Снукер

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Синоќа Кајрен Вилсон ја освои титулата на лигата на шампионите, нерангирачки турнир.
Во финалето Кајрен Вилсон - Марк Вилијамс 3-2.

Во последниот дуел од групна фаза против Јуелонг од Кина, во полуфиналето против Џон Хигинс и во финалето против Марк Вилијамс, во сите овие три натпревари Кајрен Вилсон губеше со 0-2 но успеа да направи резултатски пресврти и со 3-2 ги доби сите три натпоревари и ја освои титулата.
Плус во овој турнир Кајрен Вилсон направи 23 троцифрени брејкови и го урна рекордот на Нил Робертсон кој претходно имаше 22 троцифрени брејкови на еден турнир.

Во Октомври 2020 лани, Кајрен Вилсон во финалето на лигата на шампионите го победи Џад Трамп со 3-1, но тогаш тоа издание на лигата на шампионите се водеше како рангирачки турнир, а вчерашното издание на лигата на шампионите беше нерангирачки турнир.


Сега од Понеделник 5 Април почнуваат квалификациите за Светското првенство кој турнир ќе биде и последен турнир во 2020/2021 сезона.
На 5 Април во 1 квалификациско коло ќе играат меѓусебе легендите Стивен Хендри - Џими Вајт, играчи кои во 90-тите године на 20 век играа 4 финалиња во Крусибл и сите 4 финалиња ги доби Стивен Хендри.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Утре, сабота, 17 април 2021, започнува Светскиот Шампионат во Снукер 2021 - последниот и најголемиот професионален турнир во снукер од сезоната 2020/2021.

Бранител на титулата Светски Шампион во Снукер е 45 годишниот Англичанец Рони О'Саливен, кој извојува победа над својот сонародник Кајрен Вилсон во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020 со резултат 18:8 .

Во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021 се игра до максимални 19 фрејмови, односно во осмина финалето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 10 фрејмови.

Утре, сабота, 17 април 2021, во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021 силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Рони О'Саливен - Марк Џојс;
11:00. Јан Бингтао - Мартин Гоулд;
15:30. Стифен Мегваер - Џејми Џоунс;
15:30. Нил Робертсон - Лианг Венбо;
20:00. Дејвид Гилберт - Крис Вејклин;

Временските термини се според македонска временска зона.



 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

17 април 2021
Прв ден - 16-на финале:

Јан Бингтао 4:4 Мартин Гоулд;
Стифен Мегваер 4:5 Џејми Џоунс;
Нил Робертсон 6:3 Лианг Венбо;
Рони О'Саливен 10:4 Марк Џојс;
Дејвид Гилберт 7:2 Крис Вејклин;

Утре, недела, 18 април 2021, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 2 меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00. Антони МекГил - Рики Волден;
15:30. Џон Хигинс - Тиан Пенгфеи.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

18 април 2021
Втор ден - 16-на финале:

Антони МекГил 5:4 Рики Волден;
Јан Бингтао 10:6 Мартин Гоулд;
Џон Хигинс 3:4 Тиан Пенгфеи;
Дејвид Гилберт 10:4 Крис Вејклин;
Стифен Мегваер 4:10 Џејми Џоунс;
Нил Робертсон 10:3 Лианг Венбо;

Утре, понеделник, 19 април 2021, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 3 меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00. Динг Џунхуи - Стјуарт Бингам;
11:00; 20:00. Кајрен Вилсон - Гери Вилсон;
15:30. Џек Лисовски - Али Картер.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

19 април 2021
Трет ден - 16-на финале:

Динг Џунхуи 5:4 Стјуарт Бингам;
Џек Лисовски 5:4 Али Картер;
Антони МекГил 10:5 Рики Волден;
Џон Хигинс 10:7 Тиан Пенгфеи;
Кајрен Вилсон 10:8 Гери Вилсон;

Веќе се почнати учесниците во првиот меч од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, каде што силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Антони МекГил;

Утре, вторник, 20 април 2021, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 3 меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Марк Ален - Лиу Хаотиан;
15:30. Џад Трамп - Лиам Хајфилд;
20:00. Бери Хокинс - Метју Селт.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

20 април 2021
Четврт ден - 16-на финале:

Џек Лисовски 10:9 Али Картер;
Џад Трамп 7:2 Лиам Хајфилд;
Динг Џунхуи 9:10 Стјуарт Бингам;
Марк Ален 10:2 Лиу Хаотиан;
Антони МекГил 10:5 Рики Волден;
Бери Хокинс 6:3 Метју Селт;

Познати се учесниците во уште 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

Стјуарт Бингам - Џејми Џоунс;
Нил Робертсон - Џек Лисовски;

Денес, среда, 21 април 2021, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат и последните 3 меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Марк Вилијамс - Сем Крејги;
11:00. Шон Марфи - Марк Дејвис;
15:30. Марк Селби - Курт Мафлин.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

21 април 2021
Петти ден - 16-на финале:

Шон Марфи 4:5 Марк Дејвис;
Марк Селби 8:1 Курт Мафлин;
Џад Трамп 10:4 Лиам Хајфилд;
Бери Хокинс 10:3 Метју Селт;
Марк Вилијамс 10:4 Сем Крејги;

Познати се учесниците во уште 3 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

Дејвид Гилберт - Џад Трамп;
Бери Хокинс - Кајрен Вилсон;
Џон Хигинс - Марк Вилијамс;

Денес, четврток, 22 април 2021, покрај продолжувањето и завршувањето на последните 2 меча од 16-на финалето, треба да започнат и првите 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

14:00. Рони О'Саливен - Антони МекГил;
20:00. Нил Робертсон - Џек Лисовски;

Во осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021 се игра до максимални 25 фрејмови, односно во четвртина финалето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 13 фрејмови.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

22 април 2021
Шести ден - 16-на финале:

Шон Марфи 10:7 Марк Дејвис;
Марк Селби 10:1 Курт Мафлин;

22 април 2021
Шести ден - Осмина финале:

Рони О'Саливен 4:4 Антони МекГил;
Нил Робертсон 5:3 Џек Лисовски;

Познати се учесниците и во последните 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

Шон Марфи - Јан Бингтао;
Марк Ален - Марк Селби;

Утре, петок, 23 април 2021, покрај продолжувањето и евентуалното завршување на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Бери Хокинс - Кајрен Вилсон;
15:30. Џон Хигинс - Марк Вилијамс.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

22 април 2021
Шести ден - 16-на финале:

Шон Марфи 10:7 Марк Дејвис;
Марк Селби 10:1 Курт Мафлин;

22 април 2021
Шести ден - Осмина финале:

Рони О'Саливен 4:4 Антони МекГил;
Нил Робертсон 5:3 Џек Лисовски;

Познати се учесниците и во последните 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

Шон Марфи - Јан Бингтао;
Марк Ален - Марк Селби;

Утре, петок, 23 април 2021, покрај продолжувањето и евентуалното завршување на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Бери Хокинс - Кајрен Вилсон;
15:30. Џон Хигинс - Марк Вилијамс.
Мал коментар за вчерашните мечеви:
Селби фантастично прецизен, Робертсон и Лисовски катастрофално непрецизни... Не памтам кога последно сум гледала толку мачни фрејмови со фаули за внесување на грешни топки. Се надевам денес малку ќе бидат подобри.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

23 април 2021
Седми ден - Осмина финале:

Бери Хокинс 7:9 Кајрен Вилсон;
Џон Хигинс 3:5 Марк Вилијамс;
Нил Робертсон 9:7 Џек Лисовски;
Рони О'Саливен 12:13 Антони МекГил;

Рони О'Саливен ја заврши неуспешно одбраната на својата титула Светски Шампион во Снукер, откако во осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021 изгуби од Антони МекГил во последен одлучувачки фрејм со резултат 12:13 .

Утре, сабота, 24 април 2021, покрај продолжувањето и евентуалното завршување на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

15:30. Марк Ален - Марк Селби;
20:00. Шон Марфи - Јан Бингтао.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Мал коментар за вчерашните мечеви:
Селби фантастично прецизен, Робертсон и Лисовски катастрофално непрецизни... Не памтам кога последно сум гледала толку мачни фрејмови со фаули за внесување на грешни топки. Се надевам денес малку ќе бидат подобри.

Ти си дама?
Фино, баш ми е драго што и од спротивниот пол да има некој кој следи снукер. Одлично. :)

Инаку со елиминацијата на Рони О' Саливен од синоќа, за него ова ќе му биде прва сезона во неговата кариера да ја заврши сезоната без освоен рангирачки турнир. Изгуби 5 рангирачки финалиња оваа сезона што е зачудувачки факт.

Џон Хигинс мора помалку да биде на некој начин изнервиран и опседнат додека е на потег на масата. Некако ми делува многу еуфорично опседнат кога е на потег и тоа не е добро, се гледа дека бргу ја губи концентрацијата и прави многу грешки и нема големи брејкови како некогаш, да и годините имаат влијание.
Кој гледаше на 1 Април лига на шампиони кога играше Хигинс против Трамп знае на што мислам, во тој дуел Хигинс беше многу изнервиран, се гледаше дека му беше ептен битно да го добие Трамп во меѓусебен дуел бидејќи Хигинс влезе во негативна серија од последователни 6-7 порази против Трамп, изгоре во тој дуел Хигинс и загуби.

Ако сака победа против Марк Вилијамс, едноставно Хигинс ќе мора да ги исфрли негативните мисли и енергија.

Марк Селби - Марк Ален треба да биде извонредно интересен и неизвесен двобој, тие двајца имаат играно меѓусебно голем број дуели на максимален број фрејмови, скоро пола од нивни меѓусебни дуели им се на максимален број фрејмови.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

24 април 2021
Осми ден - Осмина финале:

Нил Робертсон 13:9 Џек Лисовски;
Марк Ален 2:6 Марк Селби;
Бери Хокинс 10:13 Кајрен Вилсон;
Џон Хигинс 7:13 Марк Вилијамс;
Шон Марфи 6:2 Јан Бингтао;

Веќе се познати учесниците во првиот меч од четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, каде што силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Кајрен Вилсон;

Утре, недела, 25 април 2021, покрај продолжувањето и евентуалното завршување на веќе започнатите мечови, треба да започнат и последните 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Стјуарт Бингам - Џејми Џоунс;
11:00; 20:00. Дејвид Гилберт - Џад Трамп.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

25 април 2021
Деветти ден - Осмина финале:

Утре, понеделник, 26 април 2021, треба да продолжат и да завршат последните 4 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021:

14:00. Стјуарт Бингам 9:6 Џејми Џоунс;
14:00. Дејвид Гилберт 5:11 Џад Трамп;
20:00. Марк Ален 6:9 Марк Селби;
20:00. Шон Марфи 10:6 Јан Бингтао.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2021
од 17 април 2021 до 3 мај 2021
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

26 април 2021
Десетти ден - Осмина финале:

Стјуарт Бингам 13:6 Џејми Џоунс;
Дејвид Гилберт 8:13 Џад Трамп;
Марк Ален 7:13 Марк Селби;
Шон Марфи 13:7 Јан Бингтао;

Утре, вторник, 27 април 2021, треба да започнат мечовите од четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, каде што силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Антони МекГил - Стјуарт Бингам;
11:00; 20:00. Нил Робертсон - Кајрен Вилсон;
15:30. Марк Вилијамс - Марк Селби;
15:30. Шон Марфи - Џад Трамп;

Во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021, исто како и во осмина финалето, се игра до максимални 25 фрејмови, односно во полуфиналето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 13 фрејмови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom