Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

Доколку бидат распишани предвремени парламентарни избори, за кого би го дале вашиот глас?

  • ВМРО-ДПМНЕ

  • СДСМ

  • ДУИ

  • БЕСА

  • Некоја друга опција.

  • Не излегувам на гласање.

  • Левица

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
17 јануари 2019
Мислења
872
Поени од реакции
1.004
Ова Вучич ставал од тие цевките како нашиот Гулаш што правеше "Абе тоа едно изгледа како меумеу ама не е меумеу (мермер)"

Член од
23 мај 2019
Мислења
654
Поени од реакции
549
не се работи за мои афинитети. Не се потребни вакви филозофии, флоскули. Се работи просто кажано за државата. Како тие ќе гарантираат дека нема да продолжат по истиот курс на сите претходни поголеми или т.н. алтернативи (помали партии, со наводно поинаква опција). Како ќе гарантираат дека нема да продолжат со криминалот, како ќе ги департизираат и оспособат институциите, дали се спремни да го вложат целиот свој имот и секој цент на сметка како гаранција плус по 40-50 години затвор доколку не го исполнат она по кое велат би се разликувале од останатите?
Во кој правец ќе ја движат економската внатрешна и надворешна политика. Фирмите гледаме стагнираат или паѓаат, а добар дел тоа се должи на т.н. штедлива политика на плати-општата потрошувачка, која не може да ја раздвижи економијата, се поголем е долгот на граѓани и фирми кон банките и тоа непродуктивен долг. Каде и што ќе извезуваат, во каква конкурентна околина, во какви сојузи, какви цени, царини итн итн. Сумирано, имаат ли тие алтернативци, покрај гаранцијата дека ќе го намалат криминалот со буџетите, некоја програма и по што ќе се разликува таа програма од досегашните понудени. Ако за момент го оставиме на страна она популистичко-ќе го вратиме името, што ќе преземат во најболните точки во Македонија (економија, плати, надворешнотрговска размена, деполитизација на институции, регулирање на судскиот систем и милион други сериозни фалинки). И што ќе сторат со сегашните и претходните како и криминалците од приватизацијата. Претпоставка ќе врателе име (не знам како и кое име ама ајде, добро) и што понатаму?
а зошто да не сум сериозен? Ветува нешто, остварува сосем трето, за себеси. Досега има стотина неактивни партии и десетици кои нешто кажале, ветиле. Ама ниедна од нив 99% не си стоела на зборот.
Не се работи за навреда нема причина за ваква реакција, зборот афинитет има прифатено значење “склоност-предрасположеност“.
Изнесов свое гледиште, не ти се допаѓа, во ред твое право, ако имаш аргументи со кое би го оспорил, повели.

Како би се разбрале меѓусебно еве уште еднаш мојот одговор,
...гаранција е систем кој би овозможил корекција и контрола, да ако некој не работи онаа што го ветил или во претходно воспоставени рамки да можеш да ги анулираш неговите недела (како тиранска платформа, промена на име, а не да говориш дека е тоа реалност) и воведување на механизми на контрола, односно ОТПОВИКУВАЊЕ. Гаранции од типот на потпишува Зоки лист хартија е само навредување на здравиот разум и манипулација на масите.
значи, гаранции во политиката не постојат, мислам дека е тоа јасно (се работи за интереси, а тие не се вечни туку се менуваат па и од генерација до генерација) , како гаранција се земат и може да послужат системски решенија кои би оневозможиле некој да ја изигра волјата на гласачите и како крајно решение отповикување или нови избори, така функционира демоНкратијата!
Криминалот за кој пишуваш е последица на непочитување на утврдените норми и вредносни принципи, ако сакаш да го намалиш прво треба да ги одстраниш инсталираните генератори во политчкиот систем, инаку се ќе биде попусто.

Член од
28 март 2006
Мислења
15.387
Поени од реакции
8.165
Не се работи за навреда нема причина за ваква реакција, зборот афинитет има прифатено значење “склоност-предрасположеност“.
Па не ни споменав навреда, споменав флоскули што е битна разлика. Но суштината е иста, навреда не кон мене ами кон цел еден народ.
Криминалот за кој пишуваш е последица на непочитување на утврдените норми и вредносни принципи, ако сакаш да го намалиш прво треба да ги одстраниш инсталираните генератори во политчкиот систем, инаку се ќе биде попусто.
Повторно не гледам конкретен одговор. Кога се обмислува една политичка опција, се обликуваат во основа барем оние области кои ги споменав претходно. Ти споменуваше движење бојкотирам. Ете, што тие имаат да понудат за иднината на Македонија барем во најочајните области во земјава и повторно ќе потенцирам -гаранција ветено исполнето. На лепе очи, за убавите зборови како велат...S.O.S. Slower, Older, Smarter. И Шилегов ветуваше брда и долини но добивме долина, а во долината црнец со угандин. Очекував поконкретни одговори, но што е тоа е.
значи, гаранции во политиката не постојат, мислам дека е тоа јасно (се работи за интереси, а тие не се вечни туку се менуваат па и од генерација до генерација) , како гаранција се земат и може да послужат системски решенија кои би оневозможиле некој да ја изигра волјата на гласачите и како крајно решение отповикување или нови избори, така функционира демоНкратијата!
така функционираше и досега па дојдовме до кај што сме, со геометриска дигресија. Според ова ниту мене ниту некој кој апстинира од гласање или гласа за една од 4те постоечки, нема да ги натера да дадат глас (или да се приклучат) за организација, движење или партија со ваков недефиниран, нејасен и негарантиран пристап. Тоа не значи дека бојкотираме туку апстинираме заради понудите и искуството.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
1.922
Поени од реакции
3.609
Синот на Хари Локвенец претепал девојка во дискотека
го пријавила во МВР а и приватно го тужела... но се тоа ќе заврши во фиока на мафијашот од МВР ... па се уште не беа на власт а бодигардот на нуЗајц претепа 5 деца во Струмица и тоа 2 потешко, помина само со прекршочна, како за фрлање пикавец... едно време ѓоа Заев го тргна од неговото обезбедување, но бргу пак го врати....
Да да како познат левичар-либерал правата на жените секогаш му се во прв палан.Исто какао на Муртињо паравата на пеерите!:cautious:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
15.387
Поени од реакции
8.165
Меѓувреме браво за Илинден
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
654
Поени од реакции
549
Па не ни споменав навреда, споменав флоскули
па токму за тоа напишав дека нема потреба од ваква реакција, флоскула значи дека јас се обидувам да ја прикријам вистината, која вистина може да појасниш?

навреда не кон мене ами кон цел еден народ
Знам дека тебе не те навредив, ама не ми е јасно со што навредив еден цел народ и на кој народ?

Повторно не гледам конкретен одговор. Кога се обмислува една политичка опција, се обликуваат во основа барем оние области кои ги споменав претходно. Ти споменуваше движење бојкотирам. Ете, што тие имаат да понудат за иднината на Македонија барем во најочајните области во земјава и повторно ќе потенцирам -гаранција ветено исполнето. На лепе очи, за убавите зборови како велат...S.O.S. Slower, Older, Smarter. Очекував поконкретни одговори, но што е тоа е.
Почнав да се прашувам, читаш ли ти што пишувам или ...!

Според ова ниту мене ниту некој кој апстинира од гласање или гласа за една од 4те постоечки, нема да ги натера да дадат глас (или да се приклучат) за организација или партија со ваков недефиниран, нејасен и негарантиран пристап.
Во тоа е разликата, никој никого на ништо не тера, туку се остава на слободен избор за секого!
Изгледа некои работи не се баш ..., се работи за ДВИЖЕЊЕ (нешто слично како ВМРО, движење за ослободување на Македонците и Македонија) не е во прашање политичка партија или некоја друга творба која има цел да се дојде на власт (што не значи дека во некој момент нема да биде поклопена од некого), но за сега останува движење за:
1. Поништување на сите штетни договори кои ги склучи оваа квислиншка власт а со кои Македонијасе доведе во потчинета позиција во однос на други држави и организации.
2. Од првото произлегува поништување на тиранска платформа, договор со Бугаристан, спогодба со Грекистан...
3. Поништување на измените во Уставот и политичкиот систем кои се донесени од оваа квислиншка власт и со сесрдна помош од тнр опозиција - значи враќање на името Македонија, враќање на достоинството на Македонците да можат слободно каде и да се да речат дека се Македонци!

Според мои сознанија за сега се бараат политички субјекти кои би застанале зад овие барања, а ако не се најдат такви ништо чудно во наредниот период да се излезе и со листа на независни и истакнати општествени авторитени лица за да се настапи на избори, но не во рамки на политички субјект туку како независни кои изнесените барања би ги исполниле!

Ете ништо не болеше, тоа се БАРАЊА а не политичка платформа, ако има некој што не се согласува нека излезе и отворено нека рече јас сум за Севреџистан и ќе си гласам за овие, многу едноставно нели?!
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.864
Realnosta e takva da koga ofcite ne glasaat si glasaat stabskite krtici i nivnite familii, to est site tie so cicaat od drzaven buget i tie so zneat od namesteni biznisi, zdelki i tenderi. Za pobeda na izborite odlucuvaat soncogledite, so dolgi godini trcaat levo desno od stab u stab glasaat na kopce za da dobijat status i povlastici ko prethodnive. Retko nekoj normalen da glasa, epa toa e.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
15.387
Поени од реакции
8.165
Почнав да се прашувам, читаш ли ти што пишувам или ...!

Изгледа некои работи не се баш ..., се работи за ДВИЖЕЊЕ (нешто слично како ВМРО, движење за ослободување на Македонците и Македонија) не е во прашање политичка партија или некоја друга творба која има цел да се дојде на власт (што не значи дека во некој момент нема да биде поклопена од некого), но за сега останува движење за:
1. Поништување на сите штетни договори кои ги склучи оваа квислиншка власт а со кои Македонијасе доведе во потчинета позиција во однос на други држави и организации.
2. Од првото произлегува поништување на тиранска платформа, договор со Бугаристан, спогодба со Грекистан...
3. Поништување на измените во Уставот и политичкиот систем кои се донесени од оваа квислиншка власт и со сесрдна помош од тнр опозиција - значи враќање на името Македонија, враќање на достоинството на Македонците да можат слободно каде и да се да речат дека се Македонци!

Според мои сознанија за сега се бараат политички субјекти кои би застанале зад овие барања, а ако не се најдат такви ништо чудно во наредниот период да се излезе и со листа на независни и истакнати општествени авторитени лица за да се настапи на избори, но не во рамки на политички субјект туку како независни кои изнесените барања би ги исполниле!

Ете ништо не болеше, тоа се БАРАЊА а не политичка платформа, ако има некој што не се согласува нека излезе и отворено нека рече јас сум за Севреџистан и ќе си гласам за овие, многу едноставно нели?!
читам само што се одоколу пишуваш. Во ред, сега нешто поопипливо си напишал. Е сега број 1, 2 и 3 од правен аспект не се мешам, но се ми се чинат нереални овие цели, освен третата за внатрешна употреба, втората не знам дали мислиш на оваа еволуција на термините, која е прилично дискутабилна од друг аспект ... И на кој начин правно ќе го протнете името Македонија во меѓународните организации и западновевропските земји?

Понатаму што станува со департизација, воспоставување на нормално функционирање на институциите, економски внатрешни и надворешни политики, трговска размена, животен стандард и плати, инфраструктура, загадување и екологија, здравство и образовен систем и слични горливи теми за граѓаните. Дали овие теми не ве интересираат како движење?
Трето, доколку се здружите со вмро (која друга опозиција би била така влијателна, да не се лажеме), дали ги поддржувате нивните криминали и мобинг врз фирмите и граѓаните во периодот 2006-2016та? Ако не, како би се здружиле со истите?

Ете токму тоа “ми се чинат нереални овие цели“ во моментов е најголемиот проблем, ...
Се успеа да ги убедат луѓето дека се немоќни, дека ништо од нив не зависи и сега е потребно повторно да им се објаснува дека во политиката не постои невозможно, дека е само прашање на добро обмислена стратегија и трпение за реализација.
Прашањето за името Македонија е од егзистенцијална природа за македонскиот народ, затоа и му се посветува најмногу внимание, ако не постои македонска држава тогаш зошто да постојат партии со такво име, нема потреба од нив...
Приоритет е името Македонија и националните интереси!
Околу спинот за користење на името Македонија за по дома, па и сега мене или на било кој друг не може да им се забрани дома да си се викаме како сакаме, целта е да можам и на други јавни места во цел свет да го искажам моето право и идентитет, а да при тоа не дојде Рускоска и ме обвини за тероризам! За сега влезот на Македонците им е забранет, како на времето -влез за индијанците забранет!

За економски социјални и други прашања кои си ги навел, секако дека секој си има свое гледиште но како што реков прашањето на името Македонија е од првостепено значење, во врска со департизација и функционалност имаше предлози за внесување во политичкиот систем на механизми на директна демократија, за жал сеуште нема услови за нивна имплементација но затоа треба да се популаризираат па и самите луѓе ќе станат свесни дека се работи за подобрување на системот и ќе бидат прифатени.

Гледам го вметнуваш ВМРО во приказната, како прво таква партија не постои туку дпсне (формално ВМРО-ДПМНЕ) но во нејзиното политичко делување нема некоја разлика во однос на името и националните интереси во однос на сдсс и е идентична структура како сдсс, не знам од каде помисла дека ДПСНЕ би прифатила да застане зад овие барања? За сега само некои вонпарламентарни опозициони партии имаат такви блиски ставови по прашањето за името Македонија, а како ќе се одвиваат работите е неблагодарно да се прогнозира...

П.С.
Не рече кој народ сум навредил, во иднина ако немаш аргументи не пишувај такви работи, не оди кон квалитена рзмена на размисли!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
15.387
Поени од реакции
8.165
П.С.
Не рече кој народ сум навредил, во иднина ако немаш аргументи не пишувај такви работи, не оди кон квалитена рзмена на размисли!
со неконкретизирање на програмата за делување го вреѓаш народот. Сакаш нешто да кажеш, ништо конкретно не кажуваш. Инаку, убаво те читам.
Прво, за тие цели да станат реалност треба да ги поткрепиш со правни процедури, документи и постапки како ќе вратите име Македонија во Уставот. Второ, како правно ќе го вратите во меѓународна употреба ако знаеме дека во сите меѓународни организации и во европските земји бевме признати како ФИром. Дали ќе го вратите фиром или Македонија. Доколку и се случи тоа, дали и какви реперкусии ќе има оваа држава на меѓународен план, посебно со најголемите увозници на Македонски производи (европските земји), како сето тоа ќе се одрази на фондовите кои Македонија ги добива од ЕУ како и царинските повластици. Ова не значи дека треба газот да го продадеме за фондови, но ме интересира иднината на еден ваков ток на настаните, прогнози и планови.
Приоритет е името Македонија и националните интереси!
според тебе да, според многумина животниот стандард, здравствениот систем, работата и платите, даноците и надворешнотрговската размена. Инаку сите досега се повикуваа на некои национални интереси, а играа спротивно на истите.
За економски социјални и други прашања кои си ги навел, секако дека секој си има свое гледиште но како што реков прашањето на името Македонија е од првостепено значење, во врска со департизација и функционалност имаше предлози за внесување во политичкиот систем на механизми на директна демократија, за жал сеуште нема услови за нивна имплементација но затоа треба да се популаризираат па и самите луѓе ќе станат свесни дека се работи за подобрување на системот и ќе бидат прифатени.
Ме интересираше конкретно ама очигледно ништо од тоа.
Гледам го вметнуваш ВМРО во приказната, како прво таква партија не постои туку дпсне (формално ВМРО-ДПМНЕ) ...
споменуваш опозиција, под претпоставка дека вмро дпмне е најголема, најбогата и највлијателна опозициона партија, ваљда со нејзина помош ќе ги остварувате вашите цели. Оние мали сателити не се за коментирање. Не моеш со партија на зелените или демократски сојуз да вратиш име и да штитиш национални интереси, да не се залажуваме.
не оди кон квалитена рзмена на размисли!
точно дека не води. Затоа замолив за планови и програми.
Ако ве интересира само враќање на името Македонија внатре, фиром надвор, да ги вратите албанските знамиња и двојазичноста исклучиво во одредени општини и во Скопје итн итн...како што било пред да дојдат овие, и потоа ако повлечете од политичката сцена, кажи барем, за да одиме во таа насока на дискусија, да не прашувам за социјални и економски аспекти.
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
654
Поени од реакции
549
со неконкретизирање на програмата за делување го вреѓаш народот
-кој народ, ќе одговориш ли веќе еднаш?
-за каква програма прашуваш, оди на https://dvizenjebojkotiram.org/ и информирај се, нема овде на форум да ти пишувам програмски платформи а и забрането е.
Постојано се вртиш во круг!
ќе го вратите во меѓународна употреба
А како сега го сменија во Севреџистан, па иста е процедурата, се известуваат државите и толку! Или мислиш да го употребиме умот на Зокито треба да потплатиме некој за да признае Македонска црква!
како ќе вратите име Македонија во Уставот
па со политички средства нели ти е јасно, еве уште еднаш БОЈКОТ, можеби ти заговараш да го примениме методот на Аљи и неговите ... па со пушка во рака стана борец за човечји права, види не сум размисливал идејата вреди да се разгледа.
според тебе да
А според тебе по се изгледа НЕ, па добро не сме сите исти, ти си имаш други приоритети, албански знамиња двојазичноста, и сега очекуваш и јас да се грижам за тие работи и да бидат мои приоритети, тоа ли?
споменуваш опозиција,
споменувам вонпарламентарна опозиција, колку е магринална, ќе видиме ќе има избори, инаку парламентарната опозиција по тие прашања има ист став како и власта, па тие гласаа за измени на Устав против сите демократски норми (се согласија да направат цензус), зошто сега да се бара од неа да исправа грешки што самата ги создала, не е ли тоа инфантилно!
Ме интересираше конкретно ама очигледно ништо од тоа.
за конкретно информирај се овде: https://dvizenjebojkotiram.org/

Ако ве интересира само враќање на името Македонија внатре, фиром надвор, да ги вратите албанските знамиња и двојазичноста исклучиво во одредени општини и во Скопје итн итн...како што било пред да дојдат овие, и потоа ако повлечете од политичката сцена, кажи барем, за да одиме во таа насока на дискусија, да не прашувам за социјални и економски аспекти.
Не подметнувај, ако немаш аргументи не подметнувај туку кажи си дека твои приоритети се “албанските знамиња и двојазичноста“ ќе те разберам човек си си ги гледаш своите интереси, зошто се лутиш кога јас ги гледам моите, не барам да бидат твои интереси, но факт е дека твоите ги пласираш на сметка на миоте, такво нешто иритира, биди си искрен, лагата која ја пласираш ќе ти остави последици не е добро за здравјето.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
15.387
Поени од реакции
8.165
-кој народ, ќе одговориш ли веќе еднаш?
-за каква програма прашуваш, оди на https://dvizenjebojkotiram.org/ и информирај се, нема овде на форум да ти пишувам програмски платформи а и забрането е.
Постојано се вртиш во круг!
нигде не пишува дека е забрането. Зашто е проблем да ги напишеш правните постапки како ќе ги остварите и кои последици ќе произлезат од сето тоа. Не се вртам јас во круг него упорно те прашувам едно исто затоа што ништо конкретно не кажуваш. Политички и слични памфлети сме се изначитале. Него на прашање како, вели со опозиција...која опозиција, вонпарламентарна. Толку ли е тешко да објасниш како тоа со вонпарламентарна опозиција ќе го остварите сево ова? велиш со бојкот, каков бојкот, на што? Устав може да се промени согласно одредени процедури ама со бојкот и она што споменуваш вонпарламентарна опозиција...не сме деца да се надитруваме. Или има конкретни планови и чекори или нема.
Од страната што ми ја посочи го читам текстот "како може легално да се поништат предавничките договори" каде во еден дел вели
Во следниот парламент е доволно да има напрсти изброив број пратеници, кои ВИСТИНСКИ ќе ја претставуваат волјата на нивните гласачи и НЕМА ДА ДОЗВОЛАТ (со секакви методи на опструкција и субверзија) да работи следниот, под претпоставка, легално конституиран Собраниски состав, без претходно да донесе одлука со која сегашното Собрание се прогласува како нелегално (бидејќи нема легални документи за конституирање) и без да се суспендираат сите одлуки, закони и подзаконски акти, донесени од таквиот нелегален Собраниски состав, врз принципот на „плод на отровно дрво“.

Дали е ова решението според вас? Или некој друг текст не знам, има десетици страници и линкови, затоа те замолив да напишеш или ете цитирај од таа страна, не е проблем. Одговор од типот "нема овде на форум да ти пишувам" е бесполезен и контрапродуктивен за било каква дискусија ако сакаш да го претставиш планот на вашето движење. Зошто воопшто дискутираш и се надитруваш со соговорниците кои мислат поинаку, ако имаш ваков став.
А според тебе по се изгледа НЕ, па добро не сме сите исти, ти си имаш други приоритети, албански знамиња двојазичноста, и сега очекуваш и јас да се грижам за тие работи и да бидат мои приоритети, тоа ли
Не подметнувај, ако немаш аргументи не подметнувај туку кажи си дека твои приоритети се “албанските знамиња и двојазичноста“ ќе те разберам човек си си ги гледаш своите интереси, зошто се лутиш кога јас ги гледам моите, не барам да бидат твои интереси, но факт е дека твоите ги пласираш на сметка на миоте, такво нешто иритира, биди си искрен, лагата која ја пласираш ќе ти остави последици не е добро за здравјето.
сметам дека ако сакаш нормална дискусија, нема потреба од вакви заклучоци од твоја страна, лпење етикети и разноразни досетки. Зашто албанско знаме или двојазичност би биле мои приоритети? За да ја дефокусираш дискусијата каде јасно гласно ти поставив неколку прашања? Не оди тоа така. Или имате реална издржана платформа за враќање "у нормала" или немате. Ако имате, не знам по кој пат те замолив да ја напишеш накратко од правен па понатаму и економски аспект, реперкусии во надворешни политички и трговски односи и така натаму. Ако имате исклучиво цел некоја платформа, уставно име и еднојазичност, те замолив и тоа да кажеш, да/не, за да знам да не те замарам со економија и животен стандард.
Сепак сети се дека ти прво ме цитираше со некои твои ставови кои беа ниваму нитаму, затоа почнав да те прашувам што ти значи сето тоа. Не можеш или не сакаш да образложиш, пеки, не те прашувам повеќе. Нема, нема, што нема ни царот не јаде, велат.

Патем за албанските знамиња, двојазичност трт мрт, 20 години висеа низ скопски и десетици други општини ама некако слабо тогаш имаше бунење во јавноста против истите. Иако и тие општини беа дел од Македонија.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2007
Мислења
668
Поени од реакции
176
Знаеме како и зашто во ЕУропска влегоа и Бугарија и Романија и Хрватска...Не по заслуга, туку по геостратешки есап-напросто, како „географија„ одговараат за потребите од ОТАН, па така, од нивните територии побрзо се гаѓа Рукската Федерација со ракети, а преку нвините територии не (ќе) можат/смеат да прелетуваат руски авиони.

Се‘ друго се приказни за замајување.
Преку крвави воjни ги добиле денешните територии наведените држави. Така да, да се има добра положба, тоа исто на некоj начин е заслуга на народите кому им успело да се изборат за одредена земjа на правото место коjа во одредени моменти вреди колку карта за влез во НАТО и ЕУ.
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.053
Поени од реакции
1.270
Како беше поговорката: на запад ништо ново а на исток се по старо.
 
На врв Bottom