Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.929
Многу ... да речам... саможивна констатација...
Има една интересна поговорка... Кој се бори има шанси да изгуби, кој не се бори веќе изгубил....

Значи можеме ли да констатираме вие што не ратувавте напраивте???
Јас дете бев 2001., туку не ми е јасно како изгубивте војна, односно како изгуби државата војна - од 500 души. Ништо лично, само се прашувам.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.553
Поени од реакции
26.065
Јас дете бев 2001., туку не ми е јасно како изгубивте војна, односно како изгуби државата војна - од 500 души. Ништо лично, само се прашувам.
Не ја изгубивме војната на терен, може си бил дете ама мислам дека имаш инфо... Потпишаа капитулација политичарите... Ние во ниеден случај не бевме победени.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.898
Поени од реакции
17.532
Не ја изгубивме војната на терен, може си бил дете ама мислам дека имаш инфо... Потпишаа капитулација политичарите... Ние во ниеден случај не бевме победени.
Секогаш политичарите се виновни кај нас.Кој продолжил да ги гласа тие две партии после 2001 исто масовно како и секогаш?
Народот.
Политичарите не можат ама баш ништо да направат ако народот не го сака тоа ама очигледно дека народот повеќе сакал лажен мир него вистинска војна.Ако не знам за тогаш оти сум имал едвај 2 години барем знам што сака народот овие 10 години.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.553
Поени од реакции
26.065
Секогаш политичарите се виновни кај нас.Кој продолжил да ги гласа тие две партии после 2001 исто масовно како и секогаш?
Народот.
Политичарите не можат ама баш ништо да направат ако народот не го сака тоа ама очигледно дека народот повеќе сакал лажен мир него вистинска војна.Ако не знам за тогаш оти сум имал едвај 2 години барем знам што сака народот овие 10 години.
Незнам што да ти кажам за ова... Но власта има начин за манипулација на фактите... 2001 година немаше толкава интернет пенетрација па и информациите беа оние кои ги гледаа луѓето на телевизија... Се ширеа невистини дека немаме доволно војска и полиција (а имаше најмалку 70К под оружје), се ширеа дезинформации дека немаме оружје, се ширеа невистини дека ги оставаат војниците и полицајците на цедило. Се ширеа разнни дефитистички информации.

Генерално ние како безбедносни структури, никаде и во ниеден момент не подлегнавме на предизвикот. Се справивме на крај и со отворена агресија од Косово кај Радуша и рудничка колонија...

Генерално проблемот со политичарите ние го имаме од 1991 и до ден денеска не сме го решиле.... Слепо им даваме доверба... за жал.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Тоа што немаш одговор е твој проблем. Инаку во времето на ДПМНЕ, главниот виновник за состојбите во државата им беше СДСМ си заборавил изгледа.
За кој период?[DOUBLEPOST=1563191589][/DOUBLEPOST]
Се надевам дека Дпмне нема пак да се испичкаат и формираат коалиција со учк на претстојниве избори. Се молам само терористиве да ни се тргнат од раководни места. Едини начин е добивање на 54-55 пратеници и можност за формирање ‘коалиција’ со другиве. Иако се од другиот албански блок, со сигурност не се докажани борци на бојното поле:)
Мора да разбереме дека коалиција или поддршка за влада меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ е единствен начин за покомотно работење, да нема зависност од ДУИ. Во спротивно, се ќе е вака.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Јас дете бев 2001., туку не ми е јасно како изгубивте војна, односно како изгуби државата војна - од 500 души. Ништо лично, само се прашувам.
По што беше дете во 2001 година, да ми ти објасни тета:pipi:.
Македонија не ја изгуби војната. Македонија во 2001 година немаше МАЖИ со МУДА до коленици. Крај на приказната.
Македонија си дозволи да потпише капитулација, затоа што неколкумина наместо да ги бранат државните интереси, тие се определија да си ги гледаат своите сопствени интереси.
Никола Димитров се поставува за советник за национална безбедност, (уште не го зел индексот од факултет), друг советник за национална безбедност ти е Стево Пендаровски.
Војната во 2001 година, треба да служи за пример, „Како е возможно 30,000 војници да не се во можност да се справат со 500 терористи“.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.658
Поени од реакции
4.317
(1)Кој е интересот на светските сили во оваа територија? (2)Зошто сакаат да не “пикнат“ во НАТО? (3)За да фрлаат овде радиоактивен и хемиски отпад? (4)За да ги населат мигрантите овде? (5)За да ја користат нашата војска како топовско месо во војните ширум светот? (6)За да вршат експерименти врз нас?
Одговор на прашањата под број 3,4,5 и 6 е ДА!
Одговор на 1 и на 2 прашање е:
1. Затоа што “светските сили“ ОТАН земјите и нивните власти се демократски и многу добри тие се човекољубци (тие толку многу се добри што за да не заштитат од ... дури и името ни го сменија, кој нормален би барал повеќе?).
2. Заради тоа што се многу добри и се човекољубци и сакаат да не заштитат не “пикнуваат“ во НАТО.

Инаку јас сметам дека главните причини се овие што ги реков под 1 и 2 (многу се добри и многу не сакаат) а другите се споредни.
Си можел да во истиот контекст поставиш и други дополнителни прашања ама сепак и тие се од понизок приоритет.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Сакале, нејќеле, ќе формираат коалиција со ДУИ. Се разбира, ако на ДУИ не му падне рејтингот. И ако ДПМНЕ добие на изборите.
Се обиде Груевски да го заобиколи ДУИ, две години маки мачеше и на крај мораше да влезе во коалиција со нив.
Имаше притисоци од секаде да се прават влади „победник со победник“, како што бараше ДУИ. Затоа и после победата на ВМРО ДПМНЕ во 2016 на Груевски не му беше мило да се менуваат принципите по нечија желба (или потреба).[DOUBLEPOST=1563191922][/DOUBLEPOST]
Видете ја Шеќеринска што изјавила од Битола... :facepalm:
Уште датум не ни дале, а веќе сме членка на ЕУ :icon_lol:
Таа зборува за друга држава, не за Република Македонија, нека не јаде трици.[DOUBLEPOST=1563192107][/DOUBLEPOST]
... deka so 100.000€ cash mozebi da kupi aftokefalnost na MPC-OA.
Тоа е затворено. И да сака, и за без пари, нема да признае автокефалност. Ќе му виси „можноста“ дека зел поткуп, па ја признал. После ова со рускиве комичари и ЗаеФ.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Црпко доби инструкции да се повлече?
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
628
Поени од реакции
1.916
За кој период?[DOUBLEPOST=1563191589][/DOUBLEPOST]
Мора да разбереме дека коалиција или поддршка за влада меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ е единствен начин за покомотно работење, да нема зависност од ДУИ. Во спротивно, се ќе е вака.
Шансата да формира Дпмне колиција со Сдс, или обратно, е идентична на онаа да падне метеор и да го удри Заев дирекно у тиквата :)
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.658
Поени од реакции
4.317
Имаше притисоци од секаде да се прават влади „победник со победник“
Не знаев дека Кина, РФ, Јужен Занзибар и Тунгузија вршеле притисоци за ....? (кога се пишува треба да се наведе нечија улога по име и презиме ако е можно а не да се остава простор за манипулации)
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Премиерот кажа до октомври 2020та нема избори.

Така да бидете спокојни :)
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
По што беше дете во 2001 година, да ми ти објасни тета:pipi:.
Македонија не ја изгуби војната. Македонија во 2001 година немаше МАЖИ со МУДА до коленици. Крај на приказната.
Македонија си дозволи да потпише капитулација, затоа што неколкумина наместо да ги бранат државните интереси, тие се определија да си ги гледаат своите сопствени интереси.
Никола Димитров се поставува за советник за национална безбедност, (уште не го зел индексот од факултет), друг советник за национална безбедност ти е Стево Пендаровски.
Војната во 2001 година, треба да служи за пример, „Како е возможно 30,000 војници да не се во можност да се справат со 500 терористи“.
Лесно е да даваш мислења вака, ама поинаку е во реалноста. Македонија не војуваше класично. Влегуваа учки од Косово.. кога ќе им згуснеше.. бегаа назад. Тогаш, нашите пријатели од Косово (и властите, и „меџународната“) кои беа задолжени за безбедноста на Косово, не реагираа. Тоа е како кај нас да има милитанти кои ќе навлезат во соседна држава и пак да се враќаат овде. Мислите дека ќе не остават? Ние ќе треба да ги решиме.. или ќе навлезе соседана војска да ги реши. Е ние не можевме.
Се закануваше граѓанска војна во МК (меѓуетничка) и големи беа притисоците од надвор да се постигне „договор“ за да се запре војната. Така, ДУИ стана партија, амнестирани.. потоа знаеме.
Лесно е да речеш.. ќе ги згазиме, ама треба да мислиш... што потоа?
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.170
Пендаровски: „Галичка свадба“ важен дел од мозаикот на нашето мултиетничко општество

Она кога по секоја цена одбегнуваш да кажеш македонска, македонски, Македонија... да, до тоа дереџе дојдовме
[DOUBLEPOST=1563193284][/DOUBLEPOST]
Премиерот кажа до октомври 2020та нема избори.

Така да бидете спокојни :)
Премиерот наш е познат по тоа дека секогаш се држи до зборот.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не знаев дека Кина, РФ, Јужен Занзибар и Тунгузија вршеле притисоци за ....? (кога се пишува треба да се наведе нечија улога по име и презиме ако е можно а не да се остава простор за манипулации)
ДУИ правеше протести, го блокираше дури и автопатот кон Тетово, нашите опозициони политичари изјавуваа (дипломатски) дека треба да се почитува волјата на избирачите. Дипломатите даваа слични изјави. Плус, на власта и виси опасност од радикализирање на албанскиот „победник“ ако не е во власта.. Тоа се притисоците. Не значи дека се конкретни ултиматуми од политичари.[DOUBLEPOST=1563193801][/DOUBLEPOST]
Шансата да формира Дпмне колиција со Сдс, или обратно, е идентична на онаа да падне метеор и да го удри Заев дирекно у тиквата :)
Тоа е друг момент. Јас кажав кој е единствениот начин да се избегне „дуизирањето“. Не очекувам дека ќе се случи.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom