Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Не знам зашто досега не ги напуштија преговорите. Со вакви навреди и однос имаат полно право во Брисел да му се пок**каат на договорот за добрососедство. Прво е глупо да цртаме нова историја, понатаму све е бесполез.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
Не знам зашто досега не ги напуштија преговорите. Со вакви навреди и однос имаат полно право во Брисел да му се пок**каат на договорот за добрососедство. Прво е глупо да цртаме нова историја, понатаму све е бесполез.
Od ista pricina za sto pregovaravme so Grcija za imeto. Koga si se slozil da pregovaras redno e da ja teras rabotata do kraj. Dosegasnata taktika na prethodnite vladi bese nesto od tipot veke koga nekoj pameten se slozil deka treba da se pregovara za nesto sto ne e za pregovaranje togas ke si pregovarame kolku da se reci deka pregovarame. Istata taktika ja imaa i Grcite so svoite crveni linii posto koga ovie bile tolku glupi da sednat da pregovaraat zosto pa da ne. Ne gubea nisto a mozea da dobijat mnogu no ni na kraj na pamet ni na ednite ni na drugite ne im padna na um ednostrano da gi prekinat pregovorite. I taka si se vleckavme so godini, poveketo zemji ne imaa priznato pod ustavnoto ime, drugite poleka poleka ne dopriznavaja i taka se dodeka eden den nekoj resi da bidi vizioner i ne resi vo dva potezi. Zborot mi bese za nekoj raboti ednostavno ne se pregovara i toa mu se dava jasno do znaenje na drugata strana vo smisla nema sansi i koj ve eba sekako diplomatski spakovano. Vo onoj moment koga si se slozil na pregovaranje nema vrakjanje nazad.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Се наоѓаме во една фаза на историјата од која мислиме дека нема добро да заврши. Но во Македонската историја поминале фази подолги, ропства вековни и во тоа време Македонецот се родил роб и умрел роб без надеж дека ќе се смени нешто кон подобро. Ако гледаме низ нашата Македонска историја ќе видиме дека сепак после безизлезни периоди сме излагале на добро. Така и сега ќе биде. Македонскиот народ ќе си биде Македонски и ќе дојде време со овие одроди да се справи и да ги острани и да ја си земе судбината пак во своите раце. Така да оваа фаза во Македонската историја ќе биде само небитен период на лудаци како што сме имале и предходно.

Поред Пепи:
Векови, пеколни, заедно ќе минеме
древна земјо македонска,
така е пишано ништо да не бидеме,
ти без мене, јас без тебе.

Само напред и цврсто и самоуверено против овие одроди кои ги има во Македонија и надвор од неа.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154

ти без мене, јас без тебе.Ќе употреба една реченица од говорот на пратеникот на сдс што неофицијално е избран како најдобар говор во собранието,а тоа е "со векови имавме нација а немавме држава а за денеска да имаме држава а немаме нација".Ова е единствен пример во Европа и за нас е означува крај на еден народ и нација.

Само напред и цврсто и самоуверено против овие одроди кои ги има во Македонија и надвор од неа.
За жал не е точно ова и мое лично мислење е дека никогаш досега не сме биле во полоша ситуација и не не мислам на тоа што се овие на власт и што направија триста глупости.Ниту една промена на име,знаме,химна,двојазичност и не знам што не е толкубстрашно за нас како што е губењето на нацијата.Во минатото успеале да ја сочуваат и затоа добивме држава што рака на срце сме ја добиле по сплет на околности но не велам дека не сме ја заслужиле(тогаш) и дека не сме се бореле доволно за да ја имаме.Денеска секој еден Македонец од 20 години па до 35-40 кој не е вработен во државна работа се буди со пцуење кон државата и својот народ и си легнува со тоа а во текот на денот гледа како да ја напушти државата или пак ако е можно и тој да се вработи државно.Да не зборувам за тоа колку младите не се воспитани во патриотски дух и немаат ни трошка љубов кон татковината.Не знам како ќе се одвиваат политиките на Балканот во иднина но знам дека ние полека но сигурно станавме хибридна држава а со текот на времето и хибриден народ.Тоа е многу жално според мене и кога јас би одлучувал подобро би било да ја снема Македонија ваква каква што е отколку да станеме зомби-држава.Оваа тема е толку многу широка што нема крај а сепак што и да пишеме пак нема да можеме да се доискажеме и да се објасниме во целост.Сепак не верувам дека оваа што се случи ќе биде само лоша фаза во историјата на Македонија туку една од последните пред да станеме тоа што го пишав и погоре,ЗОМБИ држава.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.765
Поени од реакции
29.029

,,,nema veke ona_pred da se sluchi,,,pred da staneme zombi drzhava,,,Makedonija e veke zombi drzhava,,,
,,,a za nekakvi promeni,i tuka veke e docna,nema koj kako kritichna masa neshto da stori,,,
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Се наоѓаме во една фаза на историјата од која мислиме дека нема добро да заврши. Но во Македонската историја поминале фази подолги, ропства вековни и во тоа време Македонецот се родил роб и умрел роб без надеж дека ќе се смени нешто кон подобро. Ако гледаме низ нашата Македонска историја ќе видиме дека сепак после безизлезни периоди сме излагале на добро. Така и сега ќе биде. Македонскиот народ ќе си биде Македонски и ќе дојде време со овие одроди да се справи и да ги острани и да ја си земе судбината пак во своите раце. Така да оваа фаза во Македонската историја ќе биде само небитен период на лудаци како што сме имале и предходно.

Поред Пепи:
Векови, пеколни, заедно ќе минеме
древна земјо македонска,
така е пишано ништо да не бидеме,
ти без мене, јас без тебе.

Само напред и цврсто и самоуверено против овие одроди кои ги има во Македонија и надвор од неа.
Сме биле 500 години под турско ропство. Тоа е факт. Но факт е дека никој не ни го оспорувал јазикот ниту верата. Националната свест (зборувам за мојот крај) не била осознаена. Дури кон крајот на 19 век почнало да се буди чувство на национална припадност. Верата и јазикот и понатаму ги чуваме, за националноста се изборивме и ја изгубивме. Ја изгубивме од своите (предавници), затоа тешко ќе ја вратиме. Ова е најтешкиот (досега) период од историјата на македонскиот (веќе непостоечки) народ.
Автоматски споено мислење:

па со политички средства нели ти е јасно, еве уште еднаш БОЈКОТ, можеби ти заговараш да го примениме методот на Аљи и неговите ... па со пушка во рака стана борец за човечји права, види не сум размисливал идејата вреди да се разгледа.
Од една страна БОЈКОТ, од друга страна ќе го вратите името, а за враќање се потребни минимум 80 пратеници. Па КАКО?
 
Последно уредено од модератор:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Така и сега ќе биде. Македонскиот народ ќе си биде Македонски и ќе дојде време со овие одроди да се справи и да ги острани и да ја си земе судбината пак во своите раце. Така да оваа фаза во Македонската историја ќе биде само небитен период на лудаци како што сме имале и предходно.
Овде имам неколку сомнежи, прашалници, како сакаш наречи ги.
Прво, народот да си биде Македонски - што ако Македонија ги прифати и "измените" на Мицотакис за граѓани на државата па и јазикот? Со ликови од типот руки на груди и колнење, док сум жив нема да дозволам, видовме дека многу нешто се дозволи. Не знам тие случаи како се нарекуваат во психијатријата.
Второ, надеж за справување (правно веројатно се мисли) со нив. Согласно од 1992-1993 наваму скоро сите ја избегнале правдата, се сомневам дека нешто ќе преземат и против нив.
Третото е само констатација со која не би се сложил-период на лудаци како што сме имале и предходно. Досега не сме имале ако се мисли на идентитет, јазик, име на држава. За криминал имало и ќе има но за овие дефинирачки константи (неменливи) за Македонија, сега испаднаа варијабли (варијабли=вредности кои лесно се менуваат).

Мене сеуште ми е дилема рекетот, смиреноста на странските претставници и начинот на кој се води случајот. Што ако овие огромни милиони за кои никој незнае каде се, се поврзани со трошоците за шарената револуција кои сигурно не биле мали (нгоа, амбасади, странски служби, разни групи и организации)? Тоа ми е дилема иако можеби нема врска засега едно со друго.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
За жал не е точно ова и мое лично мислење е дека никогаш досега не сме биле во полоша ситуација и не не мислам на тоа што се овие на власт и што направија триста глупости.Ниту една промена на име,знаме,химна,двојазичност и не знам што не е толкубстрашно за нас како што е губењето на нацијата.Во минатото успеале да ја сочуваат и затоа добивме држава што рака на срце сме ја добиле по сплет на околности но не велам дека не сме ја заслужиле(тогаш) и дека не сме се бореле доволно за да ја имаме.Денеска секој еден Македонец од 20 години па до 35-40 кој не е вработен во државна работа се буди со пцуење кон државата и својот народ и си легнува со тоа а во текот на денот гледа како да ја напушти државата или пак ако е можно и тој да се вработи државно.Да не зборувам за тоа колку младите не се воспитани во патриотски дух и немаат ни трошка љубов кон татковината.Не знам како ќе се одвиваат политиките на Балканот во иднина но знам дека ние полека но сигурно станавме хибридна држава а со текот на времето и хибриден народ.Тоа е многу жално според мене и кога јас би одлучувал подобро би било да ја снема Македонија ваква каква што е отколку да станеме зомби-држава.Оваа тема е толку многу широка што нема крај а сепак што и да пишеме пак нема да можеме да се доискажеме и да се објасниме во целост.Сепак не верувам дека оваа што се случи ќе биде само лоша фаза во историјата на Македонија туку една од последните пред да станеме тоа што го пишав и погоре,ЗОМБИ држава.
По мое мислење некој период ќе бидиме зомби нација се додека не не убедат дека сме нешто друго тоест бугари.Тоа нема да им е тешко пошто за партиските послушници нација не постои туку само партија.:toe:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Епа готово, така ќе биде. Гарант.
Автоматски споено мислење:

Иначе, супер све анкетава, Левица и тоа, али тие што ги знам од Левица, не би им дал власт никад. Ценам, помалку штета би имало кога Груевски да го вратиме од Будимпешта.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.836

Ја не знам што се жалиш,Грујо ваков оние од Левица такви.Шо ти фали со Заев?Терај си Северџанска агенда и уживај
 
Заев ќе победи, ако добие датум. После ќе има масовно плачење тука на форумов.
Ако не, Мицковски ќе победи. И тоа ќе предизвика масовно плачење.

Левица ако имаат еден пратеник. Или ниеден.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Епа готово, така ќе биде. Гарант.
Автоматски споено мислење:

Иначе, супер све анкетава, Левица и тоа, али тие што ги знам од Левица, не би им дал власт никад. Ценам, помалку штета би имало кога Груевски да го вратиме од Будимпешта.

Јас сега пред минута гласав на анкетава. Се двоумев меѓу опциите: Некоја друга опција, и не излегувам на гласање, ја одбрав: некоја друга опција, мада може и нема да гласам.

Просто се е исто, нема разлика во понудата.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Јас сега пред минута гласав на анкетава. Се двоумев меѓу опциите: Некоја друга опција, и не излегувам на гласање, ја одбрав: некоја друга опција, мада може и нема да гласам.

Просто се е исто, нема разлика во понудата.
Ја ќе гласам за некоја партија која сигурно нема да има никаков импакт.
Тоа е наместо да не излезам на гласање.
Автоматски споено мислење:

Море што патриоти никнаа на темава од кога Заев ја зема власта.
Си бевте и пред тоа патриоти.

Верни до гроп.
Мајка го роди народ да води и слично.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.836
Ја ќе гласам за некоја партија која сигурно нема да има никаков импакт.
Тоа е наместо да не излезам на гласање.
Автоматски споено мислење:

Си бевте и пред тоа патриоти.

Верни до гроп.
Мајка го роди народ да води и слично.
Мислев на вас,на Северџаните.Сите што останавте на темава сте се преобратиле
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom