Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.535
https://www.facebook.com/SkopjeDishe/posts/921278208056038

Скопје ДИШЕ / Skopje is breathing / Üsküp nefes alıyor / Shkupi merr frymë

04.08.2018 01:15

Почитувани сограѓани,

Скопје изминативе денови повторно неподносливо смрди на топена пластика и други екстремно отровни материи кои се согоруваат во градот. Ова се случува од доцна вечер па до раните утрински часови.
Бидејки оваа власт, исто како и сите претходни, нема воља да преземе буквално ништо во наша заштита, уште од сега најавуваме дека од крајот на Август па се до средување на оваа очајна состојба со нашиот воздух, ќе се организираме и ќе ги блокираме сите главни сообраќајници во градот, но и ќе отпочнеме со сеопфатна критичка кампања.

P.s.

Не е во прашање никакво загревање на домовите (Август е). Тоа е лага за да се прикријат најголемите загадувачи, а во којашто лага ниту еден момент не поверувавме. Во прашање се дивите депонии и дивите и регистрирани индустриски капацитети. Ќе бараме поддршка и помош од сите вас кои сте свесни за оваа долгогодишна состојба, која од ден во ден станува се полоша, а воедно е и кобна за нашите животи.
Поздрав и се гледаме за “кратко” на улица!
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Тогаш ќе гласа ПРОТИВ / НЕ.

Прашањето е дали сте за влегување ВО ЕУ И НАТО СО ДОГОВОРОТ XYZ (пакет). Исто како да те праша некој ДАЛИ САКАШ ДА ГИ ПОСЕТИШ ВИЕНА И ПАРИЗ СО ЛЕТ НА ВИЗЕР.

Не те прашуваат дали сакаш да одиш во Виена,
Не те прашуваат само дали сакаш да одиш во Париз,
Не те прашуваат дали сакаш да идеш со друг лет,

Те прашуваат дали сакаш да одиш во Виена И Париз СО лет на Визер.

Да или Не.

Ако сакаш само во Виена, одговараш Не.
Ако сакаш само во Париз, одговараш Не.
Ако сакаш со друга компанија, одговараш Не.[DOUBLEPOST=1533418342][/DOUBLEPOST]

Помалце лоша е од претходната. Како за почеток не вадат администрација по собири преку уцени, притисоци, поткупи, не се шепка веќе ничие име... Сите серете врз Заев и екипата на сите цилиндри, имате 0 последици од тоа, истото не беше можно во вмровско време и серење против Грујо и браниците.[DOUBLEPOST=1533418641][/DOUBLEPOST]Наградно прашање до бојкотирачите.

Дали ако го бојкотирате референдумот или истиот не успее, мислите дека проблемов ќе го снема?

Или сам од себе ќе се реши?

Или дека нема догодина, подогодина, за 2-3-5-10-20 години од сега пак да дојде до истата раскрсница? И дека истата ќе биде, некако магично, полесна за преминување?

Или што...?

Магично ќе постигнете... Што уствари? Што постигнувате со бојкотирање на решениево и освен одолговлечување на истото и потенцијално уште полошо решение?

Цело време посакувам да е во прашање некоја обмислена стратегија, ама се' повеќе ми изгледа на обичен, глуп, штетен, магарешки инает.
Делумно се согласувам ,но последниот дел глупости изнакажаа и тоа без логика

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Член од
5 јуни 2011
Мислења
9
Поени од реакции
6

Фино, зошто мислиш дека биле глупости и без логика?[DOUBLEPOST=1533424933][/DOUBLEPOST]
Нема да го снема, и не мора да се реши. Тоа е поентата, нема магични решенија на така сложени проблеми. Други се тие со магичните стапчиња, не се бојкотирачите.
Не може да не се решава без да остави сериозни, ако не и фатални последици. Ако не се реши за догледно време мене ми мириса дека ќе има војна во регионот, ново прекројување на границите а Македонија ќе ја нема, ни во овој облик ни со ова име. (Веројатно Косово ќе се подели, па Македонија ќе се подели, а Бугарите ќе го актуелизираат „безбедносното прашање“ за 100.000 Бугари во Источна Македонија. Ќе бидеме поделени на 2 или 3 дела.) Од тука, технички си во право дека не мора да се реши, ама реалистично гледано не си во право, оти имаме огромни реални причини зошто „мора“ да го решиме.

Има магични решенија - договор како овој (или друг, ама сепак, договор). Така се решаваат проблеми меѓу земји - со компромиси. Еден куп земји си ги решиле проблемите вака, а државни имиња се менуваат како чорапи. На прсти се бројат земјите што немаат сменето државно име во последниве 100 години, и тоа по НЕКОЛКУ пати менувале.

Ако не се реши во догледно време и се преправаме дека фаќање страна во бурево барут не е битно, ќе јадеме стап, во еден облик или друг.

Може да ја игнорираме реалноста, ама не можеме да ги игнорираме последиците од нашето игнорирање на реалноста.
 
Последно уредено:
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Вие шо паѓате на лагава за интеграции во ЕУ и НАТО преку мењање име, признаен идентитет и инстант просперитет, а не добивате сендвич за тоа, сте дури и бетер од тие шо денсаа на концертот пред референдумот за територијална поделба, кога не призна САД.
Нив ги лажеше Илинка Митрева бе. Бране ги лажеше. Тие луѓе беа лажени и носени жедни преку вода од политичари со километража и од удбашка пропагандна машинерија, шо учела од Другарот. Иако излезе дека ги поебаа луѓето од западна Македонија и Скопје, а признавањето од САД џабе било оти сами еве ќе го поништуваме, сепак можат да се тешат дека тоа итри лисци биле, кумровачка школа, опасни дечки, добри демагози.
Вас ве излажаа Зоран Заев, Дамјан Манчевски, Кочо Анѓушев, Влатко Васиљ, Мухамед Зекири и Цацко Конопишки. :D
 
Јас мислам дека ти се лажеш дека земјава ќе опстои ако не фати приклучок во ЕУ, и посебно НАТО. Ќе не' изедат за доручек... За месец дена веројатно.

Да ти илустрирам поконкретно: опкружени сме со НАТО земји. Доста е на пример Албанија да изведе лажен инцидент, демек наши влегле во некое албанско село и направиле покољ, за да се дигне аларм во ЦЕЛО НАТО и да се активира членот за „колективна одбрана“. Тоа значи дека ЦЕЛО НАТО ќе не' нападне од ТРИ страни (Бугарија, Грција и Албанија), ЗДРУЖЕНО.

Па ти види. Сакаш у НАТО или нејќеш у НАТО. И што ти е побезбедно. Вака со гол г'з поише ти одговара?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.138
Поени од реакции
25.568
Не може да не се решава без да остави сериозни, ако не и фатални последици. Ако не се реши за догледно време мене ми мириса дека ќе има војна во регионот, ново прекројување на границите а Македонија ќе ја нема, ни во овој облик ни со ова име. Од тука, технички си во право дека не мора да се реши, ама реалистично гледано не си во право, оти имаме огромни реални причини зошто „мора“ да го решиме.

Има магични решенија - договор како овој (или друг, ама сепак, договор). Така се решаваат проблеми меѓу земји - со компромиси. Еден куп земји си ги решиле проблемите вака, а државни имиња се менуваат како чорапи. На прсти се бројат земјите што немаат сменето државно име во последниве 100 години, и тоа по НЕКОЛКУ пати менувале.

Ако не се реши во догледно време и се преправаме дека фаќање страна во бурево барут не е битно, ќе јадеме стап, во еден облик или друг.

Може да ја игнорираме реалноста, ама не можеме да ги игнорираме последиците од нашето игнорирање на реалноста.
Мислам дека знам на што мислиш, ама за да не излезе дека ти пикам зборови во тастатура, па после дебатирам против тезите што јас сум ти ги наметнал, не би било лошо прво да пишеш кои интереси би се судриле, доколку не се реши спорот. И зошто решавање на спорот би спречило таква евентуална војна (што јас не би исклучил дека е возможна)?

Компромис според мене би било Северна Македонија како меѓународно име, а Република Македонија како уставно. И има многу примери на такви држави, не е некој преседан. Ова е капитулација, не е договор. Може ли да наброиш една држава што сменила име по туѓо барање?

За последиците може да дискутираме, откако хипотетички би ни ги претставил. Вака ќе треба да си правам хипотези што може да немаат врска со тоа што ти го мислиш.[DOUBLEPOST=1533425599][/DOUBLEPOST]
Вас ве излажаа Зоран Заев, Дамјан Манчевски, Кочо Анѓушев, Влатко Васиљ, Мухамед Зекири и Цацко Конопишки. :D
Заев го пензионира Бране... :D
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Јас мислам дека ти се лажеш дека земјава ќе опстои ако не фати приклучок во ЕУ, и посебно НАТО. Ќе не' изедат за доручек... За месец дена веројатно.

Да ти илустрирам поконкретно: опкружени сме со НАТО земји. Доста е на пример Албанија да изведе лажен инцидент, демек наши влегле во некое албанско село и направиле покољ, за да се дигне аларм во ЦЕЛО НАТО и да се активира членот за „колективна одбрана“. Тоа значи дека ЦЕЛО НАТО ќе не' нападне од ТРИ страни (Бугарија, Грција и Албанија), ЗДРУЖЕНО.

Па ти види. Сакаш у НАТО или нејќеш у НАТО. И што ти е побезбедно. Вака со гол г'з поише ти одговара?
Ја сум прост човек, не се разбирам од геополитика. Знам само дека и досега бевме опкружени со две НАТО земји со кои имаме тековни спорови, па не бевме нападнати. Знам дека во однос на прашањето за името, за првпат решивме да одиме по подолгиот и потешкиот пат, што резултираше со признавање на уставното име од скоро цел свет и натежнување на аргументот во врска со тој проблем на наша страна.
Знам, исто, дека секогаш во вакви моменти, не НАТО, Грција или Бугарија, туку албанците се користат како Баба Рога. Тоа е едно такво понижувачко однесување према народов, да му се обраќаш на некој негов претпоставен кукавичлук и да му викаш леле аман трти газот, поарно газот отколку албанците, тоа племето да не испотепа. Смешно е, затоа шо истово го кажуваат и нивни политичари, сами својот народ го сметаат за арнаутско племе шо во секој момент е спремно да коле, пали, беси, силува, па кога треба нешто вака погубно за македонците да се бутка на мускули, предупредуваат на некое таму диво племе и неговата крволочност. Сега и нова димензија му се дава на тоа значи, интегрирано крволочно племе у воен сојуз. :D
 
Член од
5 јуни 2011
Мислења
9
Поени од реакции
6
Мислам дека знам на што мислиш, ама за да не излезе дека ти пикам зборови во тастатура, па после дебатирам против тезите што јас сум ти ги наметнал, не би било лошо прво да пишеш кои интереси би се судриле, доколку не се реши спорот. И зошто решавање на спорот би спречило таква евентуална војна (што јас не би исклучил дека е возможна)?

Компромис според мене би било Северна Македонија како меѓународно име, а Република Македонија како уставно. И има многу примери на такви држави, не е некој преседан. Ова е капитулација, не е договор. Може ли да наброиш една држава што сменила име по туѓо барање?
Интересот на САД да ја осигура Европа од руското влијание. Целта е да се напика целиот континент во НАТО како не би можеле Русите цело време да палат пожари внатре и да дестабилизираат/саботираат долгорочни проекти. Доколку ние се туфкаме и теркаме уште (поминаа 30 години, пази), може некој посилен а понетрпелив да изгуби трпение и да си го активира планот Б, кај што нема проблем ради Македонија оти ќе нема Македонија. За истото и Русите предупредуваа, чија политика колку и да не ја сакам, сепак располага со длабински информации за плановите на противникот.

Решавање на спорот ќе спречи таква војна оти Македонија ќе биде дел од јатото на НАТО. Ефективно влез на МК во НАТО = истиснување на руските инсталации тука (а ги има). Планот е да се стесне обрачот околу Србија, да се пацифизира и она, а долгорочната стратегија на Балканов е да се деконструираат националистичките сили и да се доведат на безопасно ниво. За ова да се случи, мора да се случат неколку катарзични проекти:

1) Србија да ја изгуби војната и Косово (90% остварено)
2) Македонија да го смени името и да престане да се поистоветува со онаа од пред 1913 г. (Нашиот пандан на „Голема Македонија“, по тертипот на Голема Албанија) - преку нашиот договор со Грција
3) Да се понижат грчките националисти преку договор кој ќе прифаќа македонски идентитет како посебен од нивниот, со сопствена култура, историја и јазик - преку нашиот договор со Грција
4) Прашањето со Бугарија ни е затворено, НО, Русија има интерес Бугарија да ја асимилира Македонија (што делумно ќе се проба, ако не се упикаме во НАТО наскоро)
5) Албанците да се „обеззабат“, да не им се дозволува обединување во една држава и да се смири и нивниот национализам

Влегување во НАТО и ЕУ ги остварува сите тие цели. Оно, и пред некој ден фатив интервју со Еди Рама на Euronews. Новинарката експлицитно го праша за теоријата за обединување на сите Албанци во една држава. Он и' рече Албанците ќе се обединат, но САМО под знамето на ЕУ, кога сите соседни држави ќе станат ЕУ членки. Голема Албанија нема да има. Рама е американски/европски играч, кој има уши, треба да чуе што кажува он - влезете во ЕУ и НАТО за да нема прекројување граници.

Невлегување во НАТО и ЕУ остава простор за следново: Голема Албанија и Голема Бугарија (припојување на Западна Македонија кон Албанија, која е членка на НАТО, а на Источна Македонија кон Бугарија, исто така членка на НАТО). Може да остане некоја територија... Автономна Област Скопје или што ти знам ја таму, и тоа да си остане некаква си квази-територија, вукојебина, или „недовршен проект“ како БиХ.

Размислувањата ми се тие. Досега сите стратегии на Запад се во таа насока. Русија паралелно потпалува сентименти во обратна насока - потпалување на национализам и етничка омраза. Русите добро знаат дека единствен начин да го држат Балканот нестабилен е преку одржување на оганче на фитилот на бурето барут.

САД и ЕУ и останатите цело време дејствуваат во насока да се изгасат тие огини. За да се изгасат - секој народ ќе мора да направи жртви. Не секој еднакви, оти некои земји одамна имале среќа да се упикаат во клубот, ама тие што сме останати уште надвор ќе мора да платиме поголема цена. Башка, да спомнам дека сме најслаби и најнемоќни од друштвото?

Сакаш економски сакаш воено. Се' ова соберено на куп не' става пред свршен чин и голема неизвесност. Ни ја не сум среќен со Северна во Устав, ама па од друга страна, никој не може да не' шутне од ЕУ и НАТО штом еднаш влеземе и решиме да си го вратиме името назад. Шо ќе праат, ќе не' дадат на оној судот во Хаг...? Пффф... :)))

Иначе после секоја војна (Балканските, Прва и Втора светска) скоро сите земји имаат сменето државни имиња. Пази, викам ДРЖАВНИ. Народите си останале исти, дали во Источна Германија, дали во Западна, дали од Чехословачка па Чешка и Словачка, па јебига, Југославија?

Источните Германци си беа Германци, ко и ние што (ќе) сме си Македонци, без разлика дали е Република Македонија или Република Северна Македонија.

И ондак то.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Некои се прават наудрени. 20 години со едно меѓународно, а друго уставно име преговараме за да се најде друго решение со едно име. И тоа нормално тоа не можеше да биде само Македонија затоа што тоа и e главната суштина на спорот.
И сега некои се чудат зошто сега се менува името. Па или Северна Македонија или Македонија Скопје или нешто друго бирајте. Кога и да се завршеше спорот тоа ќе резултираше со промена и на уставното име.
Нова двојна формула само ќе ги пролонгираше преговорите.
 
Значи сите држави околу нас се истовремено и членки на НАТО, ама и шуруваат со Русија, па би напакостиле на интересите на САД и би играле за Русија, доколку ние не влеземе во НАТО, како што си пишал погоре.

Па тоа е совршена позиција за нас. Јас да сум Заев, би се качил на тенк и би барал Република Македонија ерга омнес. И заради погорните причини САД ќе ги притиснат Грците да прифатат. Така:
1) Се притиска Србија
2) Со Бугарија имаме решен спор
3) Грчките националисти дупло се понижуваат
4) Со нашиот влез во ЕУ и НАТО се исполнуваат условите на богот Рама за неменување на граници

win-win-win-win-win-win (последните две се нашиот и на нашиот партнер САД), само Русија и нејзините сателитчичи на Балканов губат, што е супер. Ние може сме сами најнемоќни, ама ова другиве педери си поигруваат со интересот на САД, како што сам кажа, и тоа ни дава најмоќен сојузник. Некој тип на Израел на Балканот може да бидеме. Албанците ќе бидат Арабија.

Источна Германија не е исто што и Германија, Западна Германија не е ист државен субјект со Германија. Чехословачка и Чешка и Словачка не се истите државни субјекти. СР Германија го укина постоењето на Источна и Западна Германија (кои патем никогаш официјално не се викале источна и западна), Чешка и Словачка го укинуваат постоењето на државниот субјект Чехословачка...

Аргументов ти е самоубиство, ама можам да се согласам дека Северна Македонија го укинува постоењето на Република Македонија. Затоа бојкот е единствена опција. Ете, сам со твојата хипотеза напиша и алтернатива на прифаќање на капитулацијава од договор.
 
Имено... Штом преговараме за промена на име... Очигледно промена на име е исходот. Луѓево како од вчера да се.[DOUBLEPOST=1533428399][/DOUBLEPOST]

Се' фино, ама не ти е базирано сценариово на реалниот однос на сили. Го игнорираш делот кај што сме... најслаби и најнемоќни. Помалце ги кошта Македонија да ја притиснат/поделат, него да ги притискаат сите 4-5 земји околу нас. Кои се веќе уз пат полноправни членки и, ако не си приметил, го ДИКТИРААТ развојот на настаните. Дури и Албанија е во меѓународно посилна позиција од нас. Може утре да ни лупне вето ако баш сака. Бугарија - исто. Грција, знаеме.

Знаеш само кој не може да удара вето и да уценува?

Македонија.

Така што ај спушти се на земја малце, од вакви летања со глават у облаци и „се што лета се јаде“ менталитет стигнавме до тука.[DOUBLEPOST=1533428607][/DOUBLEPOST]Да додадам, од догодина на власт во Грција ќе дојдат тие што не сакаат во нашето име ниту да фигурира зборот „Македонија“ на каков било начин. Значи ќе не' притискаат да се викаме Република Среден Балкан или нешто такво.

Едвај чекам да ги видам фамозните резултати од одбивањето на сегашниов договор со Грција, тој горд плод на македонските „патриоти“.

Има да ни го спопикаат наредниот пат до грло. Македонче лоџик, зашо да го боли помалце коа може поише...

Немојте после да цвикате.
 
Абе што диктираат, ние ја имаме судбината на светот во наши раце, според твоето сценарио. Нема помоќна држава на светот од нас. На ебените САД добивањето на геополитичката војна со Русија им зависи ОД НАШЕТО ВЛЕГУВАЊЕ во НАТО, бар според твојата теорија.

Кој ги ебе комшииве, ние сега се курчиме, бојкотираме и си свиркаме. Американците ќе ни ја добијат било каква евентуална наредна војна. Нема да дозволат Русија овде да пушта канџи.
 
Е, не извртувај сега, не реков ништо такво. Ти си го интерпретираш така оти така ти одговара. Убаво набројав што се' мора да се деси за да си ја добијат они геополитичката војна, ние сме делче од слагалицата, со кое ако не може милум, ќе може силум.

Класичен straw man...[DOUBLEPOST=1533429491][/DOUBLEPOST]Додуша ми текнува кој друг се курчеше... Бившата власт. Како убаво они си поминаа... :aplauz:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.138
Поени од реакции
25.568
Е, не извртувај сега, не реков ништо такво. Ти си го интерпретираш така оти така ти одговара. Убаво набројав што се' мора да се деси за да си ја добијат они геополитичката војна, ние сме делче од слагалицата, со кое ако не може милум, ќе може силум.

Класичен straw man...
Тие силум тука, Русија силум во Бугарија и на Балтик. Само ќе им дадат повод за реакција, кога веќе причината ја имаат. САД има повеќе да изгуби од Русија и Македонија, значи поисплатливо им е да ја притиснат Грција политички, отколку воено да реагираат кај нас.

На ad baculum нормално дека ќе одговорам со straw man. Зарем очекуваш некој сериозно да ти разглаба сценарио во кое Албанија и Бугарија воено би не нападнале затоа што не сме влегле во НАТО? :vozbud: Средношколци не можеш да уплашиш со тоа.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Имено... Штом преговараме за промена на име... Очигледно промена на име е исходот. Луѓево како од вчера да се.[DOUBLEPOST=1533428399][/DOUBLEPOST]

Се' фино, ама не ти е базирано сценариово на реалниот однос на сили. Го игнорираш делот кај што сме... најслаби и најнемоќни. Помалце ги кошта Македонија да ја притиснат/поделат, него да ги притискаат сите 4-5 земји околу нас. Кои се веќе уз пат полноправни членки и, ако не си приметил, го ДИКТИРААТ развојот на настаните. Дури и Албанија е во меѓународно посилна позиција од нас. Може утре да ни лупне вето ако баш сака. Бугарија - исто. Грција, знаеме.

Знаеш само кој не може да удара вето и да уценува?

Македонија.

Така што ај спушти се на земја малце, од вакви летања со глават у облаци и „се што лета се јаде“ менталитет стигнавме до тука.[DOUBLEPOST=1533428607][/DOUBLEPOST]Да додадам, од догодина на власт во Грција ќе дојдат тие што не сакаат во нашето име ниту да фигурира зборот „Македонија“ на каков било начин. Значи ќе не' притискаат да се викаме Република Среден Балкан или нешто такво.

Едвај чекам да ги видам фамозните резултати од одбивањето на сегашниов договор со Грција, тој горд плод на македонските „патриоти“.

Има да ни го спопикаат наредниот пат до грло. Македонче лоџик, зашо да го боли помалце коа може поише...

Немојте после да цвикате.
Ти кога би бил проститутка, би им плаќал на муштериите, наместо они да ти плаќаат на тебе. :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom