Добро бе, како не ви е мака уште истите глупости да ги пишувате.
Ајде сега нешто интересно
Клучната причина за закоравеноста на доминацијата на нашиот двопартиски систем е што ние никогаш не сме имале ниту користеле европски модел на однос кон партиите. Туку наместо него е наметнат американскиот црно-бел формат, диктиран од доминацијата на американската амбасада, УСАИД, ИРИ и НДИ. Во тој приод, американските дипломати, организации и претставници од самиот зачеток на независноста кај нас препознаваа идеален терен за цинично пресликување на нивната реалност на либерали и конзервативци (комунисти и националисти), на расни односи (Македонци и Албанци), на старт-ап бизнисмени и
snowlakes (гангстери и интелектуалци) итн. Таа банална црно-бела поделба на улогите без спремност за толерирање на нијанси, со тек на времето ќе се префрли и врз медиумите, невладините, Академијата и на крај севкупното општество. Превземајќи ја американската матрица на див капитализам, корумпирани медиуми, пропартиски невладини и компромитирана Академија. Сѐ во служба на давање слатко-одвратен приказ за идиличноста на состојбите или горко-згадена слика за катастрофичноста на ситуацијата.
Повиците за формирање трети партии ќе продолжат и понатаму. Оптеретени од новиот тренд на индивидуалистички интерпретирање на мотивите и носителите на таквите иницијативи. За разлика од претходните примери кои се базираа врз народни (1992-95), етнички (1996 – 20010), идеолошки (2001- 2010) клановски (2010 – 2019) обединувачки повици. Претставништвото денес добива нов лик, индивидуален имиџ на чествување поради заслуги и презир поради нечесност. Партиите сакаат да присвојат од првите, за да во нивна сенка ги протнат вторите. Понекогаш директно, понекогаш одоколу, преку сезонски партии за една изборна употреба. Дали тоа подразбира дека формирањето трети партии е веќе невозможна авантура, резервирана само за некадарни и идеалисти? Секако не. За жал.
Велам за жал, бидејќи манипулацијата со граѓанскиот концепт од страна на СДСМ, САД и ЕУ ја подри иницијативата за создавање на нов политички дух на интегрирана различност и форсираше профитерска формална етничка, идеолошка, граѓанска клиентелистичка корпоративност. Напорите за коригирање на таквата миопичност преку нудење на нов Заев во форма на Пендаровски како нова проектирана оска на заедништво уште повеќе ќе ја разголи корпоративноста на замислата и бесмисленоста на издишаниот дух.
Искуствата од САД со Трамп и Европа со Орбан, Фараж, Ле Пен укажуваат дека појавата на нови, трети ликови во политиката е не само возможен, туку и неизбежен нус-продукт на логиката на клиентелизмот и коцкарската
Rien Ne Vas Plus формула за блокирање на сите претходни автентично либерални и вон-системско прогресивни обиди, ликови и форми на организирање. Сцената за појава на таков лик кај нас е веќе поставена. Се чека само актерот. Неговото име? Ќе го препознаете по стравот од СДСМ, ВМРО и ДУИ.
Клучната причина за закоравеноста на доминацијата на нашиот двопартиски систем е што ние никогаш не сме имале ниту користеле европски модел на однос кон партиите. Пишува Арсим Зеколи
www.dw.com