Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.552
Поени од реакции
26.060
Нема никаква разлика од директно и индиректно вмешан. Ако е вмешан на било каков начин, тогаш под итна постапка ќе бараме да си даде оставка и да се оди на предвремени избори.
Само не знам после тоа за кого би гласал народот што барем малку има осет за реалноста што се случува во земјава..
Испративме криминална банда, за да донесиме друга банда што распродаде се што се можеше да се продаде без никаква добивка од истото. Катастрофа..

Ево утре да има избори, што би праеле реално?
-Да го бараме Бранко да се врати?
-Да го бараме Грујо да се врати?
-Да гласаме за Заев?
-Да гласаме за Мицкоски?

И, во која матна да се давиме кога овие се нашите опции... нема друго.
Сликите како слики не играат голема улога. А не верувам ни дека постоело некакво интензивно дружење помеѓу Заев и Боки. За останатите во владата во право си. Скоро сите што се "гушкаат" низ фото галериите со Боки, се високи членови во владата.
И тоа ми е поентата, дојдовме на дереџе - што и да заокружиме да е залудно. Чаре? Некоја трета опција која никогаш немала ни теоретски шанси да им се приближи на овие 2 македонски и 2 албански блока....
Значи страшно... државава е дувло од криминалци, а секој поштен или избега во странство или нема никаква комуникација со бандиве што владеат со државава.

И, кој ќе ги оправа работите овде... ние, обичниов народ (да не речам - смртници)... ? Катастрофа.
Државава е дувло на криминалци малце поодамна, не е од денеска. Пошто се ставаш на страната на тие што ја донеле оваа власт... Зарем не ти беше познато дека Заев е беше аболициран криминалец и дека за него имаше снимка како ја злоупотребува службената должност (градоначалник на Струмица), за да земе поткуп?

Најинтересно е што од сите криминалци, вие се фативте на орото со најлошите. И тоа малку достоинство што го имавме (Името Историјата и сл) го распродадоа за лични интереси... Знаеш ли што беше цената да се распродаде тоа? Само за да дојдат на власт...

Значи сите индикации ги имаше дека ќе се случи ова што ќе се случи и пак слепо се одеше да се донесе оваа гарнитура без никакви морални вредности на власт.
 
Последно уредено:

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.738
Што очекуваме да дознаеме од анкетата?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.552
Поени од реакции
26.060
Разглабено е пред да се напише не се секирај, јас одлучно преземам ризик со обвинителски тим од САД, Германија,Франција, Италија итн отколку со било кој тука, а оние кои се стручни и знаат како стојат тука работите повеќе од сигурно не ја ставаат главата во торба. Ако си имал прилики да разговараш со некој од еснафот, ќе знаеш, сите велат дека не знаеш дали да се чуваш повеќе од обвинетите или од тие околу тебе.

Пак ќе повторам, ниту земам во обѕир некој од тука ќе оправа било што, најмалку да гони високо профилиран криминал и корупција.




Види Влатче, сигурно не си ја прочитал книгата, уште помалку знаеш кој ја напишал и кои се главните антагонисти во неа, чист доказ дека не сме ништо поарни од никаде во светот само шо тука никој не смее да писне јавно за тоа шо се случува, полициско удбашко опшество имаме. Инаку пошто @gjoko-mkd нон стоп е со упатени луѓе од сите сфери на животот, ќе најде некој да му објасни подетално околу книгата и настаните опишани во истата.

Него да прашам, знам дека го купи ремек делото на Г. Никола Груевски алијас таткомак или миле ми текна, зависи како гледаш на работите, сакав да прашам дали ја прочита?

Знам дека мнозина патриоти ја купија, прашање е колку ја прочитале :tapp:
:icon_lol:

Инаку и тоа подолу шо си напишал го прифаќам, ако има клон на Рајнхард Хајдрих слободно нека го устоличат, друго не заслужуваме.



Не ми е јасно после колку години треба да сфатите дека не ја бидува работата и дека сами не можеме да се средиме?
Јас разбирам дека добар дел од вас колку и да го прават тоа суптилно, фрлаат дрва и камења по секоја идеја која оди кон тоа раководството т.е супер ѕвездите да одговараат. Шо е ваше апсолутно право да го правите истото или имате како став.

Од друга страна јас сметам дека тие ликови кои сакале да сотрат некого затоа шо имал различен став од нивниот, и организираа тешки местенки за тоа, создадоа цел систем, врбуваа роднини, пријатели и што не за да навистина го сотрат тој што им бил таргет,треба да се пресреќни шо се во затвор и сеуште дишат а не завршиле онака како шо тие ги решаваа своите непријатели-во кофа со вода.

Ако е до мене јас и случајот поткуп би го вратил на провторно судење, ако ништо друго некој политички да се пензионира и да се стави до знаење дека нема потреба од такви ликови, барем не откако ќе бидат фатени со спуштени гаќи.

Така да главниот аргумент дека се губи суверенитет нема врска и е смешен, додека секој нареден има контрааргумент кој во пракса се покажал дека со наши не правиме ништо, премногу сме метастазирани како опшество. А приказни дека уште малку почекајте и слично не сакам да слушам повеќе.

Едноставно е, ако сега никој не одговара, било тие од bonbite или овие од рекет, сакам да ми одговори некој за кој кур постои ова вукојебина освен за апашите?
Автоматски споено мислење:



Добиваат ронки од сите кеш црни пари на месечна основа, плус по потреба за додатни ангажмани. Исто беше и претходно, затоа не може никако да ги поврзеш со власт/опозиција. Не сите се разбира, ама солиден број за наши услови.
Кој ќе ти ја опраи работата бе? Ете странците лично и персонално направија социјален инжинеринг, за да дојдат овие на власт и да го направат ова што го направија, странците лично и персонално стојат слепи и глуви на недемократски принципи при донесување на одлуки (игнорирање на референдум и сл.). Странците лично е персонално се иницијатори да ни се смени името и целокупната историја и да останеме без идентитет.

Странците се добри кај нив, затоа што таму законот функционира колку толку, и не може секој тек така да ги распродава државните интереси и притоа да биде на власт, мада и таму ја има таа тенденција и единствено што си спречува е строгите и функционални закони... Кај нас што ќе ги спречува во тоа?

Друга работа што се тиче националните интереси... Сега во оваа држава Македонците се странци, кои се силно опресирани и забрането е официјално да се напишат така како што се осеќаат (не зборам за северџаните), Ете од вчера е забрането да се вее знамето од Кутлеш, дури и на неофицијални места (у сопствени дворови и на утакмици). Сите странци (освен чест на некои исклучоци) ги боли курот кои сме што сме и чие знаме вееме. Како они ќе ми помогнат мене на Македонецот да го веам знамето од Кутлеш, ако IQ33 го криминализирал неговото веење. Тие само ќе бидат извршители на оваа темна страница на историјата на Македонскиот народ.
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Во моментов се е премногу хаотично. Очигледно има премногу бомби и секој за секого има документирани бизниси и активности. Многу малку фали да започне тотален хаос (2-3 бомби). Мене ме интересира од каде искачаат снимките? Во минатото имало само еден маг за прислушување и факт е дека уште има послушници. Агенцијата ОТА може да прислушува по налог и толку се технички хаотични дури за греота. Телеком и ВИП, пак ли?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.197
Поени од реакции
35.747
Нема никаква разлика од директно и индиректно вмешан. Ако е вмешан на било каков начин, тогаш под итна постапка ќе бараме да си даде оставка и да се оди на предвремени избори.
Само не знам после тоа за кого би гласал народот што барем малку има осет за реалноста што се случува во земјава..
Испративме криминална банда, за да донесиме друга банда што распродаде се што се можеше да се продаде без никаква добивка од истото. Катастрофа..

Ево утре да има избори, што би праеле реално?
-Да го бараме Бранко да се врати?
-Да го бараме Грујо да се врати?
-Да гласаме за Заев?
-Да гласаме за Мицкоски?

И, во која матна да се давиме кога овие се нашите опции... нема друго.
Не верувам дека е можно Заев да не знаел што се случува и дека се прават вакви рекетарски и нелегални срања. Најверојатно он не профитирал ама нема шанси дека не знаел. Прво, пола раководство на неговата партија перело пари преку невладината организација на Боки, од градоначалници до највисоки функционери. Второ, Орце Камчев сигурно нема да му даде милион и пол евра на Боки ако не е сигурен дека тука нема политичко покритие за негово ослободување.

Или знаел и преќутел или е толку многу lost in space па не укапирал дека цела партија му оперира како фамилијата Корлеоне.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.552
Поени од реакции
26.060
Не верувам дека е можно Заев да не знаел што се случува и дека се прават вакви рекетарски и нелегални срања. Најверојатно он не профитирал ама нема шанси дека не знаел. Прво, пола раководство на неговата партија перело пари преку невладината организација на Боки, од градоначалници до највисоки функционери. Второ, Орце Камчев сигурно нема да му даде милион и пол евра на Боки ако не е сигурен дека тука нема политичко покритие за негово ослободување.

Или знаел и преќутел или е толку многу lost in space па не укапирал дека цела партија му оперира како фамилијата Корлеоне.
Имаше информација изенесено тука на форумов, дека неколку ексклузивни автомобили од Македонски милионери биле забележани кај братучед на IQ33 у Струмица.

Не знаел само па преќутел.. IQ33 и брат му се главата на оваа криминална банда.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Кој ќе ти ја опраи работата бе? Ете странците лично и персонално направија социјален инжинеринг, за да дојдат овие на власт и да го направат ова што го направија, странците лично и персонално стојат слепи и глуви на недемократски принципи при донесување на одлуки (игнорирање на референдум и сл.). Странците лично е персонално се иницијатори да ни се смени името и целокупната историја и да останеме без идентитет.

Странците се добри кај нив, затоа што таму законот функционира колку толку, и не може секој тек така да ги распродава државните интереси и притоа да биде на власт, мада и таму ја има таа тенденција и единствено што си спречува е строгите и функционални закони... Кај нас што ќе ги спречува во тоа?

Друга работа што се тиче националните интереси... Сега во оваа држава Македонците се странци, кои се силно опресирани и забрането е официјално да се напишат така како што се осеќаат (не зборам за северџаните), Ете од вчера е забрането да се вее знамето од Кутлеш, дури и на неофицијални места (у сопствени дворови и на утакмици). Сите странци (освен чест на некои исклучоци) ги боли курот кои сме што сме и чие знаме вееме. Како они ќе ми помогнат мене на Македонецот да го веам знамето од Кутлеш, ако IQ33 го криминализирал неговото веење. Тие само ќе бидат извршители на оваа темна страница на историјата на Македонскиот народ.
Па пишував јас дека треба Турчинот да се врати и уште 500 години да владее. Да бевме спремни држава да водиме, одамна ќе ја имавме.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Па, па, па, па...поддржувачите на ДПМНЕ жестоко против предлогот, не знам само дали да го сватам ова како восклик на мудроста или крик на стравот...подржувачите на СДСМ молчешкум ги поддржуваат, затоа шо ниту едните ниту другите сакаат функционална правна држава...




Прво е апсурдно, со П не со Б.

И не е единствен случај, ФБИ и федерaлни обвинители и помагаа на Италија во борба со мафијата, Колумбија имаше исто таква помош за борба со нарко картелите итн...плус целта е да се најмат порфесионалци кои би добивале поддршка од матичните земји за да не подлегнуваат на притисоци, закани и сл.

На кој начин жити виделото се откажуваш од суверениетот кога само најмуваш странски државјанин заради својата експертиза да работи според Уставот и законите на МКД?

Тоа што 2/3 од игрчите во репрезентацијата се странци значи дека тоа е туѓа репрезентација?

Нема врска ова со протекторат, едноставно се оди на бајпасирање на оној дел од системот кој е најподложен на компромитација.

Е сеа факт е дека треба да созрееме, ама некако не оди ко шо гледаме сите, затоа странски обвинители и судии може да се гледаат како прихрана, созревање под пластеници.




Не е истиот концепт како во БиХ уште помалку Косово, таму имаат цели судски совети и комплетни оддели на обвинители од странци кои се назначени од одредеини држави, организции итн. ова кај нас да опфаќа исклучиво во делот со организиран криминал и корупција од висок профил, нема потреба од ништо друго. Ние како МКД најмуваме професионалци да работат по наша легислатива, фактички носиш експертиза. Шо фали обвинител од Италија со искуство во борба против мафијата?

Згора на ова не е лошо во меѓувреме исто така странски мултинационални тимови да прават ветинг во правосудтсвото, МВР...не мора тоа веднаш да биде од широки размери, да се почне пробно, да видиме фрлање со дрва и камења по нив од сите страни :icon_lol:

Докажаваме и покажаваме повеќе пати дека сами не знаеме како да ги средиме работите, и тоа од повеќе причини, од сите екс ЈУ земји ние сме дефинитивно најебиветер.

Глеам сите пиштат вриштат против предлогот, ама освен тоа да се врати жмро на власт/да остане лсдм и она за кое што се има консезус- да има општа амнестија, никој нема предлог како секој еден функционер кој направил пиздарија да одговара и во најмала рака да заборави на било какво вршење на јавна функција во иднина.

Инаку каков простотилук прочитав на темава околу предлогот, дефинитвно нема шанси истиот да се напише само ако гасови стигаат во главата, мора директно да стигаат фекалии кои го компензираат недостатокот на сива материја. Е сеа тоа функционира некако, ама како пола човек, пола ајван, па соодветно на тоа и пишувањето.
Види не е чудно ова фрлање со дрвја и камења по таков предлог, затоа што кај нас не е најбитниот проблем тие што се на врвот на власта, туку постои еден цел систем на елита наследници на родители кои беа во структурите на КОС, УДБА и СИД. Тоа е мрежа од роднинско/пријателски врски во безбедносниот / правосудниот / банкарскиот / стопанскиот сектор.

И не е чудно што Прибе, прво што посочи е реформа на безбедносните структури ;)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.552
Поени од реакции
26.060
Па пишував јас дека треба Турчинот да се врати и уште 500 години да владее. Да бевме спремни држава да водиме, одамна ќе ја имавме.
Во овој стадиум, после гледање на вистината во очи после 4-5 години, се учесниците на северџанскиот џихад... Па добро е и тоа, имајќи во предвид на какви прикаски паднаа (Диво Насеље, Смилковци ...).

Само јас искрено би им забранил да гласаат сите тие што учествуваа во северџанскиот џихад, од причина што е очигледно дека имаат проблем со перцепцијата и заради нив цела држава пропати.
Автоматски споено мислење:

Види не е чудно ова фрлање со дрвја и камења по таков предлог, затоа што кај нас не е најбитниот проблем тие што се на врвот на власта, туку постои еден цел систем на елита наследници на родители кои беа во структурите на КОС, УДБА и СИД. Тоа е мрежа од роднинско/пријателски врски во безбедносниот / правосудниот / банкарскиот / стопанскиот сектор.

И не е чудно што Прибе, прво што посочи е реформа на безбедносните структури ;)
Ај Тенеќе малце прибери се.... Да видиме како ќе реагираше ако некој речеше странците да се Руси...

Странците (оние западните) дефакто ни ја водат државата, сите наши „државници“ одат на баци рака по Амбасадите. И за секој чекор се чека амин од истите, и од таму стигнаа налозите да го смениме името идентитетот и све... Да им е стало на странците да имаме салам држава, немаше да ни ја раскурцаат толку на прво место.. Така да ако си заинтересиран да те водат странците, земи си ги да те водат дома кај тебе :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Во овој стадиум, после гледање на вистината во очи после 4-5 години, се учесниците на северџанскиот џихад... Па добро е и тоа, имајќи во предвид на какви прикаски паднаа (Диво Насеље, Смилковци ...).

Само јас искрено би им забранил да гласаат сите тие што учествуваа во северџанскиот џихад, од причина што е очигледно дека имаат проблем со перцепцијата и заради нив цела држава пропати.
Автоматски споено мислење:


Ај Тенеќе малце прибери се.... Да видиме како ќе реагираше ако некој речеше странците да се Руси...

Странците (оние западните) дефакто ни ја водат државата, сите наши „државници“ одат на баци рака по Амбасадите. И за секој чекор се чека амин од истите, и од таму стигнаа налозите да го смениме името идентитетот и све... Да им е стало на странците да имаме салам држава, немаше да ни ја раскурцаат толку на прво место.. Така да ако си заинтересиран да те водат странците, земи си ги да те водат дома кај тебе :)
Не функционираат така странците, си знаат тие многу добро со кого си имаат работа :)

Сетне сега иди момент кога може да има критична маса за промена во нашево општество, досега ентропијата во нашиот државотворен систем само се зголемуваше, сега може да експлодира, така да ќе мора европјаниве глобалистиве малце да го мрднат газот не толку за Македонија, колку за нив самите.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.552
Поени од реакции
26.060
Не функционираат така странците, си знаат тие многу добро со кого си имаат работа :)

Сетне сега иди момент кога може да има критична маса за промена во нашево општество, досега ентропијата во нашиот државотворен систем само се зголемуваше, сега може да експлодира, така да ќе мора европјаниве глобалистиве малце да го мрднат газот не толку за Македонија, колку за нив самите.
Ајде де, откако ни инсталираа познат криминалец, да не раскурца уздуж и попреко, сега тие истите да не оправаат. Тоа ти е исто ко да го стаиме IQ33 да го врати името..

И башка, во агендата на глобалистите не стои Македонија туку територијава поделена помеѓу Албанија и Бугарија..
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.708
Не верувам дека Боки13 и Катица Јанева би правеле нешто без дозвола, на своја рака.
Mešetarot koj gi koordiniral site pizdarii e Zoran Bašanović od Srbija, spec sovetnik na ZZ top.
E sega...dali znael ZZ top za site tie pizdarii.....vremeto ke.pokaži
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.158
Не функционираат така странците, си знаат тие многу добро со кого си имаат работа :)

Сетне сега иди момент кога може да има критична маса за промена во нашево општество, досега ентропијата во нашиот државотворен систем само се зголемуваше, сега може да експлодира, така да ќе мора европјаниве глобалистиве малце да го мрднат газот не толку за Македонија, колку за нив самите.
A mozi tie strancite da bidat od Kina, Rusija, Turcija ili strogo mora da bidat od EU ili SAD ?
Posto neli stranci si se stranci.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Ајде де, откако ни инсталираа познат криминалец, да не раскурца уздуж и попреко, сега тие истите да не оправаат. Тоа ти е исто ко да го стаиме IQ33 да го врати името..
Сакал ти или не, тие пак ќе не оправаат.

Прашање е дали ние најпосле тоа ќе го искористиме или ќе тераме со глават во ѕид.

Да не му светеше на глобалистиве ко ги правеа плановите :D
Автоматски споено мислење:

A mozi tie strancite da bidat od Kina, Rusija, Turcija ili strogo mora da bidat od EU ili SAD ?
Posto neli stranci si se stranci.
Можи кога ќе дојди време најголемиот дел од Македонциве да бараат работа во Русија, Кина или Турција.

Еве Белорусија има 1% невработеност, не гледам зошто форумскава дружина љубители на Путин да се сеуште во НАТО земји.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom