Краен стадиум на распад е кога ќе го воскресните Грујо од политичките гробишта и ќе дискутирате за него како за релевантен политички фактор, ќе му дадете до значај до тој степен да почне да фигурира како реална политичка замена за моменталниов хаос. Кога ќе почнете да барате логика во неговото децениско владеење, и моменталнава политичка гарнитура, која што раководи со државава, нивната неспособност ќе ви служи како изговор да го оправдате силувањето кое што ВМРО на чело со Грујо и фамилијата и го правеше на државата и на сопствениот народ.
Да биде трагедијата поголема, оние кои што го одржуваат во живот култот кон Грујо и неговата владавина се истите тие кои што ноќе пред да заспијат, уште се тешат дека срушиле режим со пенкало. Деновиве Грујо беше топ тема низ владиниве платенички прдала, наводно за да дополнително го оцрнат и го искористат за дистракција од ЕУ дебаклот, гревовите не се свесни дека самите си даваат авто гол. Оти Грујо се претвори во симболот на нивната неспособност. Им се провози пред нос додека кретените симулираа вонредна состојба, барајќи го по контејнери и гепеци ликот комотно се прошета низ пола Балкан и стигна до Унгарија, им се измоча на Заевите и куртонски демагогии за правда и правна држава, да секое споменување на овие постулати од нивна страна, во најмала рака никој нормален веќе не ги зема за сериозно.