- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.588
Која бедотија е нашиот бизнис сектор, ако може така да се нарече. Пола од фирмите му опстојуваат благодарение на тендер врски со власта, доброволно му исплаќаат рекет. Фамилиите до петто колено му се вработени во сектор администрација додека обичниот работник црнчи за двеста евра плата и после се жалат на непрофесионалност и непродуктивност. Во тоа фирмите не знаат да состават обичен работен план, не се знае ни кој јаде ни кој пие. За одржување на продуктивност му се задолжени шефови со осмо, ликови кои што лечат комплекси на работно место.
Како тој неписмен кадар успева во странство а овде не го бива?
Се жалат оти цела младина им се исели, ќе нема веќе кој да им рмба по тоа гулазите. Во нормална држава фирмата е таа која што инвестира во работникот, му плаќа обуки, а кај нас војни се водат со тие крвопијците кога ќе дојде време за давање на одмори и породилно отсуство.
Па уште во оглас за работа како поволност наведуваат дека плата редовно се исплаќало. Нешто што повторно, во нормални држави е загарантирано со закон и се подразбира, овие го нагласуваат како да е привилегија и нивна отстапка кон работникот за која што треба да им биде благодарен.