Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ако добро мислам, заемов е да се пополнат дупки во буџетот, кај што „фалат“ пари.
Да, токму така-за попунуење „дупки„ во буџетот, кои немаат дно.

И сега, ми се јави вториот дел од прашањето-за што служат кредитите кои и до сега ги земаше комуњарата, а кои не знаеме за што се трошат?...
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Битно има некое си образование...Радмила нема фатено пиштол у рака,па ни е министерка за одбрана...Свашта
Најмал проблем е тоа што Шекеринска нема фатено пиштол у рака. Во нормално општество, таква гнида до сега би скапувала во затвор за сите тие пари што ги има лапнато од државава, а не и после 20 и кусур години пак да биде на позиција и на власт...
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Недозволиво е главниот обвинител да учествува во рекет, ама кај нас и тоа се случува.
А флеш мемории се користат во многу институции, дали легално или нелегално, не знам.
Реков, не знам каков им е безбедносниот информатички систем. Се поставуваат ограничувања да не може да се прават тие работи.
Автоматски споено мислење:

Значи не кини зелени без врска. Девојката е огин, капацитет и пол и успешна е во приватниот сектор но што не е за министер, не е.
А ти малку да си го собереш јазикот? В шума ли имаш растено? Кои зелени се? Што реков лошо за девојката. Слично и јас ко тебе коментирав.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Кај нас нафаќањето е како да се нафатиш на прошетка да одиш. Гледам, дипломирала во 2010 г. на Економски како студент на генерација, а докторирала во 2016 менаџмент. Боже, колку лесно денеска се земаат титули. За само 6 години од дипломирање да се стане доктор на науки. „Јес“ да е менаџмент, ама сепак „доктур“ е.
Без лично нешто кон девојкава... ВАКА НЕ ОДИ. Не може ојле и дојле да се нафаќа на вакви сериозни функции, плус од небо паднати. Не е ова само сега вака, вака сме со децении. Аџамии (млади, неискусни) земаат министерски места... А па „кадровите“ на ДУИ се посебни приказни.
Тоа што дотичната е (веројатно) недорасната за таква позиција е показател за состојбата со „кадри„ во владејачката ни партија.

Да се потсетиме; ЉуБчо беше премиер, каде „премиерлакот„ му беше прво вработување...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Реков, не знам каков им е безбедносниот информатички систем. Се поставуваат ограничувања да не може да се прават тие работи.
Автоматски споено мислење:

А ти малку да си го собереш јазикот? В шума ли имаш растено? Кои зелени се? Што реков лошо за девојката. Слично и јас ко тебе коментирав.
Не, строго само под палма растев.

Пиша дека се раздавале денес туку така дипломи и дека докторирала многу брзо. Језда не сме сега сите јаки програмери како тебе ама не значи дека нема капацитети студенти државава.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Изгледа навистина Нина Ангеловска ќе биде министер :pos: Без навреда кон девојчето ама како вака се нафаќаат да водат дел од државен апарат, секоја им чест. Смеењето е повеќе и насочено кон тие што ја собрале, ако ова не е доказ дека не остана никој писмен во државава, не знам што е.
Незнам какво е девојчево АМА јас никогаш не би прифатил министер за финансии пред избори, ќе треба да потпишува многу нови вработувања и други срања.

Него Геро пишал добра колумна.

"
Неколку часа пред Кривичниот суд да ѝ определи триесетдневен притвор на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на адреса на тројца мои пријатели ковертирав коментар, во кој напишав дека сė во врска со Јанева и аферата „Рекет“ засега се одвива според сценариото за кое слушнав пред десетина дена. „Финишот треба да биде домашен притвор и на крајот банално обвинение, за жената да не била претерано посрамотена“, напишав, но предупредив дека не знам дали тоа сценарио ќе се обистини.

За среќа, се покажа дека моите страхувања биле неоправдани. Се разбира, не сум наивен и сѐ уште не можам да потврдам дека постои целосна спремност оваа афера да се затвори на тој начин што ќе има и правда и политичка одговорност. Медиумите и јавноста треба случајот да го следат внимателно, бидејќи постојат очигледни тенденции за забавување на истрагата, за нејзино дефокусирање, но и притисок таа да се ограничи на тројцата осомничени. А тоа, како што на сите ни е јасно, нема да биде можно.

Истрагата да ја следиме внимателно и без фаули!

Кога велам дека случајот мора да се следи внимателно, ги предупредувам колегите новинари, особено оние од помладата генерација, внимателно да ги слушаат исказите и да ги читаат коминикеата на обвинителите, за да не ни се случи она што ни се случи вчера – медиумите, главно поради површност и од незнаење, ја доведоа во заблуда јавноста, со тврдењето дека Катица Јанева е уапсена за мебел од 5.000 евра.
А соопштението на обвинителите беше совршено јасно: Катица Јанева ја искористила својата службена положба и овластувања, кои ги има согласно законите, па за себе и за двајцата осомничени, против кои се води истрагата, прибавила имотна корист во значителен износ, и тоа за себе предмети – мебел во износ од 298.000 денари, кои за неа ги набавил еден од осомничените, а за двајцата осомничени прибавила имотна корист од 1,5 милиони евра. Јанева е осомничена за кривично дело Злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Ставот 3 прецизно кажува дека за прибавување „имотна корист во значителен износ“, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку 3 години.
Сево ова уште синоќа го напишав во Фејсбук, во обид барем еден дел од јавноста да ја сфати тежината на одлуката на обвинителката Вилма Русковска да ја осомничи „ризичната“ и „опасна“ Катица Јанева, за дело за кое е запретена висока затворска казна. Тоа, заедно со одлуката на Управата на јавни приходи да изврши контроли кај физичките и правните лица поврзани со случајот „Рекет“ (невладината организација Меѓународен сојуз, БМЈ груп, 1ТВ и други), покажува дека во еден дел од контаминираниот правосуден систем, сепак, постои волја овој скандал правно да се расчисти до крај. И затоа, како новинар кој ја отвори аферата, уште еднаш упатувам апел до сите кои немаат мир без правда (било како засегнати, било како обични луѓе кои се срамат од ова што ни се случува пред очите), да ја поткрепат истрагата. Ако можат, да помогнат. Ако не, да не одмагаат. Без фаули, молам.

Време е за политичка одговорност во СДСМ

Најважно е овој апел да го разберат политичарите, посебно од владејачкиот СДСМ. Аферата „Рекет“, за жал, е нешто повеќе од лажната вест што ја кажа премиерот Зоран Заев, имено дека наводно станувало збор обид на „една група криминалци“, на „еден суетен новинар“ и на „еден педер“ да ја урнат власта. Во неколку написи, укажав на директни конекции на функционери од државниот врв и од раководството на СДСМ, како со луѓе од таа „група криминалци“ за која зборува Заев (патем речено, сѐ уште неосудени, а некои и необвинети), така и со човекот што тој го именуваше како „еден педер“. Впрочем, за овие конекции постојат видливи материјални докази, вклучувајќи и десетици видео-снимки и фотографии. Ако смеам да додадам, срамни видео-снимки и фотографии! Претпоставувам дека утре, во кампањата за следните парламентарни избори, овие фотографии ќе ги гледаме на билбордите, а видеата ќе се вртат на порталите и на телевизиите, како крунски докази против партијата која дозволила нејзини врвни кадри непромислено да го крунисаат кралот на рекетот, да му дадат силна морална и политичка поддршка и со тоа да му овозможат да ја сплете својата злосторничка мрежа.
Како ќе се преживее тој срам, ако продолжат овој молк во СДСМ и комичните обиди одговорноста да се префли на други субјекти? Многу тешко…
Без политичка одговорност во раководството на СДСМ, без темелно прочистување што подразбира оставки и смени на сите партиски кадри кои на било кој начин, макар и со најдобри намери и блажено незнаење, учествувале во градењето на царството на рекетот, партијата на Зоран Заев нема да успее да го острани впечатокот дека е заштитничка на криминалните активности во аферата „Рекет“. Таа перцепција од домашната полека се шири и во меѓународната јавност и прашање е на ден кога ЕУ јасно и гласно ќе ни порача дека расчистувањето со скандалот е услов за добивање датум за преговори.
СДСМ нема време за чекање. Сѐ што мора да се случи треба да се случи не утре или следниот месец, туку уште вечерва, на најавената седница на Централниот одбор на СДСМ. Оставките на неколку кадри директно поврзани со осомничениот Бојан Јовановски и извинувањето на еден суетен лидер до партиската база и до симпатизерите на СДСМ, се цената што треба веднаш да се плати, во обид да се создаде вечаток дека владејачката партија искрено и енергично се бори за расчистување на аферата „Рекет“. Тој впечаток може да заврши работа во овој политички спринт (пред најавената „експлозија“ на нови „бомби“ и спинови), но на долги патеки, тоа треба да биде само вовед во многу подлабока и посуштинска реформа на партијата.
За тоа, сепак, друг пат…"
 
Прочитај дека пишав дека дипломирала како студент на генерација. Мислам дека за да се стане доктор на науки треба да се помине потрнлив пат. Не само за неа, општо. Пред да се докторира, се магистрира. И тука поминале неколку години. Не ми беше таа муабетот за титулите што денес се земаат, тоа е општо паѓање на нивото. Дали сум јак или нејак програмер, не го ставам на тема, ниту е тоа важно овде. На крај краишта, мојата работа не е поврзана со државата, со буџетот.
Главната мисла ми беше дека за високи функции, а тоа не се само министерски, треба да се ставаат поискусни луѓе и тоа не само во професијата, туку и животно поискусни. Односно, да имаат барем над 36-37 години. Тоа носи и стабилност на умот, на хормоните... не дека нема се и сешто.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Ех да знаеш колку се полоши хормоните после 40... :) Мала шега :) Пие вода дека на вакви специфични функции треба сериозано CV.
Туку мала дигресија...Фатиме ја почнува кампањата за новата „посакувана“ позиција:
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Изгледа навистина Нина Ангеловска ќе биде министер :pos: Без навреда кон девојчето ама како вака се нафаќаат да водат дел од државен апарат, секоја им чест. Смеењето е повеќе и насочено кон тие што ја собрале, ако ова не е доказ дека не остана никој писмен во државава, не знам што е.
Devojce???
Ne sakam da zvuci neptistojno, ne znam kolku godini ima, ama ja imam videno nekolku pati vo zivo i imam vpecatok deka e 40tina hodini.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Devojce???
Ne sakam da zvuci neptistojno, ne znam kolku godini ima, ama ja imam videno nekolku pati vo zivo i imam vpecatok deka e 40tina hodini.
In 2011, a then-21-year-old Angelovska won a national competition for her business plan and subsequently launched Grouper.mk, Macedonia's first group deal buying platform. At the time, only 1% of Macedonians shopped online. Grouper.mk currently has more than 2,500 merchant partners and 170,000 registered users.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.302
Поени од реакции
7.434
Незнам какво е девојчево АМА јас никогаш не би прифатил министер за финансии пред избори, ќе треба да потпишува многу нови вработувања и други срања.

Него Геро пишал добра колумна.

"
Неколку часа пред Кривичниот суд да ѝ определи триесетдневен притвор на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на адреса на тројца мои пријатели ковертирав коментар, во кој напишав дека сė во врска со Јанева и аферата „Рекет“ засега се одвива според сценариото за кое слушнав пред десетина дена. „Финишот треба да биде домашен притвор и на крајот банално обвинение, за жената да не била претерано посрамотена“, напишав, но предупредив дека не знам дали тоа сценарио ќе се обистини.

За среќа, се покажа дека моите страхувања биле неоправдани. Се разбира, не сум наивен и сѐ уште не можам да потврдам дека постои целосна спремност оваа афера да се затвори на тој начин што ќе има и правда и политичка одговорност. Медиумите и јавноста треба случајот да го следат внимателно, бидејќи постојат очигледни тенденции за забавување на истрагата, за нејзино дефокусирање, но и притисок таа да се ограничи на тројцата осомничени. А тоа, како што на сите ни е јасно, нема да биде можно.

Истрагата да ја следиме внимателно и без фаули!

Кога велам дека случајот мора да се следи внимателно, ги предупредувам колегите новинари, особено оние од помладата генерација, внимателно да ги слушаат исказите и да ги читаат коминикеата на обвинителите, за да не ни се случи она што ни се случи вчера – медиумите, главно поради површност и од незнаење, ја доведоа во заблуда јавноста, со тврдењето дека Катица Јанева е уапсена за мебел од 5.000 евра.
А соопштението на обвинителите беше совршено јасно: Катица Јанева ја искористила својата службена положба и овластувања, кои ги има согласно законите, па за себе и за двајцата осомничени, против кои се води истрагата, прибавила имотна корист во значителен износ, и тоа за себе предмети – мебел во износ од 298.000 денари, кои за неа ги набавил еден од осомничените, а за двајцата осомничени прибавила имотна корист од 1,5 милиони евра. Јанева е осомничена за кривично дело Злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Ставот 3 прецизно кажува дека за прибавување „имотна корист во значителен износ“, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку 3 години.
Сево ова уште синоќа го напишав во Фејсбук, во обид барем еден дел од јавноста да ја сфати тежината на одлуката на обвинителката Вилма Русковска да ја осомничи „ризичната“ и „опасна“ Катица Јанева, за дело за кое е запретена висока затворска казна. Тоа, заедно со одлуката на Управата на јавни приходи да изврши контроли кај физичките и правните лица поврзани со случајот „Рекет“ (невладината организација Меѓународен сојуз, БМЈ груп, 1ТВ и други), покажува дека во еден дел од контаминираниот правосуден систем, сепак, постои волја овој скандал правно да се расчисти до крај. И затоа, како новинар кој ја отвори аферата, уште еднаш упатувам апел до сите кои немаат мир без правда (било како засегнати, било како обични луѓе кои се срамат од ова што ни се случува пред очите), да ја поткрепат истрагата. Ако можат, да помогнат. Ако не, да не одмагаат. Без фаули, молам.

Време е за политичка одговорност во СДСМ

Најважно е овој апел да го разберат политичарите, посебно од владејачкиот СДСМ. Аферата „Рекет“, за жал, е нешто повеќе од лажната вест што ја кажа премиерот Зоран Заев, имено дека наводно станувало збор обид на „една група криминалци“, на „еден суетен новинар“ и на „еден педер“ да ја урнат власта. Во неколку написи, укажав на директни конекции на функционери од државниот врв и од раководството на СДСМ, како со луѓе од таа „група криминалци“ за која зборува Заев (патем речено, сѐ уште неосудени, а некои и необвинети), така и со човекот што тој го именуваше како „еден педер“. Впрочем, за овие конекции постојат видливи материјални докази, вклучувајќи и десетици видео-снимки и фотографии. Ако смеам да додадам, срамни видео-снимки и фотографии! Претпоставувам дека утре, во кампањата за следните парламентарни избори, овие фотографии ќе ги гледаме на билбордите, а видеата ќе се вртат на порталите и на телевизиите, како крунски докази против партијата која дозволила нејзини врвни кадри непромислено да го крунисаат кралот на рекетот, да му дадат силна морална и политичка поддршка и со тоа да му овозможат да ја сплете својата злосторничка мрежа.
Како ќе се преживее тој срам, ако продолжат овој молк во СДСМ и комичните обиди одговорноста да се префли на други субјекти? Многу тешко…
Без политичка одговорност во раководството на СДСМ, без темелно прочистување што подразбира оставки и смени на сите партиски кадри кои на било кој начин, макар и со најдобри намери и блажено незнаење, учествувале во градењето на царството на рекетот, партијата на Зоран Заев нема да успее да го острани впечатокот дека е заштитничка на криминалните активности во аферата „Рекет“. Таа перцепција од домашната полека се шири и во меѓународната јавност и прашање е на ден кога ЕУ јасно и гласно ќе ни порача дека расчистувањето со скандалот е услов за добивање датум за преговори.
СДСМ нема време за чекање. Сѐ што мора да се случи треба да се случи не утре или следниот месец, туку уште вечерва, на најавената седница на Централниот одбор на СДСМ. Оставките на неколку кадри директно поврзани со осомничениот Бојан Јовановски и извинувањето на еден суетен лидер до партиската база и до симпатизерите на СДСМ, се цената што треба веднаш да се плати, во обид да се создаде вечаток дека владејачката партија искрено и енергично се бори за расчистување на аферата „Рекет“. Тој впечаток може да заврши работа во овој политички спринт (пред најавената „експлозија“ на нови „бомби“ и спинови), но на долги патеки, тоа треба да биде само вовед во многу подлабока и посуштинска реформа на партијата.
За тоа, сепак, друг пат…"
Што знае бе оваа комуњара ☭? Глувците бегаат од бродот што тоне :busi:, од секад бил вртикапа :popce:, се надевам господинот Груевски :kruna: ке го увиди тоа и нема да му прости. :kuracc::kluc:
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Што знае бе оваа комуњара ☭? Глувците бегаат од бродот што тоне :busi:, од секад бил вртикапа :popce:, се надевам господинот Груевски :kruna: ке го увиди тоа и нема да му прости. :kuracc::kluc:
Гериз е вечна опозиција, секогаш контра власт, му го паметам првиот пост кога Заев направи влада дека неколку месеци нема да пишува ни добро ни лошо демек грејс период додека се адаптира и после неколку месеци почна со критики. Јас барем такво мислење имам за него.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Devojce???
Ne sakam da zvuci neptistojno, ne znam kolku godini ima, ama ja imam videno nekolku pati vo zivo i imam vpecatok deka e 40tina hodini.
30 преку сила да има. Може на фаца изгледа постаро ама гласот и е апла детски.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Изгледа навистина Нина Ангеловска ќе биде министер :pos: Без навреда кон девојчето ама како вака се нафаќаат да водат дел од државен апарат, секоја им чест. Смеењето е повеќе и насочено кон тие што ја собрале, ако ова не е доказ дека не остана никој писмен во државава, не знам што е.
Potpretsedatel na SDS kolega...ne samo minister

Mesto Friki i Šiki ako veće prašuvate( plus Pero nekojsi)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom