Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.659
Поени од реакции
4.317
Што е песимист?
Добро информиран оптимист!

Ти си преголем оптимист, не ми е познато на што се должи тоа. Но нема кој да се бори за името. Првите го продадоа, вторите прикриено им помогнаа. Трета опција НЕМА! Единствено ако го враќаме со револуција. Но и за револуција е потребна критична маса и борба, а народот веќе станал рамнодушен и апатичен. Затоа јас и понатаму ќе бидам песимист.
Горната анкета воопшто не е меродавна. Спротивната страна е сокриена во глувчешка дупка, затоа нема гласови.
Што ќе си, е твое право и избор, ако сметаш дека си добро информиран, јас немам ништо против, сепак немам (не оставаш) таков впечаток!

Мислам дека порано утврдивме дека: ако сакаш изнаоѓаш решение, ако не сакаш изнаоѓаш изговор!
(само уште е потребна подготвеност и сознание дека за изборот следуваат и последици)

Никаде и не беше посочено дека анкетата е меродавна, туку токму спротивното па затоа изгледа се повторуваш, само беше искористена за да се “визуелизира“ гледиште.
Спомна “спротивна страна“ која е таа и каде е? може нешто повеќе!
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Јак спин беше тоа со ќерката на Трајко. Ехх гниди комуњарски.
Одма да каже Мицко зошто Трајко не е замешан во случајов?


Јавната обвинителка Фатиме Фетаи на денешното рочиште за случајот „Монструм“ на судијата Огнен Ставрев му даде документ, овластување кое го потпишал јавниот обвинител Љубомир Јовески со кој тој ја овластува Фетаи и обвинителот Гаврил Бубевски да бидат застапници на државата во случајот.
Фатиме Фетаи објасни дека за овој предмет поседуваат 25 снимени разговори од бомбите и 1.330 пораки, како и други материјали. Голем дел од снимките кои денеска се презентираат се направени ден или неколку дена после масакрот кај Смилковското Езеро. На ваквата информација реагираа дел од родителите на убиените деца кои рекоа дека досега тие снимки ги немаат слушнато.
Првиот пуштен разговор во судницата е снимен на 13 април 2012 година и во него се слуша гласот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Во него Јанакисеки разговара со извесен Кире Бошков, кој го прашува министерот дали има информација во врска со „убиството на децата“. На тоа Јанакиески вели дека рибарот од Црешево е убиен затоа што најверојатно бил сведок на убиството на момчињата.
Во голем дел од досега презентираните снимки се слушаат разговори помеѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска со нивни соговорници. Во првата снимка Миле Јанакиевски во разговор со Коце Трајановски го информира дека не можеле да светат светлата кај обиколницата на Смилковско Езеро, бидејќи им биле украдени трафостаниците за струја. Во тој разговор Трајановски му се жали на Јанакиески дека има неколку блокади од граѓаните. Се правеле блокади и кај Драчево и вели дека не сакале да пропуштат Албанци, бидејќи не сакале да бидат во нивното место за живеење. Во разговор меѓу Јанакиески и Гордана Јанкуловска, таа се жали дека ваков настан до тој момент не се случил во земјава, дека ја обезбедиле колата со кои се возеле убијците, знаеле се за нејзе и дека требало време за да се откријат сторителите. Во еден момент од разговорот таа вели „вакво убиство се нема случено во историјата на Македонија“.
Во разговор меѓу Ленче Самарџиска, секретарка на поранешниот премиер Никола Груевски и Катерина Најденова, неговата гатачка, јавноста имаше можност да дознае дека таа предвиде дека зад убиството стоеле „лица со униформа“ и дека после 15 април ќе сме биле во шок од тоа што ќе се дознаело.
Во разговор меѓу Јордан Камчев и Оливера Трајковска, Јордан го спомнува поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој му кажал дека уапсиле 26 лица, сите од Скопје, дека имало дебели докази и дека за некои од вмешаните во убиството знаеле дека се во Косово, а на Американците им рекле „вие ќе ни ги дадете или ние да си ги земеме“.
Камчев и објаснува на Трајковска дека извршителите биле млади, вахабисти, дека имало меѓу нив жени и дека рибарот, најстариот убиен во случајот бил застрелан со калашников од 30 метри.
Процесот продолжува со презентирање на уште снимки кои досега не беа познати за јавност.
Со преслушување на снимени разговори, во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи новото рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, познато како предмет „Монструм” на СЈО.
Во тек е преслушување на 25 разговори и 133.000 СМС пораки и други материјали. Првиот пуштен разговор во судницата е снимен на 13 април 2012 година.
– Не смееме да ги раздвоиме. Како што ни се дадени од (премиерот) Зоран Заев, така ги предадовме, за да не биде дека нешто пропуштаме, истакна Фетаи.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да бидат изведени околу 3.900 разговори, кои беа предложени како дополнителни докази од СЈО.
За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм” го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.127
Поени од реакции
35.063
https://markukule.mk/шok-за-сугарески-шпанска-компанија-бара/?fbclid=IwAR3VSxw9Z4cQjTQbSCEQAqvJ6C8JnMLPjOAbyJih5iTdQqeKnM-UeNJ95HM

Што убаво, за некој да си крка тендерче, народот сега треба да исплати 100М евра пенали на фирмата која предходно била ангажирана, затоа што директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов предвреме го раскинал договорот.

Битно се пофалија дека 500км автопат направиле, веројатно на месечината...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.716
https://markukule.mk/шok-за-сугарески-шпанска-компанија-бара/?fbclid=IwAR3VSxw9Z4cQjTQbSCEQAqvJ6C8JnMLPjOAbyJih5iTdQqeKnM-UeNJ95HM

Што убаво, за некој да си крка тендерче, народот сега треба да исплати 100М евра пенали на фирмата која предходно била ангажирана, затоа што директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов предвреме го раскинал договорот.

Битно се пофалија дека 500км автопат направиле, веројатно на месечината...
овие 100 милки ќе ги плаќа некоја ДРУГА влада ... тоа е шемата...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
D

Deleted member 12196

Гостин
Што ќе си, е твое право и избор, ако сметаш дека си добро информиран, јас немам ништо против, сепак немам (не оставаш) таков впечаток!

Мислам дека порано утврдивме дека: ако сакаш изнаоѓаш решение, ако не сакаш изнаоѓаш изговор!
(само уште е потребна подготвеност и сознание дека за изборот следуваат и последици)

Никаде и не беше посочено дека анкетата е меродавна, туку токму спротивното па затоа изгледа се повторуваш, само беше искористена за да се “визуелизира“ гледиште.
Спомна “спротивна страна“ која е таа и каде е? може нешто повеќе!
Вака:
За да изнаоѓам решение не сум подготвен. Поточно годините не ми дозволуваат. Колку за информација, некогаш ме прогласија за дисидент. Одвај се извлеков да не заглавам (политички) затвор, малку притвор окркав. Можеби ова ќе ти помогне да сфатиш некои работи за мојот песимизам.

“Спротивна страна“ е онаа што овде гласала (би гласала кога би била присутна) дека Заев не е вмешан во рекетот.

Ако направиш анкета дали сме за враќање на името, ситуацијата ќе биде слична. Огромно мнозинство ќе гласаат ЗА, ама во реалноста ни со прст нема да мрднат, камо ли да излезат на улица. Песимистичко, ама нажалост вистинито.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
СЈО во старт е грешка. Формирано е по закон кој е во спротивност на уставот на „нашата држава“. Голема грешка е да водиш правда, судство со нелегални средства. Ќе може еден ден се' да падне и ќе остане впечаток дека не се водела правда и правна држава, туку хајка и линч.
(Башка другите работи)
СЈО не беше креирано за борба против ситен криминал против Јанко, Петко, Станко или Рајко туку беше креирано со цел борба против високиот криминал во највисоките слоеви од власта, значи криминали и злоупотреби кај личности од највисоките органи на државата, премиери, претседатели, градоначалници, министри, па и олигарси и.т.н. и народот конечно мислеше дека после скоро 3 декади самостојност на оваа држава дека конечно ќе одговара пред законот и некој од високите слоеви, а не само обичните граѓани !
Тоа што СЈО овие 4 години од неговата креација не даде никакви резултати е токму тука и лежи разочараноста на луѓето во оваа власт која со ваквото однесување на следните парламентарни избори кога и да се одржат нема да освои ни 200 000 гласови, па нема да може да ги спаси ни Аљи ни свети Аљи !
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.786
Поени од реакции
29.223
СЈО не беше креирано за борба против ситен криминал против Јанко, Петко, Станко или Рајко туку беше креирано со цел борба против високиот криминал во највисоките слоеви од власта, значи криминали и злоупотреби кај личности од највисоките органи на државата, премиери, претседатели, градоначалници, министри, па и олигарси и.т.н. и народот конечно мислеше дека после скоро 3 декади самостојност на оваа држава дека конечно ќе одговара пред законот и некој од високите слоеви, а не само обичните граѓани !
Тоа што СЈО овие 4 години од неговата креација не даде никакви резултати е токму тука и лежи разочараноста на луѓето во оваа власт која со ваквото однесување на следните парламентарни избори кога и да се одржат нема да освои ни 200 000 гласови, па нема да може да ги спаси ни Аљи ни свети Аљи !
,,,,pogreshno,,,toa 'sjo' go formiraa za politichka chistka i pritisoci za promena na imeto,,,i se drugo shto odi so toa,,,,
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.716
Ова не е последниот „Рекет“, имаме информации за „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет 4“…
ако беше во стилот на хајката на МВР пред локалните избори 2017( најкорумпирани во историјата), ќе се гонеше се, па и варошлија, кој тенденциозно ги напаѓаше и омалобажуваше личностите од јавниот живот, а сигурно не за ку*ово здравје, па и тие беа рекетирани... всушност мислам дека има тужби против 1ТВ
Автоматски споено мислење:

Во Шпанија избори, нашето членство во НАТО во декември виси
њама Нато во 12/2019, чекај 2020.... ова русиве измислија избори во Шпанија :eek:
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Уште има некој што се надева дека ќе влеземе во нато и кога ќе влеземе ќе станеме Балканска сила...? :pos: :pos: :pos:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.716
НОВА АФЕРА НА ПОВИДОК Дали Ден Дончев водел хајка да се спречи шведска инвестиција во македонското здравство?

се додека и Обвинителите не лежат Затвор за фингирани хајки, ќе има овакви работи... А смешно е како нуЗајко е искористуван од сите советници и пајташи и локални шерифи, не може да се бајбокира ни градоначалник од Ново Село ниту оној од Шутка....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom