Сметководствени програми

Член од
24 август 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Најпрво здраво, нова сум на овој форум и работам како овластен сметководител.
Сакам да прашам, кој книговодствена програма ја користите и како сте задоволни,
јас ја користам ЗОНЕЛ Софтвер и како програма не е лоша, но секогаш кога треба нешто да доинсталираат се недоречени во условите за користење се додека не се плати со профактура, а потоа ги кажуваат некои работи за кои првично не би се согласила и не би платила (прилично се арогантни на културен начин)

Дајте ми предлог за некоја софтверска програма за книговодствено работење
Благодарам однапред
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Не ти се разбирам во занатот, но со обично пребарување, ова излезе:
https://www.businessnewsdaily.com/7543-best-accounting-software.html
https://www.capterra.com/accounting-software/

Обично ние во Македонија сакаме се да ни биде цакум пакум за ич пари.
Има бесплатни софтвери, но обично тоа што не се плаќа има фалинки. Јас би одел тоа да се плати нешто пари, бидејќи платен софтвер обично е поквалитетен, и сигурно постојат луѓе кои го одржуваат, поправање дефекти, недостатоци и слично.

На крај краева, пробај да работиш со Микрософт Ексел за почеток. Да се плаќа она Офис 365, но верувај, нема подобар канцелариски софтвер од Офис.
Микрософт прави многу повеќе пари од Офис него ли од се друго што произведува, Виндоус, бази на податоци и слично.

А да, ние во Македонија постојано го бараме „светиот грал“, она совршено решение што ги решава сите проблеми. Не постојат совршени работи, па така ни софтвер, дури и да е платен софтвер.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706
Дајте ми предлог за некоја софтверска програма за книговодствено работење
Благодарам однапред
Јонгис
Посебно добра логистика, брз одговор на сите дополнителни барања за доинсталација
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.007
Најпрво здраво, нова сум на овој форум и работам како овластен сметководител.
Сакам да прашам, кој книговодствена програма ја користите и како сте задоволни,
јас ја користам ЗОНЕЛ Софтвер и како програма не е лоша, но секогаш кога треба нешто да доинсталираат се недоречени во условите за користење се додека не се плати со профактура, а потоа ги кажуваат некои работи за кои првично не би се согласила и не би платила (прилично се арогантни на културен начин)

Дајте ми предлог за некоја софтверска програма за книговодствено работење
Благодарам однапред
Тешко ќе најдеш покомплетен сметководствен програм од тој на Зонел...22 години е во оптек.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom