Снукер

Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.172
Поени од реакции
3.143
Што ли испушти Робертсон човече..Не е нормално..
 
madrock

Bogey
Член од
23 април 2014
Мислења
590
Поени од реакции
1.926
Овој Трамп со лева му игра... ајде уште еден фрејм до победа :D
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.142
Поени од реакции
2.584
Сезонава копија од 2019/20. Ако не освои Светско , не гледам некоја разлика. Како и да е на 34 години , 28 рангирачки титули доста импресивно. Може и до 100+ троцифрени брејкови ако уствари уште неколку победи до крај на сезоната.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Отворено Светско Првенство во Снукер 2024
од 20 март 2024 до 24 март 2024
во кинескиот Спортски центар во Јушан

24 март 2024
Петти ден - Финале:

Џад Трамп 10:4 Динг Џунхуи;

На 34 годишна возраст Англичанецот Џад Трамп ја освои 28-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на Отвореното Светско Првенство во Снукер 2024 извојува победа над 36 годишниот Кинез Динг Џунхуи со резултат 10:4 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2023/2024 е Турнејата на најуспешни снукер играчи 2024, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 1 април 2024 до 7 април 2024 во англискиот Центар за изложби и настани во Манчестер.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Турнеја на најуспешни снукер играчи 2024
од 3 април 2024 до 7 април 2024

3 април 2024
Прв ден - Четвртина финале:

Рони О'Саливен 10:2 Али Картер;

Утре, четврток, 4 април 2024, треба да продолжат и да завршат 2-от и 3-от меч од четвртина финалето на Турнејата на најуспешни снукер играчи 2024:

Жанг Анда 4:4 Гери Вилсон;
Динг Џунхуи 5:3 Марк Ален;

Исто така утре, четврток, 4 април 2024, треба да се одигра и последниот меч од четвртина финалето на Турнејата на најуспешни снукер играчи 2024, каде што силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Марк Вилијамс.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.709
Ronnie O'Sullivan THE ROCKET !!!

Човекот одмна кажа дека нему најголем проблем му е да најде мотивација за да игра на највисоко ниво. Тој тоа го правел пред 10-15 години...победувал све со ред и сега тешко е да се најде мотивација.

Јас лично го памтам со долга коса со репче, тогаш се натпреваруваше со Хендри.
Нез

Незна дали сте приметиле дека ударите му се без воопшто размислување....зема штеката и мава во рок од неколку секунди.....и затоа понекогаш греши. Мислам дека тоа намерно го прави како предизвик, да победува како во симултанка во шах. што би било кога би се спремал по минута-две за секој потежок удар како што прават сите, или да почни да ја гуши играта како некои играчи
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Турнеја на најуспешни снукер играчи 2024
од 3 април 2024 до 7 април 2024
во англискиот Центар за изложби и настани во Манчестер

4 април 2024
Втор ден - Четвртина финале:

Жанг Анда 8:10 Гери Вилсон;
Џад Трамп 4:10 Марк Вилијамс;
Динг Џунхуи 8:10 Марк Ален;

Утре, петок, 5 април 2024, треба да се одигра првиот меч од полуфиналето на Турнејата на најуспешни снукер играчи 2024, каде што силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Гери Вилсон.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Турнеја на најуспешни снукер играчи 2024
од 3 април 2024 до 7 април 2024
во англискиот Центар за изложби и настани во Манчестер

5 април 2024
Трет ден - Полуфинале:

Рони О'Саливен 10:7 Гери Вилсон;

Утре, сабота, 6 април 2024, треба да се одигра вториот меч од полуфиналето на Турнејата на најуспешни снукер играчи 2024, каде што силите ќе си ги измерат:

Марк Вилијамс - Марк Ален.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Турнеја на најуспешни снукер играчи 2024
од 3 април 2024 до 7 април 2024
во англискиот Центар за изложби и настани во Манчестер

6 април 2024
Четврт ден - Полуфинале:

Марк Вилијамс 10:5 Марк Ален;

Утре, недела, 7 април 2024, во финалето на Турнејата на најуспешни снукер играчи 2024 силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Марк Вилијамс.
 
Пренос има некаде...на Еуроспорт пред ден-два го репризираа минатото финале,немаше директен пренос
 
Член од
12 март 2024
Мислења
400
Поени од реакции
535
Пренос има некаде...на Еуроспорт пред ден-два го репризираа минатото финале,немаше директен пренос
Nema direkten prenos, get your pirate hat.
Update za kratko
Автоматски споено мислење:

Nema direkten prenos, get your pirate hat.
Update za kratko
I brakjata rusi ne se raspolozeni za snooker. Zalam, mozes da platis za online stream legit.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Турнеја на најуспешни снукер играчи 2024
од 3 април 2024 до 7 април 2024
во англискиот Центар за изложби и настани во Манчестер

7 април 2024
Петти ден - Финале:

Рони О'Саливен 5:10 Марк Вилијамс;

На 49 годишна возраст Велшанецот Марк Вилијамс ја освои 26-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на Турнејата на најуспешни снукер играчи 2024 извојува победа над 48 годишниот Англичанец Рони О'Саливен со резултат 10:5 .

Нареден и последен професионален турнир во снукер од сезоната 2023/2024 е Светскиот Шампионат во Снукер 2024, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 20 април 2024 до 6 мај 2024 во англискиот театар Крусибл во Шефилд.

Пренос има некаде...на Еуроспорт пред ден-два го репризираа минатото финале,немаше директен пренос
За жал на ЕуроСпорт емитуваат глупости во одредени термини, дури и репризи од други спортски настани додека се одржува спортски настан за кој ги имаат откупено телевизиските права за директен пренос.

Порано на британскиот ЕуроСпорт емитуваа директен пренос од сите снукер мечови за кои имаа откупено телевизиски права за емитување, па дури и интервјуа со играчите пред или после мечовите. Британскиот ЕуроСпорт беше укинат во 2015 година, но Британците не останаа покуси бидејќи Discovery мрежата, односно сега по ново Warner Bros. Discovery мрежата, и понатаму емитува директни преноси од спортски настани и натпревари преку нивните TNT Sports спортски канали во Велика Британија, на кои не емитуваат глупости додека се одржува спортски настан или натпревар за кој ги имаат откупено телевизиските права за директен пренос.

За последниов професионален турнир во снукер Турнеја на најуспешни снукер играчи 2024 телевизиските права за директен пренос ги имаше откупено ITV во Велика Британија.

За жал ќе мора посебно за секој турнир да се бара која телевизиска компанија/групација ги има откупено телевизиските права за директен пренос и дали и како е изводливо да се следи нивниот директен пренос преку Интернет. Ни ЕуроСпорт, ни Арена Спорт, ни Спорт Клуб, ни никој не ни помага кога станува збор за снукер турнири, ако им текне ќе емитуваат директен телевизиски пренос, ако не им текне ќе емитуваат глупости и репризи, а гледачите ќе мораат да се снаоѓаат - оваа снаодливост повеќе е начин на живот тука на Балканов отколку некакво решение за некаква ситуација.
 
Многу ми е мило за Марк Вилијамс...шмекер е, и секогаш навивам за него, иако признавам дека има и подобри од него-Трамп пред све. Малку на живци ми иде Шон кој доста се занаша дека е нај...не дека е слаб, но многу се занаша. Исто иранецот е многу ок играч, да дојдиш од земја која се гледа како на црнило во западаниот свет, и да играш игра ,,на белиот свет,, не е лесно
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Утре, сабота, 20 април 2024, започнува Светскиот Шампионат во Снукер 2024 - последниот и најголемиот професионален турнир во снукер од сезоната 2023/2024.

Бранител на титулата Светски Шампион во Снукер е 29 годишниот Белгиец Лука Бресел, кој извојува победа над Англичанецот Марк Селби во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2023 со резултат 18:15 .

Во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2024 се игра до максимални 19 фрејмови, односно во осмина финалето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 10 фрејмови.

Утре, сабота, 20 април 2024, во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2024 силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Лука Бресел - Дејвид Гилберт;
11:00. Жанг Анда - Џек Џоунс;
15:30. Али Картер - Стифен Мегваер;
15:30. Џад Трамп - Хосеин Вафеи;
20:00. Том Форд - Рики Волден;

Временските термини се според македонска временска зона.

Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom