Снукер

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990
Рони сега игра од осум.
Автоматски споено мислење:

За одбележување на Северна Ирска опен е 5 максимум од 147 поени во кариерата на Џад Трамп, но мислам дека Трамп нема да ги достигне оние 15 максимуми од 147 поени на Рони О' Саливен тоа е тешко достижно.

Трамп ќе биде рекордер по бројот на троцифрени брејкови, моментално Рони О' Саливен синоќа го направи 1066 троцифрен брејк, Трамп и Робертсон имаат по 743 троцифрени брејкови но младоста е предноста на Трамп кој е 6 години помлад од Робертсон и Робертсон порано ќе ја заврши кариерата од Трамп еден ден. Самиот Трамп своевремено даде изјава во која истакна дека смета дека ќе стигне до 1500 троцифрени брејкови во кариера. Со оглед дека е на 31 година и е на пола кариера со 743 троцифрени брејкови има шанси да стигне до 1500.

Рони О' Саливен беше во одредени моменти во кариерата несериозен, прескокнуваше многу турнири и со тоа е краток сигурно за најмалку 200 троцифрени брејкови, за време на корона лок-даунот О' Саливен рече дека во оваа 2020/2021 сезона ќе има сериозен пристап и дека ќе игра на секој можен турнир но пак е несериозен, не учествуваше на квалификациите за Германскиот мастерс.

Трамп е инспириран на овој турнир, му се допаѓа трофејот кој го носи името на Алекс Хигинс легендата.

Мене лично меѓу поомилените турнири ми се Шампион на шампионите ( турнирот кој пред две недели се одржа и кој го освои Марк Ален), УК шампионатот ( почнува на 23 Ноември и ќе трае до 6 Декември) и Шкотска Опен - трофеј кој го носи името на легендата Стивен Хендри. Овие 3 турнири баш ги сакам кога се одржуваат.
Автоматски споено мислење:



Да не ти е Динг меѓу поомилените играчи?
Симпа играч е Динг за мене, се надевам еден ден ќе успее да го освои Светското и да комплетира ''Трипл круната''.
Не, јас сум фан на Рони од пред 15-16 години. Инаку чекав да видам дали он ке се падне со Рони или Селби.
Автоматски споено мислење:

Уште не знам зошто се облекуваат ко конобари.

Кај гледате? На СК вчера немаше (имам СК1-6). Колку ми беше досадно што земав голф да гледам. Тоа е кулминација на досадата. Ако има снукер на СК може ќе има некаков спас. :angel:
Па таков е дрескодот. Како во фудбал што мора да има штуцни, костобрани, дрес.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.292
Насловов и веста....

 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990
Има проблем со стомакот Рони и вчера кажа тоа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Северноирско Отворено Првенство во Снукер 2020
од 19 ноември 2020 до 22 ноември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

20 ноември 2020
Втор ден - Четвртина финале;

Џад Трамп 5:1 Скот Доналдсон;
Али Картер 5:3 Курт Мафлин;
Дејвид Грејс 5:2 Јан Бингтао;
Динг Џунхуи 2:5 Рони О'Саливен;

Утре, сабота, 21 ноември 2020, во полуфиналето на Северноирското Отворено Првенство во Снукер 2020 силите ќе си ги измерат:

Али Картер - Рони О'Саливен;
Џад Трамп - Дејвид Грејс.

Добро бе и ти си чекал Динг да победи. Кај си со денови?
:P
Таму каде што сум вообичаено, не се секирај, ќе добиеш информација ако имам некакви промени во распоредот. :P

Не се замарам со објавување на резултати од раните фази на турнирите, општо е познат фактот дека најдобрите мечови се од 16-на финалето па кон крајот на турнирите и секогаш од таму почнувам со објавување на резултатите.

Кој сака објавување на поопширни и подетални резултати од раните фази на турнирите, добредојден е да ги објави истите на темава доколку сака.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Синоќе го гледав Рони и беше прилично добра игра. Дечково од Тајланд е интересен играч, брз, мада му фали искуство и греши тривијални удари... Во секој случај надежен играч..
Ги гледав двата меча на Ален и беа катастрофално досадни. (бар за мене).
Трамп ми е чуден последно време ми остава впечаток дека не е фокусиран.

Тој играчот од Тајланд во 2019 на Светското првенство во 1 рунда против Трамп имаше цело време предност од 3 фрејмови, водеше и 9-7 и беше на 1 фрејм од победа и сензација против Трамп но падна Тајланѓанецот.
И Трамп направи пресврт и се спаси од пораз и потоа Трамп играше се подобро и ја освои првата титула Светски шампион Трамп. Фактички Тајланѓанецот го направи Трамп светски шампион.
И оваа 2020 во 1 рунда на Светското првенство тој Тајланѓанецот играше 1 рунда против О'Саливен и изгуби.
Во превод: следна година на Светското играчот кој ќе игра 1 рунда против Тајланѓанецот ќе ја освои титулата. :)
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:



Не, јас сум фан на Рони од пред 15-16 години. Инаку чекав да видам дали он ке се падне со Рони или Селби.
Автоматски споено мислење:
Селби рано испадна уште во 2 рунда на Северна Ирска опен.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Северноирско Отворено Првенство во Снукер 2020
од 19 ноември 2020 до 22 ноември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

21 ноември 2020
Трет ден - Полуфинале:

Али Картер 3:6 Рони О'Саливен;
Џад Трамп 6:2 Дејвид Грејс;

Утре, недела, 22 ноември 2020, во финалето на Северноирското Отворено Првенство во Снукер 2020 силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Џад Трамп.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Финалето се игра од 14 часот, на 9 добиени фрејма. :D

Во 14:00 се играат 8 фрејмови, и потоа мечот продолжува во вечерна сесија од 20:00. На Евроспорт 2 од 14:00 до некаде 15:20 е пренос потоа се префрлаат на Бундес лигата. Во 20:00 на Евроспорт 1 е вечерна сесија.
Во 2018 во финалето резултатот беше клацкалица беше 4-4 после првата сесија и цело време беше тесно се до еден момент кога О' Саливен имаше 7-6 и Трамп освои 3 фрејмови во серија и победи со 9-7.
Во 2019 цело време Трамп водеше беше 5-3 за Трамп после прва сесија.

О" Саливен треба да има одлична дефанзивна игра за успех против Трамп бидејќи Трамп како поминуваат рундите на турнирите игра се подобро во подоцнежните фази.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Северноирско Отворено Првенство во Снукер 2020
од 19 ноември 2020 до 22 ноември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

22 ноември 2020
Четврт ден - Финале:

Рони О'Саливен 7:9 Џад Трамп;

На 31 годишна возраст, Англичанецот Џад Трамп ја освои 19-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако трета година по ред во финалето на Северноирското Отворено Првенство во Снукер, овој пат во финалето на Северноирското Отворено Првенство во Снукер 2020, трета година по ред извојува победа над својот 44 годишен сонародник Рони О'Саливен, трета година по ред со истиот резултат 9:7 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2020/2021 е Британскиот Шампионат во Снукер 2020, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 23 ноември 2020 до 6 декември 2020 во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Британски Шампионат во Снукер 2020
од 30 ноември 2020 до 6 декември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

30 ноември 2020
Прв ден - 16-на финале:

Жоу Јуелонг 6:5 Чанг Бингју;
Џек Џоунс 2:6 Џон Хигинс;
Роберт Милкинс 3:6 Бери Хокинс;
Џад Трамп 6:1 Лианг Венбо;
Дејвид Грејс 3:6 Ксиао Гуодонг;
Антони МекГил 6:1 Чен Зифан;
Ли Ханг 2:6 Нил Робертсон;
Граем Дот 6:2 Стјуарт Бингам;

Денес, вторник, 1 декември 2020, треба да се одиграат останатите 8 меча од 16-на финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Џек Лисовски - Ксу Си;
Марк Селби - Хосеин Вафеи;
Курт Мафлин - Кајрен Вилсон;
Џо Пери - Џо О'Конор;
Марк Вилијамс - Рики Волден;
Елиот Слесор - Лу Нинг;
Стифен Мегваер - Панг Џунксу;
Џејми Џоунс - Александер Урсенбахер.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Британски Шампионат во Снукер 2020
од 30 ноември 2020 до 6 декември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

1 декември 2020
Втор ден - 16-на финале:

Џек Лисовски 6:2 Ксу Си;
Марк Селби 6:2 Хосеин Вафеи;
Курт Мафлин 3:6 Кајрен Вилсон;
Џо Пери 6:5 Џо О'Конор;
Марк Вилијамс 5:6 Рики Волден;
Елиот Слесор 1:6 Лу Нинг;
Стифен Мегваер 5:6 Панг Џунксу;
Џејми Џоунс 6:4 Александер Урсенбахер;

Денес, среда, 2 декември 2020, треба да се одиграат првите 4 меча од осмина финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Жоу Јуелонг - Џон Хигинс;
Антони МекГил - Нил Робертсон;
Марк Селби - Бери Хокинс;
Џо Пери - Џејми Џоунс.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Британски Шампионат во Снукер 2020
од 30 ноември 2020 до 6 декември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

2 декември 2020
Трет ден - Осмина финале:

Жоу Јуелонг 6:2 Џон Хигинс;
Антони МекГил 4:6 Нил Робертсон;
Марк Селби 6:3 Бери Хокинс;
Џо Пери 6:3 Џејми Џоунс;

Утре, четврток, 3 декември 2020, треба да се одиграат останатите 4 меча од осмина финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Ксиао Гуодонг - Џек Лисовски;
Џад Трамп - Рики Волден;
Граем Дот - Кајрен Вилсон;
Лу Нинг - Панг Џунксу.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Британски Шампионат во Снукер 2020
од 30 ноември 2020 до 6 декември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

3 декември 2020
Четврт ден - Осмина финале:

Ксиао Гуодонг 4:6 Џек Лисовски;
Џад Трамп 6:3 Рики Волден;
Граем Дот 1:6 Кајрен Вилсон;
Лу Нинг 6:2 Панг Џунксу;

Утре, петок, 4 декември 2020, во четвртина финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2020 силите ќе си ги измерат:

Џек Лисовски - Жоу Јуелонг;
Марк Селби - Нил Робертсон;
Џад Трамп - Кајрен Вилсон;
Лу Нинг - Џо Пери.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom