Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.809
25 години се преговара за двојна формула и промена на име за меѓународна употреба, односно замена на референцата FYR of Macedonia.

Сега се изнанадени бидејќи станува збор за ерга омнес решение со промена на устав, пасоши, лични карти, учебници, имиња на институции, трговски марки, топоними, откажување од македонско малцинство во Грција и тн.

Nма разлика.
Изненадени дека станува збор за Ерга Оменс, промена на устав и тн. А вие мислевте дека преговорите се за врзување панделки и дување балони од сапуница.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
И тоа 25 години гласаат за партии кои преговараат за промена на името, во замена за евроинтеграции. Сега одеднаш се изненадени.
Не е маката дека се преговара, маката е во тоа што јавноста немаше врска за што во суштина се преговара, што навистина бараат грците и дека не се работи само за името на државата. Меѓутоа ако сето тоа го пласираше некој во јавноста јасно и гласно, настрана шо кој и да беше експресно ќе заминеше по ѓаволите, и не само во преносна смисла, туку мислам на среклоцање и слично.

Еве сега гледај како не лажат на очи, не може да ми каже никој дека прифатиле уставни измени и дека не знаат што како треба да изгледа, тука е гратис она шо договориле со учките, значи нека не се прават наивни.

Се на тацна да види јавноста на што се обврзуваат т.е не обрзуваат сите граѓани на Македонија, да нема забуни и мешетарење. Па нека се изјасни и ДПМНЕ што од тоа за нив е прифатливо а што не, па бујрум избори.

Инаку никој од вмровците не побара одговорност од тие шо се чукаа 10+ години в`гради дека името не го даваат и се живо и диво настрана од тоа правеа предавници, ај шо се пазареле како за приватна своина, сега велат во ред е договор со јунанистанците, ама ние подобар ќе направиме :pos:

И после држава сакаме :tapp:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
СДСМ го повикуваат Наркос градоначалникон да си дал оставка :pos: го ослободија од затвор и сега дај на тв ќе кажеме, дади си оставка (y)
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
882
Поени од реакции
1.404
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Шо е овој муабет?
1. СДС сака избори без да даде пржинска влада, затоа што им се брза
2. ВМРО не оди на избори без пржинска влада, значи ќе ги бојкотира
3. Имаме ли психијатри во државичката?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.809
Нема шанси по секоја цена да се влезе во НАТО... Сите сакаме во ЕУ и НАТО, али не по секоја цена. НИКАКО....
Цената добро ја знаеме, таа навистина е секоја, како што викаш.
Алтернатива нема на хоризонт.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Каква судбина,да се најдиш во срцето на вукојебината Балкан.Место на исфрустирани народи со кој 1000 години владееле други,прво Византија потоа Османлиите.И сега истите тие народи место да живеат слободни и среќени,ги лечат своите фрустрации врз нас.Ко малку да ни се корумпираниве политичари, уште вакви мутанти од соседи ни фалеа.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.044
Поени од реакции
19.642
Изненадени дека станува збор за Ерга Оменс, промена на устав и тн. А вие мислевте дека преговорите се за врзување панделки и дување балони од сапуница.
Разбирливо е да има изненадени, бидејќи 25 години се преговарало само за замена на референцата FYROM, и плус Заев изминативе неколку години како папагал повторуваше дека нема да има промена на Устав и промена на уставното име.

 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.809
Скроз ќе разберев и ќе се приклучев да имаше кампања за бојкот предводена од ВМРО ДПМНЕ која јасно и гласно дава нови перспективи, алтернативи...
Која ќе истакнеше дека ние менуваме правец, се ујдисуваме со Русија и Србија, ги напуштаме овие евроатлански интеграции, правиме нова поделба на интересни сфери во регионот, на пример заедно со Србија почнуваме да служиме како место за проектирање на руската моќ, и прекинуваме да бидеме такво место за проектирање на западната моќ. Тука секако треба да се подразбира и расчистување со Албанците и секако болење на кур за тоа што мислат ЕУ, НАТО и слични.[DOUBLEPOST=1538584510][/DOUBLEPOST]
Разбирливо е да има изненадени, бидејќи 25 години се преговарало само за замена на референцата FYROM, и плус Заев изминативе неколку години како папагал повторуваше дека нема да има промена на Устав и промена на уставното име.

Не би рекол дека само за тоа се преговараше, а тоа Заев дека нешто рекол, а не исполнил, треба да ме изненади? Прв-пат му е?
Можеби ќе ги изненади тие кои не пратеа и не знаат дека/кога Бранко го помилуваше.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.172
Она кога грк ти дава точна дијагноза. Извадок од Катимерини...

Премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, не е некој особено харизматичен политичар, а поддршката за него е прилично шуплива. Тој сега ќе се обиде да ги убеди своите сонародници дека „не“ значи „да“ - прилично истото она што неговиот грчки колега Алексис Ципрас го направи во 2015 година.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Ова е тешка пиздарија...



Бачев: Имам документи дека тајните служби на МВР ја прислушуваат Амбасадата на Русија и нашата партија

Претседателот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, тврди дека тајните служби од МВР ги следеле комуникациите во Амбасадата на Русија и дел од лицата кои се вклучени во работата на партијата Единствена Македонија.
Причината за следењето на комуникациите, според Бачев, е поради тоа што неговата партија се залагала за стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија. Бачев не сакаше да го покаже текстот на документот бидејќи истиот, според него, бил државна тајна.

„Зоран Заев најави дека нема да се злоупотребуваат тајните служби, истото го кажа и Спасовски. Тајната полиција ги следи политичките противници. Тајните служби ја следат Единствена Македонија бидејќи се залага за сојузништво со Русија. За тоа има и документ каде се заведени оперативни обработки на конкретни лица од раководството на Единствена Македонија“, рече Бачев.

Тој порача дека се следи и дипломатскиот кор на Амбасадата на Русија во Скопје, што, како што вели Бечев, е спротивно на дипломатските конвенции и самото по себе е дипломатски скандал бидејќи Виенската конвенција за дипломатски односи забранува вакви активности на домашните служби. Според Бачев, овие дејствија биле спротивни со Уставот бидејќи истиот гарантира дека Македонија може да членува во меѓународните организации, но не пишува во кои. Тој вели дека Власта е купена од странски центар, од каде е контролирана.

„Со документот се известува министерот за внатрешни работи, а оттаму, се известуваат и премиерот, претседателот на Владата, Собранието, државата. Со оперативно и технички дејствија, кои ги користи тајните служби, кон нас се применуваат три средства, тоа се следење на телефонските линии, фотографирање и тајно видеодокументирање. Можете да правите сè, но нема да дозволиме да ни го убиете духот бидејќи ако го направите тоа, тогаш ќе ни го убиете името. Ова е битка за Македонија. Новата легална власт со чело на Единствена Македонија веќе доаѓа“, додаде Бачев.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.716
Да бе замисли и Русија немало да дозволи преименување на нашата држава во ООН, а како се викаме таму, БЈРМ-ФИРОМ, а кое име не им се допаѓа на русите, Северна Македонија. (баш им е гајле)
Ама го бранат нашиот интерес, браво.

На пасош не ти пишува ни фиромјанец ни македонец, туку МАКЕДОНСКО (државјанство).
А ако некој те прашува за етничка припадност, тогаш си македонец.
Колку што знам, не ти се одзема правото да се изјасниш како македонец и после договорот со Грција.

Швајцарија, швајцарско државјанство : германци, французи ...
Косово, косовско државјанство : албанци, срби ...
Северна Македонија, северно македонско државјанство : македонци, албанци ...
тенденциозно пишуваш.. Прво со спогодбата од ООН има и македонска националност и македонски јазик а не е ФИРОМ туку Fyr Macedonia
тоа FYROM го измислија грците кој не признаваат не само македонска нација туку ни македонски јазик... НЕ само антички туку ни тој од 20 век
Со Преспанската спогодба името на државата е Севернамакедонија а грците на англиски ќе го измуваат во Северно од Македонија
Званично ќе не ословуваат со граѓани на Севернамакедонија, а незванично во Грција меѓу народот ќе бидеме или северни или граѓани... ќе го измуваат и називот на јазикот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom