"Смртта ме гушна" од Игор Костески

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
"Смртта ме гушна" од Игор Костески




Стихозбирката "Смртта ме гушна" претставува посмртно издание на загинатиот водник Игор Костески, припадник на единицата за специјални намени Волци при Армијата на Република Македонија.

Изданието заедно со уште неколку наслови е поместено во едицијата под наслов "Македонски херои", која неодамна доживеа своја промоција во Домот на АРМ.

Во книгата под наслов "Смртта ме гушна", поместени се шеесеттина песни, каде Костески пее за Македонија, за љубовта, копнежот, чекањето... но исто така и за смртта и за своето кобно претчувство. Така на едно место ќе рече: "Пролетва на Скопска Црна Гора, Шара наместо кокичиња "ртеше, највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби и ќе се полее и со мојата младешка крв без да го почувствувам вкусот на плодовите, Ќе биде како што Бог сака!?"

Изданието е посмртно објавено од семејството на загинатиот водник Игор
Прашање до вас: Ја има ли некој книгата, или знае каде може да се купи?
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
17.11.2006, 17:07
Книга за масакрот во Вејце

Таткото на Игор Костески, Миливој Костески, неодамна објави книга, посветена на крвавиот масакр во Вејце, каде што загина и неговиот син. Книгата е насловена "Масакрот во Вејце од 2001 година" и е самостојно издание.

На 160 страници, Костески ги опишува личните трауми што ги доживеал и се' уште ги доживува од дознавањето на трагичната вест. "Хронолошки, вели Костески, го пренесувам сето она што ми беше достапно, односно изјавено, напишано и емитувано преку средствата за информирање, за и околу масакрот, консултирана архивска документација и користени изјави на поединци. Посебен простор и' отстапувам на безуспешната потрага по правдата, а читателите ќе можат првпат да се запознаат со првичните изјави на преживеаните за се' што се случувало при нападот на патролата."

Книгата содржи и песни и текстови посветени на загинатите, а изобилува и со фотографии од трагичниот настан и од настаните што следуваа потоа. (Н.П.)
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
ОД НОТЕСОТ НА ВОДНИКОТ ИГОР КОСТЕСКИ, ЗАГИНАТ ВО МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ:

„Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња, ’ртеше највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби ќе се полее и со мојата младешка крв, без да го почувствувам вкусот на плодовите. Ќе биде како што Бог сака.“

Ова беа последните зборови кој ги напишал водникот Игор Костески во неговиот нотес кои го носел секогаш со него, неколку часа пред грозоморниот масакар кај Вејце, каде ја „полева својата младешка крв за Македонија“...

Семејството на Игор Костески има објавено книга за него, каде ги има сите нотеси од него. Во книгата под наслов "Смртта ме гушна", поместени се шеесеттина песни, каде Костески пее за Македонија, за љубовта, копнежот, чекањето... но исто така и за смртта и за своето кобно претчувство.

 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
875
Поени од реакции
3.441
ja najde knigata kade moze da se kupi dozna?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom