Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
Ете од вчера е забрането да се вее знамето од Кутлеш, дури и на неофицијални места (у сопствени дворови и на утакмици).
Стварно?
Некако неуставно ми се чини ова. Имаш некој доказ да ја поткрепиш оваа работа?
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Испеглани се детаљите за тоа како да се настапи во наредниов период.
Има да ја минимизираат штетата нема ни влакно да им фали


Сеуште си стојам на ставот дека ова е склопено со намера никој да не лежи,ни од “црвените“ ни од “плавите“.
Оти сите тие носат всушност ист дрес,

“плав“
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
Ако тие работеа на своја рака, а јас да бев на местото на Камчев, за милион ипол на врат ќе им ја донесев сицилијанската или чикашката мафија. Или МОСАД или руската мафија. Парче по парче ќе им ја дереа кожата.
Овде во позадина се многу поголеми играчи.
Како мали џокица замишља свет.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
743
Д претопставиме со ова клима, дека нема да добиеме датум за преговори ,нови избори ќе има кој ќе добие. нова партија движење нема сеуште ,и да има треба време и работа да се афримира,не никој храбар да покрени инијацитива се по форими се пиши и на фејсбук без директна акција од некој ,во италија видете које на власт ,движње покренато од интернет блогери информатичари Five star movement .нешто слично треба и кај нас дасе покрени.
Ама од друга страна ко ќе видиш ,проблеми со името ,мултиетнички систем, шо вика љупчо да разменевме територија сеа Македонија ќе била 10 пута Побогата :)
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Дали е затишје пред бура не ми е јасно. Стево со спротивен став од Заев. Катица се враќа од одмор оди во СЈО на работа, мува не ја лази. Вилма уште си ја сонча а италијанецов паузира од бомби!?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.520
Поени од реакции
4.144
Абе еве и нека се од Русија, Кина или Труција, ако му се остави барем малце простор на нашиов канцер да се прилагоди на таа терапија, нема ама баш ништо да се промени состојбата тука во државава.

Фактот дека треба рез со кој ќе се отстрани болеста, сега засега тоа е само хирург од странство кој што ќе работи во наша болница.

Со оглед дека како сето опкружување оди или е во НАТО и ЕУ, нема потреба да измислуваме топла вода.

Мислам доста е правење на горда република која трае само 10 дена додека сите други имаат монархија инсталирана од странство. Нели историјата треба да ја знаееме за да не ги повторуваме грешките.
абе види сега, знаеш ли дека во Кина за корупција не сечат рака туку глава? Што фали 1-2 години да се воведе и кај нас мало прочистување?
Болеста на крајот треба да победи организмот, треба да се зајакне истиот за да биде болеста победена.
Лекот кој ти и твоите го предлагате не го јакне имунулошкиот систем туку истиот го разградува - ете во тоа е “недоразбирањето“!
Додека вие отровот го прогласувате за лек некои други само укажуваат дека тоа не е лек ами отров!
Светот е во постојани промени, денес ги има ОТАН, ЕУ и... веќе утре истите може да престанат да постојат, треба работите да се гледат малку подлабоко и пошироко. Успехот е веројатен само ако на време видиш што се случува денес а што би можело веќе утре да има!
Секој има право на избор, некои се подготвени да се борат за слобода, ти имаш приземни погледи во таа смисла, па така не има и нас кои сакаме своја република па макар истата траела и само еден ден, и еден ден слобода треба да се доживее!
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Не беше СЈО хируршката интервенција на хирург од странство ?
Беше некоја хируршка интервенција. Ама која (каква)? Трансплантација е ако го извадат старото срце и пресадат ново. Овде насадија уште едно срце, па кој да го фати крајот.
Автоматски споено мислење:

Секој има право на избор, некои се подготвени да се борат за слобода, ти имаш приземни погледи во таа смисла, па така не има и нас кои сакаме своја република па макар истата траела и само еден ден, и еден ден слобода треба да се доживее!
Тоа ќе биде мноооооогу тешко. Да не речам невозможно.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Само ќотек до посерување и на едните и на другите.

Разјарена толпа народ прво влегува во мермерната палата,тепа се живо и диво,од вратар до Мицковски,па после тоа до Бихаќа истото и со тие гомна.

Во другите држави функционери и министри во контејнери ги пикаат и за бандери ги врзуваат.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.917
Не беше СЈО хируршката интервенција на хирург од странство ?
Па не баш, тоа беше сепак македонски хирург. Не оставија сами да се излечиме.

И во крајна линија, за да ти биде појасно, ова што се случува со рекет е во суштина борба за власт во СДСМ, со цел истите тие што владејаат цела наша независност, а и претходно да се извлечат неказнето.

Значи тие беа со ДПМНЕ, сега со СДСМ, и сега сакаат да продолжат да владеат и влакно да не им фали.

Инаку во сето ова има и една друга димензија, албанците!
Се изначитавме на оваа тема како Албанците се криви за тоа каква ни е државава, но интересно е што во скандалот со рекет нема вмешано ниту еден албанец. Исто како што немаше ни во ТАТ, а ниту во Скопје 2014.
Впрочем знаете за некој албанец главен на банка или приватизирна фирма :)

Затоа и анкетава е целосно промашена, затоа што не е во моментов Заев во прашање. Ова што го вмешуваат Заев е само др'ж те го крадецот ...
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.527
Поени од реакции
26.015
Па не баш, тоа беше сепак македонски хирург. Не оставија сами да се излечиме.

И во крајна линија, за да ти биде појасно, ова што се случува со рекет е во суштина борба за власт во СДСМ, со цел истите тие што владејаат цела наша независност, а и претходно да се извлечат неказнето.

Значи тие беа со ДПМНЕ, сега со СДСМ, и сега сакаат да продолжат да владеат и влакно да не им фали.

Инаку во сето ова има и една друга димензија, албанците!
Се изначитавме на оваа тема како Албанците се криви за тоа каква ни е државава, но интересно е што во скандалот со рекет нема вмешано ниту еден албанец. Исто како што немаше ни во ТАТ, а ниту во Скопје 2014.
Впрочем знаете за некој албанец главен на банка или приватизирна фирма :)
ајде... значи не оставија сами да се лечиме со тоа што избраа да застапуваат хирурзи по нивна мерка....

и тоа со криминални конструкции.

Чисто ме занима, како замислуваш дека ни помогнале да се олечиме сами, ако ни конструирале бомби, ни инсталирале криминалци на власт....
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Изгледа што повеќе гледаат да си спасат кожа толку повеќе ќе пука. Него зошто сега во живо на радио??

"Гајсер пишува дека во 11 часот на Радио Каподистрија ќе емитува факти директно во живо од студиото .
-Македонија: Утре 13 август, во 11 часот , на Радио Каподистрија! Внатре во фактите. Ќе се вклучам во живо од студио-пишува Гајсер."
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.917
ајде... значи не оставија сами да се лечиме со тоа што избраа да застапуваат хирурзи по нивна мерка....

и тоа со криминални конструкции.

Чисто ме занима, како замислуваш дека ни помогнале да се олечиме сами, ако ни конструирале бомби, ни инсталирале криминалци на власт....
Абе ти кажав веќе ти не ми веруваш, затоа што го знаат народот каков е, тие не преговараат со народот туку со елитата која ќе им се приклони.

Еве сега е моментот за слика и прилика народот најпосле да кажи доста е на се што се случува, што мислиш дека ќе направи народот ?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.527
Поени од реакции
26.015
Абе ти кажав веќе ти не ми веруваш, затоа што го знаат народот каков е, тие не преговараат со народот туку со елитата која ќе им се приклони.

Еве сега е моментот за слика и прилика народот најпосле да кажи доста е на се што се случува, што мислиш дека ќе направи народот ?
Тоа помош е?

Преговарале со докажано криминогени елити, заради причина што народот наш не го бивал.... за да им се приклони да си ги истераат сопствените агенди.... На штета на Македонскиот народ.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.520
Поени од реакции
4.144
Дали е ова бомбата за Смилковци ?
од оваа “бомбата“ може да се заклучи следново:
- За монструозното убиство се уапсени вистинските виновници, исламски фундаменталисти-фашисти, кои убивале деца од забава;
- За политички цели Заев прави конструкција со што користи трагедијата ги искористува родителите на овие деца и многу други сега веќе Северџани;
- Зокито и тие околу него го знаат сето оваа и овие монструми ги ослободуваат без збор;
- Две лица од монструмите побегнале на Косово куде Харадинај другарчето на Зокито;
- ДПСНЕ го знае сето оваа и молчи -исто како и за учеството на западните срањци експерти во Куманове- ЗОШТО?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom