Снукер

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Под договор сум уште 3 години, ама нема еден асален канал. 2 Хистори, 6 СК, Фокс и нешто за филмови. Не сум баш задоволен, ама договор си е договор.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Под договор сум уште 3 години, ама нема еден асален канал. 2 Хистори, 6 СК, Фокс и нешто за филмови. Не сум баш задоволен, ама договор си е договор.
Нели вообичаено обврзувачките договори траат 2 години ?

Како и да е, заборавив да ги спомнам Тотал ТВ, всушност нив ги сметам за најдобрата можна опција. Доколку живееш во куќа или доколку живееш во стан со добар поглед кон југ и југозапад, тогаш слободно стави си сателитска телевизија од Тотал ТВ кога ќе можеш да си дозволиш, нема да бидеш разочаран. Мислам дека и Тотал ТВ нудат - или барем до неодамна нудеа - оптички Интернет преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком. Не знам каков им е/бил нивниот оптички Интернет преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, ниту па дали сеуште го нудат.

Јас лично баш од пред година дена, односно од октомври 2019 па наваму, користам IPTV телевизија и оптички Интернет од Неотел преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, од Интернетот сум максимално задоволен, телевизијата исто така е на задоволително ниво, но мораат Неотел да поработат на подобрување на нивната Андроид апликација преку која им функционира нивната IPTV телевизија, а за жал не делуваат како да се сериозно посветени на таквиот технолошки предизвик.

Тотал ТВ не можам да си дозволам бидејќи повисокиот дел од мојата станбена зграда ми го попречува погледот кон југозапад каде што се повеќето европски сателити, ќе треба да ја качувам сателитската чинија горе на покривот од зградата, да влечкам кабел до станот и како капак на се`, секој пат кога ќе дувне посилен ветар или ќе падне поголемо количество снег, ќе морам да се качувам горе на покривот за да ја чистам и поларизирам антената одново и одново, а не сум нешто многу ентузијастички расположен за такви авантури.

Баба ми користи кабелска телевизија од Телекабел и можам да ти потврдам дека водејќи се според принципот колку пари = толку музика, за 450 денари месечно без обврзувачки договор нудат добра услуга - не е ниту блиску до одлична, но дефинитивно е добра, а кабелскиот Интернет им е катастрофа.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Како се поставени баракиве, гледам точно кај комшиката во прозор. Беше добар поглед до пред 15тина год. :D

Шала на страна. Само што земав телефон (затоа потпишав договор), ама укинаа 3 канали! Доле имам Бум тв, од него сум задоволен- НВО три канали и сите од Близу. Близу земав за спорт најмногу, ама слабо. Сѐ им се доплаќа. И не знам дали се 2 или 3 години, ама потпишав пред месец дена. 100че плаќам, и Бум и Близу.
Има на нет Еуро, па таму гледам (jagledam или нешто слично се викаше). :)

Ама сепак фала.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Англиско Отворено Првенство во Снукер 2020
од 15 октомври 2020 до 18 октомври 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

17 октомври 2020
Трет ден - Полуфинале:

Марк Селби 5:6 Нил Робертсон;
Џон Хигинс 4:6 Џад Трамп;

Утре, недела, 18 октомври 2020, во финалето на Англиското Отворено Првенство во Снукер 2020 силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Џад Трамп.
 
Последно уредено:
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
Англиско Отворено Првенство во Снукер 2020
од 15 октомври 2020 до 18 октомври 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

17 октомври 2020
Трет ден - Полуфинале:

Марк Селби 5:6 Нил Робертсон;
Џон Хигинс 4:6 Џад Трамп;

Утре, недела, 18 октомври 2020, во финалето на Англиското Отворено Првенство во Снукер 2020 силите ќе си ги измерат:

Марк Селби - Џад Трамп.
Не Робертсон - Трамп?
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Денес очекувам неизвесно финале.

Робертсон подобри партии прикажа на овој турнир и мала предност давам на Робертсон, 9-7 за Робертсон.
Хигинс синоќа самиот се победи, напаѓаше кога не требаше во 9 фрејм.
Автоматски споено мислење:

Под договор сум уште 3 години, ама нема еден асален канал. 2 Хистори, 6 СК, Фокс и нешто за филмови. Не сум баш задоволен, ама договор си е договор.

Има на фејсбук објавуваат и споделуваат видео преноси од снукер натпревари.
Барај АГТВ на фејсбук, на претходна страница од оваа тема јас споделив на 24 Септември линкви од фејсбук страници каде пуштаат преноси од снукер.

Кога даваат на Еуропосрт снукер гледам преку Еуроспорт, ама често знаат одредени сесии да не ги даваат на Еуроспорт и Еуроспорт 2 туку ги пуштаат само на Еуроспорт плејер апликацијата и тогаш на фејсбук гледам преноси до снукер.
Сите сесии од 11 претпладне од овој турнир одеа само на Еуроспорт плејер и затоа ги гледав на фејсбук тие преноси, има луѓе од разни држави споделуваат преноси.
Автоматски споено мислење:

@Dumbledore
овде пренесуваат во моментов финалето, на Еуроспорт 2 само до 15:25 ќе пренесуваат после оди Бундес лига, и вечерната сесија од 20:00 ќе оди на Еуроспорт 2.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Англиско Отворено Првенство во Снукер 2020
од 15 октомври 2020 до 18 октомври 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

18 октомври 2020
Четврт ден - Финале:

Нил Робертсон 8:9 Џад Трамп;

На 31 годишна возраст, Англичанецот Џад Трамп ја освои 18-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на Англиското Отворено Првенство во Снукер 2020 извојува победа над 38 годишниот Австралиец Нил Робертсон со резултат 9:8 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2020/2021 e турнирот Шампион над шампионите 2020, нерангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 2 ноември 2020 до 8 ноември 2020 во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
@Dumbledore

Од утре продолжува втората фаза од Лигата на шампионите, преноси на Спортклуб ќе има секој ден од 13:30 пренос од првата сесија и 18:30 пренос од втората сесија.
Од 26 до 27 Октомври секој ден по две групи ќе играат, и 8-те победници од 8-те групи ќе играат на 30 Октомври во двете финални групи.


Еве го распоредот која група игра на маса бр. 1 а која група на маса бр.2. На Спортклуб преноси од натпреварите од маса бр.1 ќе има.

 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Не ми е битен турнирот....брат голф гледав пред некој ден. :cautious: Знаеш до кој степен на досада бев. СК имам и ако фатам нешто ќе гледам, сепак фала. :)

И фудбалот вчера се движеше од насока "досадно" кон "досадно до смрт". :D
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Овој Рајан Деј денеска изгледа подобро од што кажува неговиот ранкинг. Досега не сум го гледал, лаже ранкингот или само има добар ден?

Џуд Трамп засега со роботска прецизност против Алан Харпер од 2 и пол мажи. :kafence:
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Овој не е јаден чим игра вака.

На кој играч мислеше?
Автоматски споено мислење:

Овој Рајан Деј денеска изгледа подобро од што кажува неговиот ранкинг. Досега не сум го гледал, лаже ранкингот или само има добар ден?

Џуд Трамп засега со роботска прецизност против Алан Харпер од 2 и пол мажи. :kafence:

Солиден играч е Рајан Деј, на времето имаше добар ренкинг, играше и на мастерсите на турнир на кој можат да играат најдобрите 16 на ренкинг листата.
Но му се случи пад во формата и играта последните 3 години.

ПС: Бингам е тежок киксер. Дигам капа за неговиот подвиг на Светското во 2015 кога од 5 натпревари во 4 натпревари победи 4 тогашни Светски шампиони: Грем Дот, Рони О' Саливен, Џад Трамп и Шон Марфи, но Бингам редовно прави киксеви. Но каков и да е Бингам, му останува уште УК да го освои и да комплетира Трипл круната. Динг повеќе заслужи да комплетира Трипл круната но потешко ќе биде за Динг да го освои Светското првенство.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Солиден играч е Рајан Деј, на времето имаше добар ренкинг, играше и на мастерсите на турнир на кој можат да играат најдобрите 16 на ренкинг листата.
Но му се случи пад во формата и играта последните 3 години.
Не можам да се сетам на него, но сепак не ни гледав толку често како последниве 1-2 години. Добри настапи вчера во секој случај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom