Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Најголемата причина што со Србите имаме „братски“ односи е во тоа што тие во 99,9% не третираат како браќа. Не ни спорат идентитет, не прифаќаат... Има мноооогу мал дел од народот кои можеби би рекле дека сме „Срби со говорната маната“. Единствен негативен пример е црковното прашање, но тоа не е многу присутно во обичниот живот и народите не се занимаваат со тоа, а и нема некои влијанија врз секојдневниот живот како политиката. Но, и црковното прашање е сигурно плод на некои политики, веројатно од помоќни центри. Секако, огромна улога во добрите односи има заедничкото живеење во СФРЈ од 1945 до 1990 г. во „братство-единство“. Ние сме зависници од нивната естрада, итн, итн...
Со Бугарите е тотално спротивна работата, нé негираат на секое поле. За волја на вистината, до крајот на Првата Светска Војна, а делумно и до Втората, границата меѓу Македонците и Бугарите била слаба
Дел од планот на Зајко е да ги влоши односите со Србија. Некако не му успева бидејќи во Македонија најголемо влијание има баш од Србија.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Perenje mozoci 50 godini za vreme jugoslovensko, zatoa gi mrazime bugarite.
Ja velam obedinuvanje so bugarija ili grcija za spas od shqiptarite pred da ne izedat. Bar ke imame eu pasoshi na toj nacin koj saka ke si fati dzade nakaj germanija.
Pa posle koga ke izbegame site od tuka neka se slikaat stabskite pushachi I reketari na vmro-sds.
Малку е пренагласено дека ги мразиме Бугарите. Барем јас не ги мразам. Како што нас нè учеа дека сме Македонци, така нив ги учеле дека сме Бугари. Проблемот е што не можат или не сакаат да сфатат дека двајца браќа еден ден се делат и секој тргнува по својот пат.
А за обединувањето со Грција... Не ми се допаѓа. Можеш ли во Атина да влезеш во продавница и да купиш леб? Јас во Софија без проблем можам.

Обинување со Бугари или Грци е еднакво на групно харикир и трајно уништување на Македонија и Македонците. Подобра опција е да се отцепи Западна Македонија од унија со негатори на Македонскиот Идентитет.
Каде да биде границата? И што со Македонците во Западна Македонија?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Втората светска војна е одговорот. Бугарската војска многу злосторства има направено.
Хммм... за стрелањето на децата во Ваташа знам, ама за други случаи би те замолил да ме потсетиш. Наведи работи различни од гонење на „илегалци“ и оние кои вооружено се спротиставиле на тогашната бугарска власт. Тоа е очекувано од секоја држава. Јас од она што сум зборувал порано со луѓе кои живееле во време на бугарската окупација 1941-44 сум слушал дека во главно бугарските власт и населението живееле нормално, секојдневие.. ништо посебно.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.630
Поени од реакции
4.929
Малку е пренагласено дека ги мразиме Бугарите. Барем јас не ги мразам. Како што нас нè учеа дека сме Македонци, така нив ги учеле дека сме Бугари. Проблемот е што не можат или не сакаат да сфатат дека двајца браќа еден ден се делат и секој тргнува по својот пат.
А за обединувањето со Грција... Не ми се допаѓа. Можеш ли во Атина да влезеш во продавница и да купиш леб? Јас во Софија без проблем можам.

Каде да биде границата? И што со Македонците во Западна Македонија?
Барем ќе има Македонци во остатокот од Македонија, во унија со Бугарија и Грција сите Македонци ќе исчезнат плус ќе нема независна Македонија каква такава.[DOUBLEPOST=1560248522][/DOUBLEPOST]
А да одиш ти да се провериш дали си у реду?
Следи го муабетот докторе.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
ЏАФЕРИ ЌЕ ЈА КОНСТАТИРА ОСТАВКАТА НА ГРУЕВСКИ

Каква фарса... Дури ни за ова не се потрудија малку да го изглумат и да го изиграат на подруг начин пред народот, туку се направи уште едно од плејадата мочања кои ги трпиме доста често периодов. Слободно после вакви срања да продолжите да се препукувате и да се мерите кој е поголем плакатолепач.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ете тука е проблемот. Не се работи за "исти словенски" народи. Да делиме некои црти со нив и со србите, ама племе кое дошло од реката волга на чело со Аспарух да се словенско население? Кога велам делиме со нив црти, мислам на пиринскиот дел, зато шо тие таму нашите се поголеми татри од татарите. Знајш кога сме имале добри односи со нив? Само кога му одиме по газот дека сме и ние татри. Знам дека сме до некој степен клошари ко народ ама не сме до тој степен ко татарите одвратни. Појди кај нив че видиш какви се, посебно по на исток ако одиш, уште се поразличнина кожа, темни, татри, не за џабе некои викаат дека се црни ко џупци. Ако стварно бевме "еден" народ, а не сме, тогаш зошто обединувањето според нив во Втората Светска војна, не беше како со Германија и Австрија? Германските војници мирно маршираја до Виена, додека Австриските војници до Минхен. Кај имаше такво нешто мејџу Македонија и Б'лгарија? 99% или 98% (не се сејчавам точно на бројката) од австријците гласаја за обединување со Германија, шо од стално сакале. Кај имало овде гласање за обединување со "мајка" Б'лгарија, освен угнетување на народов и пропагирање дека сме бугари?
Како прво, треба во Македонија да знаеме дека Бугарите не се Татари.
Денешните Бугари имаат име кое не е соодветно на нивната структура на населението. Бугарските племиња од средна Азија дошле последни на Балканот, мешајќи се со доминантното словенско население. Има денешна Бугарска нација/народ кој има целосно словенски карактеристики (јазик, обичаи, фолклор...) и е очигледно доминантен кај нив. Парадоксално, но според мене Бугарите имаат „лажен“ идентитет бугарски, а реално не се. Секако дека дел од нив има и бугарско, но такви делови сигурно има и кај нас, и кај Србите, итн, итн... Бугарските племиња не дошле само во денешна Бугарија, племња предводени од Кубрат (мислам) дошле во прилепско поле, па накај Солун отишле, па после и од таму заминале... Секаде имало мешање на народите. Сте се запрашале ли од каде е името на Куманово? Прочитајте за Куманите.
Затоа, не треба многу да го гледаме минатото, важно е да се почитуваат националните убедувања на денешните народи.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Хммм... за стрелањето на децата во Ваташа знам, ама за други случаи би те замолил да ме потсетиш.
Ваташа е врв на злосторствата. Овде се во прашање ситните злосторства кои на мој терен секој ги осетил. Едно од нив е реквизицијата. На луѓето им го одземале добитокот, воловите за месо, коњите за на фронт. Им го одземале житото, оставајќи им минимално. На тој начин двојно ги оштетувале. Без добиток повеќе нема со што да се ора и врши, а и она малку жито што го имале им било одземено.
За ситни работи ги затворале и малтретирале луѓето. Впрочем затоа многумина им се приклучиле на партизаните. Дома нема што да јадат, нема (со) што да работат, а се чувствуваат загрозени.

ПС
Во првата светска војна на дедо ми му одзеле два товара жито, а му оставиле барем за две години. Колку да извршат некаква реквизиција. Тогаш нашите биле наклонети кон Бугарија.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Хммм... за стрелањето на децата во Ваташа знам, ама за други случаи би те замолил да ме потсетиш. Наведи работи различни од гонење на „илегалци“ и оние кои вооружено се спротиставиле на тогашната бугарска власт. Тоа е очекувано од секоја држава. Јас од она што сум зборувал порано со луѓе кои живееле во време на бугарската окупација 1941-44 сум слушал дека во главно бугарските власт и населението живееле нормално, секојдневие.. ништо посебно.
Togas zosto non stop se pojavuval otpor?
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Како прво, треба во Македонија да знаеме дека Бугарите не се Татари.
Бугарите од Татарите го имаат само името. Останатото е словенско.[DOUBLEPOST=1560249811][/DOUBLEPOST]
ЏАФЕРИ ЌЕ ЈА КОНСТАТИРА ОСТАВКАТА НА ГРУЕВСКИ

Каква фарса... Дури ни за ова не се потрудија малку да го изглумат и да го изиграат на подруг начин пред народот, туку се направи уште едно од плејадата мочања кои ги трпиме доста често периодов. Слободно после вакви срања да продолжите да се препукувате и да се мерите кој е поголем плакатолепач.
Тие не го почитуваа уставот за многу покрупни работи, што има да се грижат дали ова е уставно или противуставно. А член 65 децидно кажува дека оставката се поднесува лично.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ваташа е врв на злосторствата. Овде се во прашање ситните злосторства кои на мој терен секој ги осетил. Едно од нив е реквизицијата. На луѓето им го одземале добитокот, воловите за месо, коњите за на фронт. Им го одземале житото, оставајќи им минимално. На тој начин двојно ги оштетувале. Без добиток повеќе нема со што да се ора и врши, а и она малку жито што го имале им било одземено.
За ситни работи ги затворале и малтретирале луѓето. Впрочем затоа многумина им се приклучиле на партизаните. Дома нема што да јадат, нема (со) што да работат, а се чувствуваат загрозени.

ПС
Во првата светска војна на дедо ми му одзеле два товара жито, а му оставиле барем за две години. Колку да извршат некаква реквизиција. Тогаш нашите биле наклонети кон Бугарија.
Хммм... Мислам дека се пренагласуваат работи.
Одземање за храна за војската се прави во секоја војна, а Македонија тогаш била во составот на Бугарија. Впрочем, и „кумунистите“ одземале од народот после војната, национализирале... многу покрвнички од земањето на храна за војска во војна. И мобилизирањето било логично во услови на војна.
Малтретирање за ситни работи не сум сигурен баш, а и да било, не било на етничка основа, туку од други причини.
И јас ќе повторам она што ти го кажа: до светските војни, Македонците биле силно наклонети кон Бугарија, често без граница меѓу она што се Македонци и Бугари. Доволно е да ги погледнеме биографиите на македонските дејци кои денес ги славиме. Но, тоа секако не ја амнестира денешна Бугарија да го прави она што го прави кон нас. Впрочем, прво нека си го средат сопствениот лажен бугарски идентитет. Бугари не постојат ако одиме по нивните логики. Секако, јас не им спорам да се самоидентификуваат како Бугари.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.151
Ваташа е врв на злосторствата. Овде се во прашање ситните злосторства кои на мој терен секој ги осетил. Едно од нив е реквизицијата. На луѓето им го одземале добитокот, воловите за месо, коњите за на фронт. Им го одземале житото, оставајќи им минимално. На тој начин двојно ги оштетувале. Без добиток повеќе нема со што да се ора и врши, а и она малку жито што го имале им било одземено.
За ситни работи ги затворале и малтретирале луѓето. Впрочем затоа многумина им се приклучиле на партизаните. Дома нема што да јадат, нема (со) што да работат, а се чувствуваат загрозени.

ПС
Во првата светска војна на дедо ми му одзеле два товара жито, а му оставиле барем за две години. Колку да извршат некаква реквизиција. Тогаш нашите биле наклонети кон Бугарија.
Далеку од тоа дека многумина се приклучиле во партизани порсди тоа.Секоја окупација е тешка па така и бугарската но дали србската била толку добра што никаде никој не ја оцрнил.Еве уште еден приер со Турците.Не треба да зборуваме кои се и што се и што ни имаат направено.Настрана тоа што со нив немаме никаква сличност.Ама пак 90% од народот ги сака па една половина и ги чека да се вратат :(
Замисли која трагедија е тоа да чекаш да се врати некој кој силувал и убивал 5 века твој предци.Под бугарско ропство сме биле само 4 години во кое реално обичното население не настрадало како што тоа било за време на турско па и србско.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
628
Поени од реакции
1.916
павле нешо пак ми е гласен у собрание , не е ваљда пак да го заебале, амфас да му бапнале уместо бело :pos:
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Далеку од тоа дека многумина се приклучиле во партизани порсди тоа.Секоја окупација е тешка па така и бугарската но дали србската била толку добра што никаде никој не ја оцрнил.Еве уште еден приер со Турците.Не треба да зборуваме кои се и што се и што ни имаат направено.Настрана тоа што со нив немаме никаква сличност.Ама пак 90% од народот ги сака па една половина и ги чека да се вратат :(
Замисли која трагедија е тоа да чекаш да се врати некој кој силувал и убивал 5 века твој предци.Под бугарско ропство сме биле само 4 години во кое реално обичното население не настрадало како што тоа било за време на турско па и србско.
Турците 500 години убивале и силувале, Ќе ги прескокнеме Србите и Бугарите (и тие го практикувале истото). Доаѓаме до комунистите. И тие убиваа и силуваа. И на крај сегашниот плурализам. И сега има убивања и силувања, само на прикриен начин. Не е ништо подобро отколку за турско време.
И јас сум да се вратат Турците. Барем народот бил сплотен, не како сега. Тогаш имало данок десеток - една десетина (10%), сега треба да се вика петок* - една петина (20%).

*не петок како ден во неделата
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.449
Поени од реакции
1.780
Далеку од тоа дека многумина се приклучиле во партизани порсди тоа.Секоја окупација е тешка па така и бугарската но дали србската била толку добра што никаде никој не ја оцрнил.Еве уште еден приер со Турците.Не треба да зборуваме кои се и што се и што ни имаат направено.Настрана тоа што со нив немаме никаква сличност.Ама пак 90% од народот ги сака па една половина и ги чека да се вратат :(
Замисли која трагедија е тоа да чекаш да се врати некој кој силувал и убивал 5 века твој предци.Под бугарско ропство сме биле само 4 години во кое реално обичното население не настрадало како што тоа било за време на турско па и србско.
Не може некој што те негира до ден денешен било да е Грција или Бугарија да се рече дека е добар сосед.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom