Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Што очекуваш од влада каде Дане Талески и во врвот, го советува(л) Заев за преговорите со Грција, за името..? Можеби е старолик, ама „детево“ нема реално искуство. Не е „фора“ да се докторира само, на хартија, академски.
Или па Бојан Маричиќ... ДЕЦА, може не по години, ама по искуство.
Леле, како можевме до толку ниско да паднеме, циркуз не ни е рамен. Премиер, советници, ДУИ е константен дунстерај... НИ НЕМА СПАС. Сериозно велам дека ние треба да станеме провинција на некој наш сосед, ако може топтан најдобро, да не се делиме.

Така е нема збор, преходната власт беше пример во регионот и пошироко за сериозна кадровска политика базирана на меритократија а со тоа и стратешко поставвуање на цели и нивна реазлиација. За малку ќе ги обновевме неврзаните :pos:
Од лидери до ова дереџе паднавме :icon_lol:
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Ама prank-от на Заев со 1% покриеност во медиумите.
Се ќути на Сител, Канал5, МРТВ, една АлфаТВ која фрла дрва и камења спрема власта.

Damage Control e активиран.
Џабе, телевизиите се минато свршено, 90% од луѓето под 40 години не гледаат тв, следат вести онлајн - социјални мрежи.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.007
Џабе, телевизиите се минато свршено, 90% од луѓето под 40 години не гледаат тв, следат вести онлајн - социјални мрежи.
Значи го бранат ЗЗ со оцрнување на народот, бил зол необразован глуп...Статуси фрчат не знаеле да се паркираат фрлале ѓубре :)

Вакво пукање у нога немам видено... Добро ќе биде ако не се случи некој јавен линч на бранителиве на ЗЗ..
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Така е нема збор, преходната власт беше пример во регионот и пошироко за сериозна кадровска политика базирана на меритократија а со тоа и стратешко поставвуање на цели и нивна реазлиација. За малку ќе ги обновевме неврзаните :pos:
Од лидери до ова дереџе паднавме :icon_lol:
Претходната влада имаше деца исто и јас тоа на форумов го истакнував и го критикував. Но, таа влада не направи гафови, ни приближно на сегашниве, не трчаа „како прле пред магаре“, плаќаа сериозни советници (меѓу многу други). И на крај, сега проблемот не е во претходната влада, сегашната политика ја води сегашната влада и не е воопшто битно да се споредува со претходни влади. Претходната влада, на пример, ни на сон немаше да потпише вакви „договори“ со соседите. Гледаме какви последици имаме, Македонија (барем за Грција и Бугарија) е приказна која треба да заврши трагично за нас. Чекаа долго, дојдоа нивните 5 мин и сега „лом“ не прават. Претходната влада не влезе во таа стапица и беа „антизападна, антиевроска...“ влада. Сепак, го издржа тоа (на своја штета).
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Многу грешиш, жмро со јак PR доста долго ги преживеа bonbite, си ја задржа главната PR траекторија на патриотизам/конзерватизам а притоа повремено амплифицираше со теми кои се целосно спротивставени на она за шо тие се залагаат како домољуби и ја премости целосно јавноста од борба со корупција и арамилук на она шо им беше нивна агенда од сам старт, значи може.

Проблемот е шо се јад и очај и министерството за вистина и власта генерално, координација никаква уште помалку реализција на било шо...изгорени за да бидат тоа шо беше жмро, ама немаат кликер.

Во оваа ситуација јас би играл на тоа дека подобро е да го слушам Заев кај што треси глупости него да го слушам Груевски кај што се изживува и со тоа ќе го премостам фокусот повторно кон bonbite и им ја давам топката на нивни терен тие да се бранат...истовремено да ја потсетат јавноста за „добродушноста и наивноста“ на екс министерот Миле Јанакиески-според неговата сопруга.
Нека биде ова операција со кодно име Невозвратена љубов жмроњи ;)

Во секој случај ова е мизерна ситуација, не само шо покажа колкава лејка ни е прајм министер туку и кои се партиски тутурутки се вработени во владата и дозволиле вакви пропусти т.е пиздарии од епски размери. Ако може двајца шалабајзери да им го направат ова тогаш тек шо им прават сериозните разузнавачки служби а не се ни свесни кутрите...додуша веројатно не ги ни интересира, зинати се за пари и сем тоа за се друго qr ги боли.
Воопшто не грешам. Вмро ја имаше КАС, германска ПР агенција. Овие со василие и брачедот на Рада ништо не прават, не се ни споредуваат двеве работи.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.377
По сите гомна што ви се удрија од глава овие две години, не престанавте да мудрувате и да лепите етикети со исмевање...

Утре ќе ви ја постирам бомбата за Мартин Нешковски, СЕЧЕНА, која СДС тогаш ја изваде во јавност, а истовремено ќе ви ја постирам истата бомба исто СЕЧЕНА, само подолга верзија. Па ќе сватите сами какви корисни идиоти сте испаднале, благодарение на човек кој самиот се слика со убиецот на насловна во весник и кој денес е мета на потсмев дури и од оние кои се солидализираа со вас пред две години на форумот.

Ако и после то не разберите какви корисни идиоти сте испаднале, тогаш хитно на преглед во „Јас ОК, ти ОК“.
Знам дека би си ги гласал вмро до крај на живот, не мора бомби да ми постираш. Луѓе што слепо ги бранеа и не зуцнаа 10 години немаат право уста да отворат тука, али изглеа слаба ви е меморијата.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
100% ќе ги кења руските служби или нешто поврзано со Русија
Ако не е измислица, креирана шега.. не постои нешто што може да ги/го оправда. А гласов е оригинал на Заев, не само гласот, дикцијата, акцентот, стилот, „англискиот“...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.007
Знам дека би си ги гласал вмро до крај на живот, не мора бомби да ми постираш. Луѓе што слепо ги бранеа и не зуцнаа 10 години немаат право уста да отворат тука, али изглеа слаба ви е меморијата.
Може чоекот има проблем со меморијата, ама и ти си маанлија, имаш проблем со резонирање на реалноста...[DOUBLEPOST=1562668044][/DOUBLEPOST]meanwhile....

Мицотакис не се откажува од правото на вето

Не се секирајте, све е по старо, само некои ситници се сменети... Името, двојазичност, историјата....
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.187
Поени од реакции
19.265
Почна.

- Одма призна дека е он.

- Комичариве биле агенти демек за да ни наштетат на влегување во НАТО и ЕУ.

- Русиве и други заебавале, не бил он единствен, бил во добро друштво.

- Сечење. лепење бла бла бла. За МПЦ се било монтирано.

- Умара колку бил добар договорот со Бугарија и Грција.

- Иванов можеби бил подржан од Русија...

- Ова е напад на демократијата во светот, се било местенка, фејк њус - ништо не било точно во разговорот.

- Ќе се бориме против лажни вести заедно со НАТО сојузници.

Сеа прашања следуваат од новинари.

- Како Владата дозволила да се случи овој пропуст?
ЗЗ - Почитувани биле сите протоколи. Меле за сигурност бла бла. Се гордее дека бил во добро друштво (пак).

- Дали биле овие повици договорени претходно со Солтенберг и Порошенко?
ЗЗ - Секако. Се гордее дека бил во добро друштво (пак).

- Наводно откривал државни тајни и телефонски броеви, зошто открива такви работи?
ЗЗ - Искрено верувал дека е Порошенко, не било тоа државна тајна. Немало издавање никакви тајни, се било отворено, Петар Македонски било шала.

- Битна е форма, не содржина, биле сечени лепени материјали но вие прифаќате да плаќате мито, издавате разговори кои сте ги имале со Меркел за Косово, давате тел броеви, мислите ли дека само извинување е доволно или следи оставка?
ЗЗ - Се е јавно, само ги повтара ставовите. Жали за тоа што издавал тел броеви, сите го знаеле неговиот број, често се слушал со други државници преку телефон. Оставка не дава (офц).

- Како стапиле во контакт со него, Борис Џонсон по 10 мин сватил дека е заебанција, Макрон по 15 па прекинуваат, вие сте збореле 60 минути.
ЗЗ - Објаснува каков е протоколот.

- Новинар му објаснува како е протоколот, по прв разговор ако е следен протоколот че видел дека е заебанција но ЗЗ и компанија 3 пати се слушале. Дали ќе одговара некој, Македонија е исмеана пред цел свет.
ЗЗ - Не барале проверка за записниците, не прават такви работи и затоа нема кој да превземе одговорност. Со Ципрас нонстоп на Whatsup се слушал.

- Лани сме добиле датум за ЕУ но оваа година испадна дека сме немале, дали е сигурен дека зборел со Меркел?
ЗЗ - Бла бла. Верува дека немало заебанција.

- Дали имало осомничени лица во државава дека некој соработувал со СВР (екс-КГБ)
ЗЗ - Сме имале историја со фејк њус.

- Што значи неавтентичен контекст за МПЦ, дали понудил мито и дали се слушнал со вистинките Поро и Столтенберг?
ЗЗ - Монтиран бил делот со МПЦ, грците и бугарите ни помагале. Збори како градел цркви и џамии. Требало политичарите да помагаат да се репи спорот со СПЦ-МПЦ.

- Дали се архивирани повициве, дали тоа што рекол дека Вучиќ е марионета на Путин ќе влијае на нашите односи со Србија?
ЗЗ - Да, архивирани се. Жали за тоа што Србија и Русиај имаат добри односи.

- Дали по овие повици имало реакции од страна?
ЗЗ - Нема се уште.

- Бил во добро друштво, Македонците не им е гајле дали бил во добро друштво, дали че има одговорност превземанње од некој и дали ќе влијае ова дипломатски на Македонија?
ЗЗ - Ние сме пријатели со сите, немаме отворени прашања со никој вклучително и со нашите соседи.

- Чим одговорност никој нема да превземе вклучително и Заев ќе има ли некоја промена воопшто?
ЗЗ - Зошто некој да превземе одговорност, ако треба да се извини ќе се извини. Он е одговорен човек но смета дека нема потреба никој да биде одгворен за ова, секому може да му се случи.

- Дали можеби некој од Македонија го нарачал ова, дали има осомничен?
ЗЗ - Не, овие комичари се познати, таргет им се проНАТО и проЕУ, меле нешто за НАТО како ќе влеземе.

- Одговорност некој мор ада поднесе, никој нема корист од извинување. Како ќе имаме добри односи со Косово и Србија, колку пати се слушал со други лажни луѓе.
ЗЗ - Нема тајни оддавање. Не зборел за Косово и Србија размена на граници, тоа било општо познато. Одговорност нема намера никој да поднесе.

- Нели му текнало дека чим зборел со Whatsup да уклучи видео да види со кој збори.
ЗЗ - Не му текнало, од сега ќе прави така.

- Во делот со референдумот, Порошенко го цитира Сталин дека битно е кој ги брои гласовите а не што гласале, дали ви помогна советот?
ЗЗ - Битно било да се гласа.

- Проблемот е во протоколот, одговорност треба да се брани таму а вие повторно ги браните блиските до вас. Рашковски и покрај сите проблеми и нарушен рејтинг, вие упорно не барате одговорност од никој кој е блиску до вас.
ЗЗ - Бараме одговорност од сите. Го брани Рашковски бла бла.

- ЗЗ вели дека Сумерците биле претходници на Украинците, каде го прочитал тоа? Нели 100к евра е навреда за Вартоломеј тоа? Сите лидери во доброто друштво сватиле дека за 20 мин повиците биле заебанција, ЗЗ сватил по година и пол, дали се чуствува лошо?
ЗЗ - Се чуствува лошо. Не знаел точно за кои наследници биле. Не го сватил сериозно раговорот за 100к ева.

- Јанакиевски е казнет иако не бил осуден а за разговориве немало никој да превземе одговорност, али ќе му се помогне на Миле.
ЗЗ - Нема да интервенира во судството, он се борел против режим. Бла бла бла. Ако издал тајна ќе поднел оставка.

- За директори некое прашање.
ЗЗ - Биле донесени 14 одлуки.

Тхе Енд.

*Аман со Република Северна Македонија, како не гукнеш само Македонија по грешка.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
Значи го бранат ЗЗ со оцрнување на народот, бил зол необразован глуп...Статуси фрчат не знаеле да се паркираат фрлале ѓубре :)

Вакво пукање у нога немам видено... Добро ќе биде ако не се случи некој јавен линч на бранителиве на ЗЗ..
Sega kaj da e ocekuvam vojvodata da isfrli status kako rudnicite ova ona ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom