Снукер

Член од
22 јули 2011
Мислења
915
Поени од реакции
1.072
Денес стартува новата сезона 2021/2022 ама Спорт Клуб ќе пренесува и преносите ќе бидат на СК ХД каналот кој многумина го немаат.

Се работи за лигата на шампионите, нерангирачки турнир.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
915
Поени од реакции
1.072
Синоќа Англичанецот Дејвид Гилберт на 40- годишна возраст ја освои својата прва рангирачка титула во неговата професионална снукер кариера. Гилберт го освои турнирот Лига на шампиони со победа во финалето од 3-1 против Марк Ален од Северна Ирска.
Прекината е доминацијата на Кајрен Вилсон кој ја освојуваше титула во Лигата на шампионите во последните 2 изданија на турнирот.

Следен турнир во сезоната е веќе во Понеделник, Британскиот опен, турнир кој по пауза од повеќе од една деценија од последното одржување еве во оваа сезона повторно ќе се одржува овој турнир. Бидејќи поради пандемијата веројатно пак нема да има турнири во Кина, затоа е одлучено сезонава овој турнир да се игра.
Ќе има интересни дуели во 1 рунда реприза на финалето од Светското меѓу Марк Селби - Шон Марфи, како и двобојот на поранешните брачни партнери Марк Ален и неговата бивша Риан Еванс.

Рони О' Саливен и овој турнир ќе го пропушти покрај завршената Лига на шампиони каде се повлече во втората рунда. Недостаток на мотивација и проблеми со депресија си го прават своето.

Нил Робертсон и тој почнува да прескокнува турнири, веќе заостанува зад Џад Трамп во трката за т.н сенчери троцифрени брејкови. Човекот поради пандемијата долго не беше кај своите во Австралија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.758
Поени од реакции
7.838
Британско Отворено Првенство во Снукер 2021
од 20 август 2021 до 22 август 2021
во англиската Морнингсајд Арена во Лестер

20 август 2021
Прв ден - 16-на финале:

Лиам Хајфилд 0:3 Марк Вилијамс;
Алан Тејлор 1:3 Рос Мјур;
Џек Џоунс 2:3 Хосеин Вафеи;
Метју Селт 1:3 Жоу Јуелонг;
Џо О'Конор 3:2 Антони Хамилтон;
Ксу Си 0:3 Гери Вилсон;
Двејн Џоунс 2:3 Џими Робертсон;
Ендру Паџет 0:3 Дејвид Гилберт;
Али Картер 3:1 Оливер Лајнс;
Бен Ханкорн 1:3 Лу Нинг;
Лукас Клекерс 3:0 Ли Вокер;
Рики Волден 3:1 Џон Хигинс;
Џад Трамп 2:3 Елиот Слесор;
Жанг Џианканг 3:1 Панг Џунксу;
Хамад Миа 3:1 Лука Бресел;
Стифен Мегваер 3:0 Џордан Браун;


20 август 2021
Прв ден - Осмина финале:

Џими Робертсон 3:0 Стифен Мегваер;
Али Картер 1:3 Елиот Слесор;
Рики Волден 3:1 Рос Мјур;
Џо О'Конор 2:3 Жоу Јуелонг;
Дејвид Гилберт 3:0 Хамад Миа;
Лу Нинг 3:0 Лукас Клекерс;
Жанг Џианканг 2:3 Марк Вилијамс;
Хосеин Вафеи 2:3 Гери Вилсон;

Денес, сабота, 21 август 2021, во четвртина финалето на Британското Отворено Првенство во Снукер 2021 силите ќе си ги измерат:

Жоу Јуелонг - Елиот Слесор;
Дејвид Гилберт - Гери Вилсон;
Лу Нинг - Џими Робертсон;
Марк Вилијамс - Рики Волден.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.758
Поени од реакции
7.838
Британско Отворено Првенство во Снукер 2021
од 20 август 2021 до 22 август 2021
во англиската Морнингсајд Арена во Лестер

21 август 2021
Втор ден - Четвртина финале:

Жоу Јуелонг 3:4 Елиот Слесор;
Дејвид Гилберт 3:4 Гери Вилсон;
Лу Нинг 2:4 Џими Робертсон;
Марк Вилијамс 4:3 Рики Волден;

21 август 2021
Втор ден - Полуфинале:

Гери Вилсон 4:3 Елиот Слесор;
Џими Робертсон 1:4 Марк Вилијамс;

Денес, недела, 22 август 2021, во финалето на Британското Отворено Првенство во Снукер 2021 силите ќе си ги измерат:

Гери Вилсон - Марк Вилијамс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.758
Поени од реакции
7.838
Британско Отворено Првенство во Снукер 2021
од 20 август 2021 до 22 август 2021
во англиската Морнингсајд Арена во Лестер

22 август 2021
Трет ден - Финале:

Гери Вилсон 4:6 Марк Вилијамс;

На 46 годишна возраст, Велшанецот Марк Вилијамс ја освои 24-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на Британското Отворено Првенство во Снукер 2021 извојува победа над 36 годишниот Англичанец Гери Вилсон со резултат 6:4 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2021/2022 е Северноирското Отворено Првенство во Снукер 2021, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 9 октомври 2021 до 17 октомври 2021 во северноирскиот Градски Крајбрежен Центар во Белфаст.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
915
Поени од реакции
1.072
Дечки не е снукер, но деновиве на Спорт клуб 3 одат преноси од билијард.
Се работи за еден од најпрестижните турнири, првенството на САД во билијард.

И интересно е што и Џад Трамп еден од најдобрите снукер играчи во последните неколку години, и тој се натпреварува на овој билијард турнир. Веќе помина први две рунди, утре игра во 3 рунда на турнирот.
Овој билијард турнир се одржува во Американскиот град Атлантик Сити.

Преносите на Спорт клуб 3 се одвиваат во две сесии: од 16:00 и од 22:00 по средно Европско време.

Џад Трамп по стапките на Рони О' Саливен, Марк Селби, Алекс Хигинс, Стив Дејвис и уште неколку снукераши се префрли на кратко од зелената на сината маса.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
3.172
Поени од реакции
3.052
Дечки не е снукер, но деновиве на Спорт клуб 3 одат преноси од билијард.
Се работи за еден од најпрестижните турнири, првенството на САД во билијард.

И интересно е што и Џад Трамп еден од најдобрите снукер играчи во последните неколку години, и тој се натпреварува на овој билијард турнир. Веќе помина први две рунди, утре игра во 3 рунда на турнирот.
Овој билијард турнир се одржува во Американскиот град Атлантик Сити.

Преносите на Спорт клуб 3 се одвиваат во две сесии: од 16:00 и од 22:00 по средно Европско време.

Џад Трамп по стапките на Рони О' Саливен, Марк Селби, Алекс Хигинс, Стив Дејвис и уште неколку снукераши се префрли на кратко од зелената на сината маса.
Таму претпоставувам ќе го сретнеш и Jason "Eagle Eye" Shaw кои почнал како снукер играч па се префрлил на билијард, исто и Еклент Качи од Албанија (дечково еднаш беше дојден и на турнир во МКД и се натпреваруваше во моменти кога беше топ 3 во свет (ако не беше и прв на листа)
Обично и еден лик од македонија често оди на US Open ама незнам дали и годинава е отиден. Последен пат пред 2 години изгуби во 3то коло
 

Kajgana Shop

На врв Bottom