Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

Доколку бидат распишани предвремени парламентарни избори, за кого би го дале вашиот глас?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 48 17,5%
  • СДСМ

    Гласови: 20 7,3%
  • ДУИ

    Гласови: 4 1,5%
  • БЕСА

    Гласови: 8 2,9%
  • Некоја друга опција.

    Гласови: 27 9,8%
  • Не излегувам на гласање.

    Гласови: 141 51,3%
  • Левица

    Гласови: 27 9,8%

  • Вкупно гласачи
    275
  • Гласањето е завршено на .
Член од
11 јули 2008
Мислења
3.614
Поени од реакции
1.649
Премногу долго траат преговорите, се ми личи дека странците им рекле да не излегуваат без решение
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
740
Поени од реакции
618
Агонијата продолжува!
Иако нерелани очекувањата, од најавуваната средба, беа дека ќе понуди решение за Северџистан и неговиот опстанок. Од каде такви очекувања мене лично не ми е познато сепак можеби се работи за вроден инстикт за опстанок кај некои и потребата од надеж.
И едните и другите влегоа во играта со максималистички барања, што е нормално во преговори, но и едните и другите имаат проблем со сеуште големото мнозинство на Македонци кои одбиваат да го прифатат фактот дека е сменето името и дека македонска држава повеќе не постои туку копиле создадено под диктат на моќни центри на моќ! Ваквата состојба ги принуди и едната и другата страна(сдсс+дпсне), кои всушност се носечките столбови на квислиншкиот проект да изнајдат решение во пролонгирањето на агонијата со надеж дека до изборите ќе успеат да артикулираат некакви ставови и да анимираат уште некој процент од оваа огромно мнозинство Македонци кое не сака да се помири со велепредватсвото на своите елити.

Проблемот е решлив но нема организирана и моќна внатрешна сила која би застанала зад таквите ставови на мнозинството Македонци со што и двете квислиншки групации би ги ставила на маргините. Моќта на овие квислиншки групаци е голема и се гледа секидневно, ја пркатицираат преку контрола на медиумите па до најситните организациони општествени субсистеми, затоа и голем дел на Македонците сеуште веруваат во пропагандните флоскули кои им се сервираат и не сакат да се соочат со фактот дека и двете групации работат на опстанокот на Северџистан!

До кој апсурд се донесени работите говори и случката кога г-дин Црпковски кој е инсталиран на местото премиер повеќе од една година е предмет на мајтапење од страна на неколку руски пранкери, каде тој во разговорите по се изгледа оддава и државни тајни, останува и понатаму на местото “прајмиер“, како ништо да не се случило. За споредба во некоја институција еден курир само и да разговара со некого бива прогласен за државен непријател, терорист и што уште не и животот му станува пекол ама овде ... си останува и понатаму да не малтретира и д..и до бесвест...

Дали до изборите ќе успеат дополнително да анимираат дел од Македонците да го прифатат Северџистан, не верувам!
Дали ќе се создаде организирана политичка сила која ќе се спротивстваи на овие тенденции, не верувам, премногу се “моќни“ и ги држат главните механизми за програмирањеа љубоморно си го чуват стадото кое веќе го контролираат. заради контролата овие две групации нема да дозволат да дојде до создавање на таков Македонски Фронт кој би ги “замолил“ да “абдицираат“.

Како понатаму, како и до сега - два напред три назад!
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
5.890
Поени од реакции
4.860
Ništo nema da se sluči....ke si go smenat zakonot za sovet na obviniteli(61).....ili kako i sa se vikase toj zakon.....

A vo kraen slučaj ke mu šlapnat na zakonot za OJO evropska zvezdička...i ke go izglasaat so prosto mnozinstvo
 
INDIJANEC123

Женкар
Член од
17 март 2014
Мислења
2.379
Поени од реакции
3.094
Ništo nema da se sluči....ke si go smenat zakonot za sovet na obviniteli(61).....ili kako i sa se vikase toj zakon.....

A vo kraen slučaj ke mu šlapnat na zakonot za OJO evropska zvezdička...i ke go izglasaat so prosto mnozinstvo
Toa европското знаменце чуда прави, прав демократски инструмент.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
6.548
Поени од реакции
1.604
Toa европското знаменце чуда прави, прав демократски инструмент.
Па Европа е пример за демократија.
Кутра држава која со години е водена од потпросечни „политичари“, мислам на капацитетот на умот.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.217
Поени од реакции
32.208
Ако сака да покаже дека ги мие рацете од претходниците и е со чисти раце, ова никако не му е паметно на Мицковски. Со ова покажува дека е приврзок на Груевски.

СДСМ: Мицкоски бараше предметите на СЈО да немаат иднина
Додека сите граѓани очекуваа договор во интерес на правната држава, Христијан Мицкоски на вчершаната лидерска средба безобразно и во груевистички стил го бранеше криминалот на режимот барајќи сите предмети од СЈО да ја изгубат својата иднина, соопшти СДСМ.
 
Паланчански

ГрЕбач
Член од
12 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
892
Премногу долго траат преговорите, се ми личи дека странците им рекле да не излегуваат без решение
Ние мислиме дека преговараат, но тие можеби се договараат или љубов си водат. Зад затворени врати...
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
543
Поени од реакции
1.898
Па добро е бе, статус квото си останува, едните изјавуваат едно, другите друго. Одлично, еквилибриумот им останува непроменет, „аналитичарите“ и ботовите се рокнати на најјако како и секогаш, мислам дека е совршено време да има избори, сепак немало одамна. (y)

Немој ни случајно да се помисли на решавање на суштинските проблеми што го кочат усраново општество, еве кај и да е ќе отиде у курац воздухот, политички игри врштат за секој можен случај, дај вака ќе жонглираме со идиотскиве средби на куртоните. Па уште за правда зборат, а се што можеше да се пушти по вода, беше пуштено. И за едните и за другите.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
1.958
Поени од реакции
3.732
Како бре вакви “дилеми“ ви паѓаат на памет додека пиете кафе?
Таква анкета е во чија полза? Бидејќи глеам има многу со балгарске пасоше а мене не ми паѓа на памет такво злосторство против моите,
значи јас сум ПРОТИВ било какво сојузување со Бугаристан, ПРОТИВ бев вчера, денес и утре.
Кога би го вратиле Пирин кој е под нивна окупација да се обедини со Македонија, ама не, мислам ни тогаш нема да имам и да ми пајџат такви сулуди идеи на памет!
И зошто, од каде таква идеа, зарем малку ти е Шутка па бараш уште 20% од Бугаристан!?

П.С.
Какви се идеи нема да ви паднат на памет, тие не те признаваат и те сметат за гојдо вие поставувате прашање, као демек дилема, дали некој е за целосно бришење на Македонците и креирање на ново копиле татаро-монголодино-џипси-македоно-северџистанско!
Јакото сонце од летово глеам имало дополнително влијание и последици.
Абе ти можиш да бидиш против колку ти душа сака.Ама шо мислиш зошто ни ја менуваат историја?Останува уште за Гоце Делчев да се договорат и завршена работа.Новите генерации ќе учат дека уствари сме Бугари кои Тито ги убедил дека се Македонци.Па види ги оние во ману освен еден двајца глас не кренаа против ова наше бришење од историјата ,побитни им се парите шо ги лапаат со џабелебарење.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
779
Ако сака да покаже дека ги мие рацете од претходниците и е со чисти раце, ова никако не му е паметно на Мицковски. Со ова покажува дека е приврзок на Груевски.

СДСМ: Мицкоски бараше предметите на СЈО да немаат иднина
Додека сите граѓани очекуваа договор во интерес на правната држава, Христијан Мицкоски на вчершаната лидерска средба безобразно и во груевистички стил го бранеше криминалот на режимот барајќи сите предмети од СЈО да ја изгубат својата иднина, соопшти СДСМ.
Предметите на СЈО снемаа иднина кога Црпко со Катица почнаа да рекетираат за ослободителни пресуди, враќање на пасоши, поплави по подруми, телефонски разговори со обвинители итн
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.217
Поени од реакции
32.208
Предметите на СЈО снемаа иднина кога Црпко со Катица почнаа да рекетираат за ослободителни пресуди, враќање на пасоши, поплави по подруми, телефонски разговори со обвинители итн
Важи, нема гајле, ќе им опростиме на тие за сите пиздарии, само затоа што Катица и Заев се корумпирани.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
1.922
Поени од реакции
1.178
Со земја без правен систем, со климава Влада и државни институции со сомнителен кредибилитет не знам како било кој може да очекува помак со ЕУ. Не е нормално ниту логично да бидат наградени за назадување.
Фокусот треба да биде НАТО и тоа е единствена реална шанса во моментов. Нив не ги интересира ни СЈО ни ОЈО само нашата стратешка географска положба. Се друго е празен е бесполезен муабет.
 
Се согласувам со ова, фокусот во врска со геополитички срања нека биде НАТО, ама се додека главниот фокус не се проблемите што ги имаме како општество, од од најниски до највисоки позиции и буквално во секоја гранка, нема да има никаква суштинска и голема промена и се ќе се сведе на ломотење и демагогија. Цело време се чекаат некакви тапшања по рамо и некакви статистики во врска со економија или што и да е, за да си речеме дека не бива, дека нешто е добро кај нас, а не е битно што во реалноста е скроз друга ситуација.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
11.479
Поени од реакции
14.395
Важи, нема гајле, ќе им опростиме на тие за сите пиздарии, само затоа што Катица и Заев се корумпирани.
Им простивте. Половина пиздарии простивте кога сакавте влада со ДУИ за да има “че си лежите'', а другата половина ја простивте кога прифативте уставни измени за да “ни ја биде државичката’’
. Може интимно внатре во себе да не ти е до прошка, ама Заев баш и не го боли курот за вашите чувства, како што и ви покажа изминативе 3 години кога секој ден ве буди со нов тофтак на глава.

Он ги прости делата, сега сака само некаква симулација на правда и политички маркетинг,т.е. тук- там да може да го носи Миле Јанакиевски во притвор кога ќе му чини и со такви гестови да ве дупи дека борбата не била за џабе.
За вас остана само уште еден мит како транзицијата и газобол од фактот дека ве преебал сељак.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
1.922
Поени од реакции
1.178
Се согласувам со ова, фокусот во врска со геополитички срања нека биде НАТО, ама се додека главниот фокус не се проблемите што ги имаме како општество, од од најниски до највисоки позиции и буквално во секоја гранка, нема да има никаква суштинска и голема промена и се ќе се сведе на ломотење и демагогија. Цело време се чекаат некакви тапшања по рамо и некакви статистики во врска со економија или што и да е, за да си речеме дека не бива, дека нешто е добро кај нас, а не е битно што во реалноста е скроз друга ситуација.
Така е, тоа и сакав да кажам..Многу утопистички е воопшто да полемизираме за ЕУ во моменталната состојба. Се се распаѓа и треба итна консолидација во сите сфери. НАТО може да помогне во делот со странски инвестиции и тоа е многу важен факт. Додека економијата е ваква каква што е, нема простор за голем помак. Периодов треба и може да се искористи за подобрување на образовниот систем, комплетна ревизија на правниот систем и сите тие што не се врзани со капитални инвестиции. Јас не ги разбирам, се потепаа со СЈО, ОЈО, а смрди системот од шалтер до судија. Донеси одлука дека сите предмети не можат да застарат со тоа разрешуваш основна дилема. Посвети се на ревизија на судските процеси, формирај посебно тело за кодекс и принципиелност на судии. Ова онака сега лупам што ми доаѓа ама мора да има контролен механизам и солидна процедура.
 
На врв Bottom