Кој ќе спроведува ветинг? Тие кои имаат најголема корист и ја финансираат корупцијата во правосудството?
По кој критериуми ќе се врши ветингот? Чудна работа како никој не најде за вредно да ја анализира активната корупција. Кои се тие мистериозни аморфни ентитети, кои корумпираат судии и исчезнуваат во ноќта.
Ветер и магла. Како што го решија проблемот со загадувањето на воздухот, така ќе го решат и проблемот на корупција на државните службеници.
После сите овие години и после моментот кога, наместо политичка катарза (кој секој нормален народ ќе ја имаше после 2014), ја добивме најнеспособната владеачка гарнитура во нашата историја на власт, барем направивме еден мал чекор во однос на порано.
Верувам сите со здрав разум се веќе свесни дека главната причина за нашата состојба, не е еден политички лидер, една политичка партија, една група на луѓе или определен надворешен фактор. Причината е во нашата култура, вклучително и нашата политичката култура и темелите на кои е изградена нашата заедница. Следен чекор е уствари сите да се согласиме дека тоа е проблем, а чекор потоа е да почнеме да го решаваме. Со оглед на темпото со кое го направивме првиот чекор, другите два може да ги направиме, најрано до половината на овој век.
Таман на време, за светот да не потсети колку е суров за the little guy.