Смрт

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Еден од најголемите закани за здравјето, знаеме, е смртта. Смртта претставува прекинување на животните функии. Кој не е жив - е мртов. Едноставен факт на светов со кој сакале-нејќеле мораме да живееме (додека не умреме ха!) и да се помириме. Филозофи, алхемичари, научници се обидувале од антички времиња да го запрат овој феномен, но решението се чини толку далеку.

Главен проблем е што човечкото тело, благо кажано, трули. На планетава поминале стотина миљарди жители и сите умреле. Добро, ова е дефинитвно парче симболизам пратено лично од Бога, кој го поистоветува човекот (своето чедо) со 100 грама масти, некое мутаво сврзно ткиво, фрлено по грешка во ќошот на касапница кое на 50 степени развива чудни зелени срања кои го јадат тоа црвеното. А тоа наводно е лошо. Смртта според некои се манифестира со доаѓање на тип со срп, коса, мотокултиватор (бивш студент на земјоделски кој според преданијата, настрадал при садење палми во гевгелиско), и наводно може да се прерутира единствено со потпишување договор со сопственикот на темните сили т.е. Сатаната. Често се зборува дека тој продува да те надјебе така да излезот од смртта изгледа комплетно безнадежен макар и за ентузијасти кои потпишуваат договори со тип кој претенциозно се потпишува како мрачниот принц или некое такво срање.

Поентата... Дали сериозно мислите дека со дебилни теми од типот на 'видете ја оваа кул ретка болест која се јавува кај 0.002 посто од популацијата и никој не знае зошто' ќе накачите свест кај пошироката публика (да се пази да не се движиме во предели со висока радијација!) или само го храните болниот, морбиден дел од вашето его пишувајќи колку болеста е тешка и колку пациентите се сироти? Се разбира после хранењето, се пишува на СЕ ЕБЕВ (ова е екстра морбидно!!), Во врска со љубовта, денес што ќе куваме, Каладонт фак јее итн.

Бада
 
N

NeMiRnA

Гостин
Bada top tema....amaaa....na sto treba tuka da diskutirame,postavi go konkretnoto prasanje!:):):)
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Зошто мораш да имаш стаж како жив пред да добиеш титула мртовец?
 

CT

Член од
21 февруари 2007
Мислења
384
Поени од реакции
2
Znachi reshenie za tvojot problem e proces na obratno raganje?
Deka samo toa ke go spreci eventualnoto raganje, a so toa i stazhot kako zhiv. Interesni rechenici, dude.
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Не нудам решение. Едноставно барам дискусија со форумџиите.



За добивање сочуство следат слики од мртви кученца и жени со рак на дојка...
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Прибидејќи темава е отворена од Бада на пофилософски начин (типично де) ја префрлам во Философија, па продолжете тука ... :helou:

п.с. Бада, може и без морбидни слики, а и постови ... :)
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Еве дефиниција: Животот е тешка неизлечива болест која на крај завршува со смрт.

Значи нема лек. :)
 

јахутерминал

impressed by gay people
Член од
26 јануари 2007
Мислења
778
Поени од реакции
7
vodkamixx напиша:
Еве дефиниција: Животот е тешка неизлечива болест која на крај завршува со смрт.

Значи нема лек. :)
Сега за сега нема лек, точно е ова што го кажа, ама бидејќи за секоја болест се наоѓа лек, порано или подоцна, така ќе биде и за животот.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Bada Bing! напиша:
Зошто мораш да имаш стаж како жив пред да добиеш титула мртовец?
Затоа што така оди тоа, а во врска со тоа од првиот пост ... многу си заплеткал, но како што те сфатив, најверојатно сакаш да кажеш дека повеќето неможат да го добијат или не се ни трудат да го стекнат вистинскиот стаж, живеејќи го и трошејќи го животов како безвредна работа, па со тоа губи секаква смисла?
Ако мислеше на тоа, се сложувам со тебе. Е, зошто е тоа така? Не би можела да објаснам иако сакам да знам дека и мене ми изгледа жалосно. Го сакам животов и нејќам да го гледам така како што го опиша дека повеќето го живеат или живееме и мислам дека е скапоцен дар кој има што да понуди и треба да го зграпчиме тоа на секој можен начин. После еден квалитетен живот, смртта би била одмор кој можеби и би го посакале наместо да му се плашиме, но кој го има и кој може да го постигне тоа ...
 

Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Не се замарајте со единствената работа шо сигурно ќе ја напраите,ама секогаш за утре презакажувајте ја.
Неможе да умрете ако не живеете така да бидете среќни шо ќе умрете.
Најголема глупост е барање на бесмртност,па шо ќе ти е таква глупост.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Bada Bing! напиша:
Поентата... Дали сериозно мислите дека со дебилни теми од типот на 'видете ја оваа кул ретка болест која се јавува кај 0.002 посто од популацијата и никој не знае зошто' ќе накачите свест кај пошироката публика (да се пази да не се движиме во предели со висока радијација!) или само го храните болниот, морбиден дел од вашето его пишувајќи колку болеста е тешка и колку пациентите се сироти? Се разбира после хранењето, се пишува на СЕ ЕБЕВ (ова е екстра морбидно!!), Во врска со љубовта, денес што ќе куваме, Каладонт фак јее итн.
Мислам дека за ова ќе мораш да го прашаш Торчо лично. :pos:
Не знам, веројатно има повеќе причини... Чисто информативно (лоша причина); да се разбуди свеста и сочувството кај оние што читаат (лејм); да се посочат сите гадни, заебани и крајно лоши нешта што ги има во суровиов ни свет се со цел да се вреднува ссопствениот (мал, мизерен) живот повеќе, затоа што, ете, out there, има некој чиј живот е полош од нашиот, и чија состојба не спречува самите да кажеме: у курац више, не ми се живее... Сакале или не, таквите нешта колку што не згрозуваат и растажуваат и вознемируваат, толку од друга страна и прават да се чувствуваме подобро што не сме на нивно место...

Туку на темава... Не знам што конкретно ти е прашањево, ептен е општо... Сите ќе си умреме некој ден, барем во блиска иднина додека некој не измисли еликсир на младоста или "stop aging" пилула или „замрзнување„ на телото, па одмрзнување по 300 години или нешто такво...:)
Нема бегање. :icon_lol:
Зошто мораш да имаш стаж како жив пред да добиеш титула мртовец?
Добро прашање.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.104
Смртта, последната граница на релативноста-Sussaro

Еден паметен навидум налудничав со изглед на човек што буричка контењери од дваесетиот век ќе докаже логичко-математички дека Е=m*c2 при што извуко је циглу из темеља на сите дотогаш здраворазумски мислења на што се мора. Во денешно време се мора само да се умре се до моментот додека веќе нема да има потреба односно се додека некој Јапонец гледајки цртани коишто предизвикуваат кокошкино слепило не открие дека смртта е фактор на некои електромагнети или фотонски честички поткрепено со колегите од биолошкиот одел на ПМФ масовно изучувајќи и развивајки ги СТЕМ клетките.

Бада од асистент ќе станеш професор во моментот кога најчесто пензијата или смртта ќе го лиши стариот ти ментор од неговото вековно право дадено од Отецот, кумот и светиот декан да ја носи градиозната титула што ја носи. И така еквивалентно од статус жив преоѓаш во мртов кога онаа фамозна холивудска линија на мониторот не прејде во рамна. До тогаш уживај и не му ја многу мисли на вакви теми.
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Смртта е должност. :)
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Смртта - Рајот за душата
Смртта - најголемиот подарок во животот ( крај на сите проблеми)
Смртта - Почеток на нов живот ..
 

јахутерминал

impressed by gay people
Член од
26 јануари 2007
Мислења
778
Поени од реакции
7
SCORPIO__20 напиша:
Смртта - Рајот за душата
Смртта - најголемиот подарок во животот ( крај на сите проблеми)
Смртта - Почеток на нов живот ..
Да бееее... Ако е ти како што викаш, дај да земеме сите па почнеме да умираме. Глупости...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom