Смртна казна во Македонија? Да или Не?

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Мистичен, 3 декември 2005.

?

Дали во Македонија би требало да постои егзекуцијата како казна?

  1. Да

    506 гласови
    58,8%
  2. Не

    355 гласови
    41,2%
  1. Black Guard

    Black Guard Гостин

    А ти мислиш дека реално има демократија.

    хммм Демократија е еднакво на парче хартија.
     
  2. Wade

    Wade

    Член од:
    27 декември 2011
    Мислења:
    164
    Допаѓања:
    89
    Во Македонија по устав се вели дека правото на човекот е неотуѓиво и никој не може да посегне по него. Така е и во многу устави во светот како и во конвенции. Правото на живот е основно право на човекот.
     
    На Swan* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Тикви4ка

    Тикви4ка Нарцис со сина крв

    Член од:
    1 март 2007
    Мислења:
    3.132
    Допаѓања:
    273
    е добро, правото на живот е неприкосновено, основно право на човекот и бла бла бла... ако тој икс човек не го почитува правото на живот на другите, зошто некој би го почитувал неговото?
    сериски убиец, чисто ради пример, убил 5 мажи. тој не го испочитувал основното право на живот на 5мина мажи. Зошто и дали е нормално да очекува дека некој друг, во случајов државата, е должен да го почитува тоа негово право на живот кога веќе самиот не го почитува...
     
    На subo.subo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wade

    Wade

    Член од:
    27 декември 2011
    Мислења:
    164
    Допаѓања:
    89
    Правото на живот е неотуѓиво право и е основно право на човекот, така вели уставот на Македонија и на повеќе од половина држави во светот.
    Ако некој го прекрши ова право, тогаш тој ќе биде казнет со казна затвор каква што е предвидена во законот. Ако државата воведе смртна казна тоа ќе значи дека го прекршува самата правото кое сама го гарантира во уставот. Значи, ако убиството е казниво со смртна казна значи дека се прекршува уставот, а тоа значи законот е противуставен.
    Повеќе држави ја следат оваа практика поради тоа што се сака кривичното право да биде целосно реститутивно, а не ретрибутивно. Ретрибуцијата е позната и е практикувана во минатото.
     
    На Hank Moody, Princess Of Evil и Swan* им се допаѓа ова.
  5. Тикви4ка

    Тикви4ка Нарцис со сина крв

    Член од:
    1 март 2007
    Мислења:
    3.132
    Допаѓања:
    273
    не правиме муабет за тоа како е, туку во постот муабетот е како ЈАС сметам дека треба да биде. Значи мое ЛИЧНО размислување...
     
  6. Ivana*Antique

    Ivana*Antique Чисто информативно

    Член од:
    5 септември 2011
    Мислења:
    312
    Допаѓања:
    143
    Некои луѓе не заслужуваат да живееат... За некои сторени кривични дела мислам дека е праведно да се има смртна казна или барем доживотна робија без можност за помилување... Кај нас што и да сториш, и мислам буквално се, за 10 години си надвор.... Не е праведно некој што пример силувал 10 годишно дете да може за 10 години да излезе на слобода.... Што, да не е правилно тоа, па тој човек уништил нечиј живот !
     
  7. Joe_Satriani

    Joe_Satriani Dream Theater Fan

    Член од:
    30 ноември 2009
    Мислења:
    79
    Допаѓања:
    104
    Колку само НЕ се согласувам со првата реченица...."Некои луѓе не заслужуваат да живееат.." секој заслужува да живее и да ги ужива своите права...и незнам дали имаш учено нешто од областа на правото ама треба да знаеш дека "Она што го правиме на прекршителите на закон е огледало на нашата култура и цивилизација ". И иначе кај нас доживотна казна е 15 год. во светот мислам 25 во повеќето држави, па доста сум убеден дека 15 год. во затвор може многу работи да ти се случат слични на смртната казна. А кога станува збор за Америка таа и Сомалија се исклучок :) бидејќи тие имаат најмалку потпишани меѓународни договори, затоа и Правото на живот не е апсолутно право. :)
     
  8. closertb

    closertb Пластичен

    Член од:
    23 октомври 2011
    Мислења:
    887
    Допаѓања:
    1.048
    Има животна казна - затвор... Не ми е јасно која е поентата со смртната казна!
     
  9. Ivana*Antique

    Ivana*Antique Чисто информативно

    Член од:
    5 септември 2011
    Мислења:
    312
    Допаѓања:
    143
    Твое мислење, не ти се мешам во твоите мислења. :) Патем нашето ниво на култура и цивилаизација е... па, не на толку завидно ниво...
     
    На Joe_Satriani му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MAJA 345

    MAJA 345

    Член од:
    14 октомври 2010
    Мислења:
    3.594
    Допаѓања:
    11.007
    Јас сум ЗА тоа да постои смртна казна во Македонија, па колку и нечовечно тоа да звучи. Кога некој убива безмилосно, силува, уништува нечиј живот, зошто да не се уништи неговиот? Зошто со закон да се заштитува правото на живот на некој кој очигледно не го почитува правото за живот на другиот?
    Тука мислам на тие најгрозоморните убиства, на сериските убијци, психопати, а пак силувачите на плоштад би ги бесела! Ми е гајле дали тој некој бил нечиј син, брат, татко, кога тој уништил многу повеќе животи. И да, таквите не заслужуваат да живеат!
     
    На Ivana*Antique и kalina* им се допаѓа ова.
  11. snegulka*

    snegulka*

    Член од:
    15 јуни 2011
    Мислења:
    409
    Допаѓања:
    303
    ДА сум за смртна казна.....да се воведе и гарант ќе се доведеме малце во ред....
    Смртна казна за оној психопатот кој на 61 година силуваше 8 годишно девојче.
     
    На Ivana*Antique му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sawyer

    Sawyer Only God can judge me!!!

    Член од:
    26 август 2009
    Мислења:
    718
    Допаѓања:
    153
    Не сум за смртна казна,тоа впрочем и не е казна,поголема казна е да скапува доживотно во затвор,за да се покае за се што направил и да се измачува во затвор.Едино сум за да се воведе мачење на тие истите што сториле потешки кривични дела!
     
    На Фокси му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mkdhandball

    mkdhandball

    Член од:
    29 март 2012
    Мислења:
    1.368
    Допаѓања:
    1.232
    Да за смртна казна!
     
  14. Max Legend

    Max Legend The black swordsman

    Член од:
    27 септември 2010
    Мислења:
    4.340
    Допаѓања:
    6.473
    Да го изнесам моето мислење околу денешниот случај и зошто сметам дека смртна казна не е океј.

    Смртна казна е преблага работа.Куршум во чело/бесење со кршење на вратот или инекција?Не,никако.За такви нема инстант смрт или бавна смрт со еднодневно мачење.

    Најприфатлива казна
    1)Предајте ги на некој со бујна фантазија за мачење,некој бетер од Фрицл
    2)Мачењето да биде болно и ужасно ама никако да доведе до смрт
    3)Давај им инфузија за да бидат колку толку фит за следната рунда мачење
    4)Зарази ги со сифилис,не им давај медицинска помош,остави болеста да си го направи своето
    5)...........?
    6)Профит
     
  15. Bolt0105

    Bolt0105 Problem?

    Член од:
    3 декември 2009
    Мислења:
    54
    Допаѓања:
    64

    За денешниов случај јас мислам овие да им се дадат на милост и немилост на семејствата на жртвите. Тие најдобро ќе им се одмаздат, бавно и болно.
     

Сподели преку: