенгкам 1:4 Ксиао Гуодонг;
Крис Тотен 0:4 Нил Робертсон;
Дејвид Грејс 4:3 Жанг Анда;
Џон Хигинс 4:0 Џерард Грин;
Ешли Хјуџил 4:1 Питер Лајнс;
Мајкл Вајт 4:1 Кајрен Вилсон;
Ли Ханг 3:4 Рони О'Саливен;
Динг Џунхуи 3:4 Рори МекЛеод;
Марк Џојс 1:4 Рики Волден;
Том Форд 4:0 Стјуарт Карингтон;
Чао Јупенг 4:3 Даниел Велс;
Јан Бингтао 3:4 Стифен Мегваер;
Ксу Си 4:2 Креиг Стедман;
Елиот Слесор 4:3 Питер Ебдон;
Мајкл Холт 0:4 Џад Трамп;

14 декември 2017
Прв ден - Осмина финале:

Марко Фу 3:4 Ксиао Гуодонг;
Нил Робертсон 4:2 Дејвид Грејс;
Џон Хигинс 4:0 Ешли Хјуџил;
Мајкл Вајт 1:4 Рони О'Саливен;
Рори МекЛеод 3:4 Рики Волден;
Том Форд 0:4 Чао Јупенг;
Стифен Мегваер 4:1 Ксу Си;
Елиот Слесор 3:4 Џад Трамп;

Денес, петок, 15 декември 2017, во четвртина финалето на Шкотското Отворено Првенство во Снукер 2017 силите ќе си ги измерат:

Ксиао Гуодонг - Нил Робертсон;
Стифен Мегваер - Џад Трамп;
Џон Хигинс - Рони О'Саливен;
Рики Волден - Чао Јупенг;

Иако во последните 4 меѓусебни мечови по ред победата ја има извојувано Рони О'Саливен, Џон Хигинс чувствува дека Глазгов најверојатно е едно од ретките места каде што ќе води барем по бројот на обожаватели во публиката.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Шкотско Отворено Првенство во Снукер 2017
од 14 декември 2017 до 17 декември 2017
во шкотската Емирати Арена во Глазгов

15 декември 2017
Втор ден - Четвртина финале:

Ксиао Гуодонг 4:5 Нил Робертсон;
Стифен Мегваер 2:5 Џад Трамп;
Џон Хигинс 5:0 Рони О'Саливен;
Рики Волден 3:5 Чао Јупенг;

Утре, сабота, 16 декември 2017, во полуфиналето на Шкотското Отворено Првенство во Снукер 2017 силите ќе си ги измерат:

Чао Јупенг - Џад Трамп;
Нил Робертсон - Џон Хигинс;

За прв пат после Големата Снукер награда (Гран При) 1994, каде што во четвртина финалето извојува победа над Рони О'Саливен со резултат 5:0 , Џон Хигинс по втор пат во нивните меѓусебни мечови извојува победа против Рони О'Саливен "пуштајќи го низ вода", односно без О'Саливен да освои ниту еден фрејм, откако во четвртина финалето на Шкотското Отворено Првенство во Снукер 2017 Хигинс извојува победа над О'Саливен со резултат 5:0 .

 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Шкотско Отворено Првенство во Снукер 2017
од 14 декември 2017 до 17 декември 2017
во шкотската Емирати Арена во Глазгов

16 декември 2017
Трет ден - Полуфинале:

Чао Јупенг 6:4 Џад Трамп;
Нил Робертсон 6:3 Џон Хигинс;

Утре, недела, 17 декември 2017, во финалето на Шкотското Отворено Првенство во Снукер 2017 силите ќе си ги измерат:

Чао Јупенг - Нил Робертсон.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Шкотско Отворено Првенство во Снукер 2017
од 14 декември 2017 до 17 декември 2017
во шкотската Емирати Арена во Глазгов

17 декември 2017
Четврт ден - Финале:

Чао Јупенг 8:9 Нил Робертсон;

На 35 годишна возраст, Австралиецот Нил Робертсон ја освои 13-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на Шкотското Отворено Првенство во Снукер 2017 извојува победа над 27 годишниот Кинез Чао Јупенг со резултат 9:8 .

Освојувајќи го Шкотското Отворено Првенство во Снукер 2017, Нил Робертсон стана првиот Австралиец кој го освои овој професионален турнир во снукер од кога истиот за прв пат е одржан во Шкотска во 1997 година како Меѓународно Отворено Првенство во Снукер 1997, и за прв пат од 1998 година кога за прв пат турнирот е одржан како Шкотско Отворено Првенство во Снукер 1998.

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2017/2018 е Британскиот Мастерс 2018, нерангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 14 јануари 2018 до 21 јануари 2018 во англиската Александра Палата во Лондон.
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Каков пресврт....... од 8-4 му ја сврте,под притисок утна црна за победа која што иако беше 50-50,пред тоа утна и 2 розеви чисти...Поише искуство за кинезот друг пат у финале,се гледаше и на камерите колку му е тешко...... греота за него али ипак браво за Нил
 

Kajgana Shop

На врв Bottom