- Член од
- 13 август 2008
- Мислења
- 1.145
- Поени од реакции
- 893
Неофицијално во Македонија голем процент од разводите се случуваат заради родителите на младите. Акценот најчесто се става на мајката на младоженецот.
Што мислите колку е ова вистина?
Ако мислите дека е, зошто снаите и свекрвите не можат да воспостават добар однос или воспоставуваат само формален? Која е причината?
Дали имате искуство со лоши снаи или свекрви?
Истото важи и за мажите. Дали некогаш сте се нашле на средина помеѓу вашата девојка/жена и вашата мајка?
Како сте постапиле и дали сте ја решиле ситуацијата?
Лично имам слушано за најразлични ситуации. Од другарки кои што (не) ја сакаат својата (идна) свекрва, до (не) сакање на жената на братот, мажот на сестрата итн.
Некои ситуации ми биле смешни, бидејќи се работи за ситници. На пример како да се пружат алишта и на кој начин, односно попување. Но други ситуации биле прилично сериозни каде што свекрвата е најзлобното суштество на светот кое што освен мрчење и навредување друго не умее.
Најчесто слушан муабет е: -Срце беше додека одевме со дечко ми, откако стапивме во брак, свекрва ми си го покажа своето вистинско лице..