Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.090
Поени од реакции
2.393
Денеска е само увертира, нема да има цензус али договорот ќе се верификува во Собрание.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.718
БЕРИК, тој од државен завод за Статистика сугерира дека е добро, не јас
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Ова од пред неколку дена е...

Со или без цензус, конечниот збор го има Собранието

Обврзувачкиот референдум е задолжителен и за него мора да има цензус. Кај консултативниот, дури и кога не е постигнат цензусот, конечната одлука е на Собранието, односно пратениците кои одлучуваат во име на граѓаните, објаснуваат правните експерти.

Остварен цензус за успешен референдум значи на гласањето во недела да излезат 50 отсто плус 1 од гласачите на избирачкиот список или 903 000 граѓани. Но ова правило не важи кога референдумот е консултативен, каков што е претстојниот, па оттаму успешноста на референдумот ќе биде предмет на политичка интерпретација, велат упатените во областа.

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија Александар Новаковски објаснува дека цензусот не е клучен кога се работи за консултативен референдум и дека последниот збор ќе го има Собранието.

„Кај консултативниот референдум дури и кога не е постигнат цензусот, конечната одлука е на Собранието. Одлучувачкиот референдум е задолжителен и таму мора да има цензус. Кај консултативниот, прашањето е дали граѓаните се свесни за предизвикот да излезат во доволна бројка и дали мнозинството од тие што излегле ќе гласаат „за“. Ако мнозинството гласале „за“, и да нема цензус, конечната одлука ја носат пратениците во Собранието, кои ги претставуваат граѓаните“, вели Новаковски.

И поранешниот член на ДИК, Субхи Јакупи, објаснува дека услов за успешен референдум е мнозинството од тие кои излегле да гласаат „зa”. И тој како Новаковски објаснува дека ако не биде исполнет цензусот, а мнозинството гласови се за, одлуката за успешноста на референдумот ќе зависи од политичарите.

„Стриктно никаде не е напишано дека може така. Меѓутоа политичка интерпретација го дозволува тоа бидејќи референдумот е консултативен. Тоа го оставаме на политичарите. Кај консултативниот референдум, нема законска пречка да може да одлучува Собранието. Затоа што Собранието, евентуалното немање цензус, нема да го смета како неуспешен референдум и ќе продолжи со усвојување на амандманите“, вели Јакупи.

За уставните измени, пак, како еден од условите на Спогодбата со Грција, потребно е двотретинско мнозинство во Собранието.

Но, според Новаковски прашањето за цензусот отвара уште еден проблем кој како што вели се провлекува долго време. Тој истакнува дека прагот на цензусот е висок и не одговара на реалната бројка избирачкиот список.

„Списокот според мене, не е реален затоа што никој не објасни зошто не е прочистен до крај и со тоа бројката која е предвидена за задолжителен референдум е висока, зошто факт е дека голем број граѓани во земјава немаат ни влез ни излез. Но, тоа требаше да го завршат институциите. Сега списокот е затворен и мислам дека и да не се постигне цензусот од 50 плус еден, една реална бројка на излезеност на граѓаните ќе му даде полноправен легитимитет на Собранието да одлучуваат“, вели Новаковски.

Според Јакупи, пак, воопшто не е спорен цензусот во однос на актуелниот избирачки список, оти според него тој е точен.

„Избирачкиот список не може да се поврзуваа со пописот на населението, бидејќи се црпи од регистар на државјани. Без разлика колку граѓани живеат надвор од земјата, тие имаат право да се во избирачкиот список а како ќе го остварат правото на глас, има различни можности. Тие граѓани можат да се пријават и да гласат во амбасадите во другите земји или да дојдат тука и да гласаат“, изјави Јакупи.

ДИК веќе информираа дека на 30 септември или на 1 октомври тие само ќе ги соопштат резултатите од технички аспект, но нема да даваат оценка дали референдумот ќе биде успешен или не. Додаваат дека кога ќе завршат преговорите за членство во ЕУ, во Македонија ќе треба да се распише уште еден референдум за членство во Унијата и тој мора да е задолжителен. За членство во НАТО Македонија веќе донесе одлука во Собранието во 1993 година
.


Извор:
www.slobodnaevropa.mk/amp/29510663.html
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.718
Ова од пред неколку дена е...

Со или без цензус, конечниот збор го има Собранието

Додаваат дека кога ќе завршат преговорите за членство во ЕУ, во Македонија ќе треба да се распише уште еден референдум за членство во Унијата и тој мора да е задолжителен. За членство во НАТО Македонија веќе донесе одлука во Собранието во 1993 година
.


Извор:
www.slobodnaevropa.mk/amp/29510663.html
Е ова е дубарата... незнам точно како се последните устави, но знам дека во сите Устави на ехЈу државите кој настанаа по распаѓање на СФРЈ беше забрането зачленување во воени организации
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.890

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Ова е многу пониско од предходните избори. Ќе биде ептен чудно ако наеднаш рипне излезноста.
Да само 8% излезност до 11 часот ... значи за цели 4 часа помалку од 10% излезност тоа е катастрофа ... и кој гласа само вработените во администрацијата како што приметувам (барем во моево гласачко место) друго све спие бре цел ден, а еве дошло 13 часот веќе !
Па дури и самите комуњари некои од нив не сакаат да гласаат бог да чува дали ова е раскол во самиот СДСМ !
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
ДИК со официјана бројка за излезеност ќе излезе задутре, секогаш каснат со бројките.

Најточни имаат партиите.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.571
Па дури и самите комуњари некои од нив не сакаат да гласаат бог да чува дали ова е раскол во самиот СДСМ !
Бог да чува и нормални комуњари имало. Батали се и Албанците потфрлаат. Стварно Бог да чува...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom