Смртна казна во Македонија? Да или Не?

Дали во Македонија би требало да постои егзекуцијата како казна?

  • Да

    Гласови: 508 58,7%
  • Не

    Гласови: 357 41,3%

  • Вкупно гласачи
    865
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Да , поготово за извршители на грозоморни убиства . Во печка на милион целзиуса , да не остане ни 2 грама прашина од нив.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Дефинитивно треба да постои. Џабе се оние казни од по неколку години, тие за никој не претставуваат страв и закана. Башка и семејството на оштетениот нема никогаш да е спокојно ако сторителот е сеуште жив и јаде и пие во некојси затвор.
Кај нас казните се премногу мали и секогаш се во полза на сторителите на кривични дела. Отсекогаш сум била, и сеуште сум за смртна казна за најтешките кривични дела. Само така правдата би можела да биде задоволена.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Да во идеално општество или во развиено општество со развиен правен систем и долга традиција. Во Македонија со сегашна поставеност на работите никако, ке биде само ефикасно средство за политички реваншизам.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Јас би избрал не, од проста причина што со смртна казна му го земаш она највредното на човекот, животот, но тоа е само миг и толку, тој го нема, стравот кај него не постои, мачнината исто, желбата и плановите како да се преживее утрото исто така.
Би играл на онаа варијанта, измачување и општо корисна работа за општеството, си тура асфалти на пекол температури, си копа во рудници и ред други работи кои би го исцрпиле до максимум. Некој ќе речи, зошто таа погана уста го јаде лебот на државата, но ја би рекол дека попрво лебот него ќе го изеде одошто тој него.
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
735
Поени од реакции
703
Не сум за смртна казна у Мк,али сум за доживотна со можност за покајание.Не е болна смртта тоа е само миг,најтешкото е кога умира онака постепено каде секој дел еден по еден откажува каде очајот и безнадежноста извират од неговите очи.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
kako sto trgnala rabotata so ovie sto ne sakam ni imeto da mu go spomnam izgleda ke trebe da ima :)
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.723
Поени од реакции
1.994
Мислам дека треба да постои смртна казна ете на пр. одма ќе кажам за убијците на децата на Смиљковско... За нив дури и смртна казна е малце. Такви луѓе што можеле и го направиле тоа никогаш нема ни да се покајат ни да сфатат што направиле. За нив, и таквите како нив треба да постои. Мислам дека така ќе се намали бројот на убиства над невини луѓе. Пошто вака знае и дека во затвор кога ќе ги стават ќе избегаат, или ќе им плати некој и немаат гајле.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Убиец е убиец без разлика дали тоа го направил како злочин или пак тоа било регулирано со закон. А законите ги донесуваат заглупените или пак луѓе на кои тоа им одговара и тоа може да ви гарантира дека вашето човечко право е да се викате птица или крокодил, ама се додека имате раце и нозе вие сте човек - не сте крокодил. Во случајов нема ништо човечко и за оној што убил и за оној што екзекутирал со закон, ниту пак кај оној што овде постирал дека треба да се воведе смртна казна. Имам само едно прашање до оној што сака да се воведе смртна казна: "Дали некогаш убил некое живо суштество и како се чувтсвувал после тоа"?....како се чувствува оној што на некого му ја вади душата а тој во агонија се бори да ја сочува? Сите вие кои сте за смртна казна сте умоболни луѓе, зошто само умоболен човек (или животно) може да се обиде да убие!
 
Член од
8 ноември 2009
Мислења
263
Поени од реакции
146
Секако ДА. за луѓе кои ја заслужуваат, сериски убијци итн........Дали можеби "луѓе" како Гаравито, сериски убиец од колумбија кој убил најмалку 140 деца, пред тоа ги силувал и ги мачел...треба да живее!!!
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Мислам дека треба да постои смртна казна ете на пр. одма ќе кажам за убијците на децата на Смиљковско... За нив дури и смртна казна е малце. Такви луѓе што можеле и го направиле тоа никогаш нема ни да се покајат ни да сфатат што направиле. За нив, и таквите како нив треба да постои. Мислам дека така ќе се намали бројот на убиства над невини луѓе. Пошто вака знае и дека во затвор кога ќе ги стават ќе избегаат, или ќе им плати некој и немаат гајле.
Добро еве сега испадна дека сите што ги уапси МВР не биле никако вмешани и ќе треба да бидат пуштени.Замисли да имаше смртна казна да собереше МВР некој клошари/наркомани од улица да ги обвинат и по брза постапка смртна казна а ние разбереме што се десило после 5-6 години.

Што тогаш?

Дај не ме зафркавајте кај нас луѓе се "самоубиваат" во кофи вода по затвори вие сакате на нашава држава моќ на смртна казна да и дадете.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Со ваков нестабилен судски систем и вмешаност на политиката во него, смртната казна ќе донесе нестабилност и нарушени односи во општеството.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
Егзекуција Да и тоа со давење во кофа вода...веќе се натренирани во таа метода.
 

Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Да во идеално општество или во развиено општество со развиен правен систем и долга традиција. Во Македонија со сегашна поставеност на работите никако, ке биде само ефикасно средство за политички реваншизам.
Што име лошо во тоа да се испотаманат политичарите меѓусебно?
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Јас би избрал не, од проста причина што со смртна казна му го земаш она највредното на човекот, животот, но тоа е само миг и толку, тој го нема, стравот кај него не постои, мачнината исто, желбата и плановите како да се преживее утрото исто така.
Би играл на онаа варијанта, измачување и општо корисна работа за општеството, си тура асфалти на пекол температури, си копа во рудници и ред други работи кои би го исцрпиле до максимум. Некој ќе речи, зошто таа погана уста го јаде лебот на државата, но ја би рекол дека попрво лебот него ќе го изеде одошто тој него.
Ми ги зема зборовите од уста.
Каква полза од тоа да се убие?
Нека го осудат доживотно без можност за помилување и капак на тоа тешка физичка работа па сам да бара да го убијат.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
1. Смртна казна во САД... - Тоа е субјект на правна држава!!! И било која Западноевропска држава или Австралија да воведе смртна казна тоа ќе биде оправдано...

Но...

2. Смртна казна во Русија, Кина, Либија, Иран, Сирија, тоа е диктатура, тоталитаризам и кршење на човековите права...

Ај сега најдете му логика!!!???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom