Ја читам Беса Арифи, професор по право на факултетот во Тетово, штуловиот.
Кога е некој „експерт“ и слично и кога настапува во тоа својство, а не како партиски поддржувач, симпатизер или член/активист, треба да се држи до НАУКАТА, а не да дава свои извитоперени мислења и да ги промовира како стручни.
„Високоценетата“ професорка (која сигурно со врски е вработена), во интервју на НОВАТВ (мислам дека на Борјан и Биљана е), вели дека користењето на „бомбите“ во СЈО било исправна работа. Демек, за тоа се изјасниле и Европскиот Суд. „Фино-лепо“. Може да се промени законот за кривична постапка и тоа да важа, ама од моментот на промена на овој закон па „у будуќе“. Оти во овој закон, некој напишал, а Собранието го изгласало, па пишува:
„Член 12
Законитост на доказите
(1) Забрането е да се изнудува од обвинетиот или од друго лице кое учествува во
постапката признание или некаква друга изјава.
(2) Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и
правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните
договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив
не може да се заснова судската одлука.“
„Јеби га“ Беса, „али много ми је жао“, па ти советувам да ја искинеш дипломата и професорското звање и да престанеш да се „брукаш“ по медиумиве. И уште се повикува на праксата воспоставена, па да се продолжело со користење како докази, односно, да се продолжи со кршење на овој закон.
А интересно би било да каже според која уставна и законска можност е формирано СЈО? Во уставот и законот убаво пишува дека обвинителскиот систем е единствен и хиерархиски подреден, а на чело е јавниот обвинител на РМ. Има одделенија, има основни јавни обвинителства, ама шеф им е главниот. СЈО се формира независно.
Кога ја објаснуваат законитоста на СЈО, истакнуваат дека е формирано Со согласност на партиите и дека било потребно за гонење на криминалот. ОК, убаво е кажано, ама мора да се делува по закон. Променете устав, закон... па после се' ќе е законски. Вака е незаконски. Не е доволно да се каже дека има потреба. Мора да е нештото пропишано и изгласано од Собранието.